Јас бев во Паралиа летово и си поминав незаборавно. Ефтино, цените се скоро како кај нас, продавници за облека милион, и мене што ми остави впечаток посебен, ноќниот живот Секој ден има лејдис најт, бесплатен влез и една пијачка гратис и атмосфера, лудило, секако доколку сте со личности кои ви одговараат, Ви го препорачувам клубот Голд дефинитивно Инаку бев во Арити хотелот, преку агенција, за само 115 евра, 7 нокевања и платен превоз, сега овој период мислам дека е 95 евра, не сум сигурна. Нема да погрешите во изборот
Супер,сабота одам за Паралија на одмор па среќна сум кога читам вакви коментари ,само би прашала каква е водата една познаничка ми велеше дека не била чиста и имала многу треви или само муабети се тоа?
Миме убаво да си поминеш, и јас сакам пак А за водата не би рекла дека е загадена И немој да заборавиш да идеш у Голд ми недостасува све !!!
Викав дефинитивно не, може прочитавте во претходното мислење, ама се кажувам пред време, брза кучка слепи кучиња раѓа, и испадна дефинитивно да. Утре вечер околу 3 саат одам во Неа Врасна, во една вила, ми кажаа прекрасна била. Си резервиравме, и здравје задутре таму треба да бидеме, па девојки, чаос и од мене, ке ви кажам како сум си поминала, сепак утре пак ке се уклучам, а за задутре , мислам не
Јас бев за Неа Пори,си поминав суперр баш се беше совршено.Скапо не беше многу,сега нормално малку поскапичко од тука ама туристичко место е.Ако отидете нема да зажалите
Мене најискрено не ме интересираат политичките односи меѓу Грција и Македонија. Си имам Грк и најдобро ми е. Летово доволно уживав на Грчките плажи и беше феноменално
Јас ќе одам негде од кај 20 септември Лептокарија, прв пат одам па ме интересира кои плажи се блиску и колку време има со кола од Лептоарија до Паралија зошто еве од вас разбрав дека имало многу ефтини цени на гардероба па сакам да разгледам нешто Има ли попусти септември во Грција ?
е сега водата не е многу чиста има треви и медузи ама пак доброто е што многу е ефтино јас бев во јуни месец таму преефтино можам да кажам.Не се секирај ке си накупиш што ти треба.
Ја следната недела ке одам фамилијарно со моите во Неа Пори,се надевам дека нема да биде пусто без туристи хаха
Ништо посебно и убаво не гледам околу оваа држава. Луѓето ( не сите ) се антипатични,алчни и гледаат да ти ги земат парите,додека те понижуваат што си Македонец. Сепак ова е мое мислење
Јас пак не ги гледам луѓето и не ми е гајле за нив.Грција има преубаво море,прекрасни плажи и мн разни др прекрасни места.А и мн убави грчки песни има што ги обожавам.А и продавници/маркети (како сакате кажете ги) што ги има и тука и таму,што прво ги имаше во Грција,таму има мн подобри и поквалитетни произвоси,да поскапи се некои,ама како викаат колку пари толку музика.Но,сепак ова е мое мислење.
Не се замарам многу за состојбата со Грција. Никогаш не сум ги мразел а нема ни да ги мразам. Секоја година одам во Грција на одмор.
Сум била 2 пати, еднаш во Макригиалос (блиску до Паралиа, Олимпиаки Акти, Лептокарија, таа област) и во Аспровалта..
И јас како и секоја година така и оваа ќе одам во Грција. Воопшто не се замарам со политики. Јас одам таму на одмор,а не да бистрам политика. А тие што се прават многу големи патриоти одат дури и по 3...4 пати(така да не треба многу продавање пуфки).
Секогаш пред главниот одмор одиме во Грција во мај и нема место каде не сме го посетиле и летувале-преубаво си поминуваме,прекрасно море и плажи,луѓето секогаш биле гостољубиви во хотелите и услужливи така да немало проблем. Оваа год. во мај планираме да одиме една недела на Сарти или некое аранжманче во Метаморфози
Јас планирам да одам во Јуни за Паралија,е сега одам прв пат затоа што слушам дека било доста ефтино.Ми треба ваше мислење како е тамо за одмор во јуни,дали е водата топла и ако може да ми кажете приближно колку пари имате потрошено вие за 10 дена заедно со смештај и се друго?Може е малку глупаво но така барем ке имам некоја замисла за цените.