Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. irena85

    irena85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Паралија, Олимпик и Лептокарија мислам дека се најефтини туритички места во Грција.
    Во Паралија морето е топло плажата песочна , водата е побистра во Олимпик , но во Паралија имаш повеке места за шетање , повеќе ресторани, и најважно има Лидл , значи немора ништо од храна да носиш од тука , таму цените се дури и поефтини од кај нас, гирото е од 1,5 -2,50 . 200 евра со вкучен презов и смештај јадење би ти биле доволни.Поздрав
     
    На tea-nova му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tea-nova

    tea-nova Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    Фала за мислењето,сакав само уште да прашам дали е многу поскап смештајот преку агенција,мислам дека за 7 дена бесе околу 110-120 евра.што мислите за тоа,за крајот на јуни со превоз за една особа :D
     
  3. irena85

    irena85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5

    Еве ти добра понуда за Паралија
    http://ta-safari.com/hotelariti.php ние бевме во Олимпик со оваа агенција и ок се.
    Поздрав
     
  4. irena85

    irena85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Сакаме оваа година да одиме во Неа Потидеа , да ми даде некој предлог некоја агеција или вила .
    Фала позз
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Не сум била воопшто во Грција досега и од понудите кои ги разгледував Фурка ми фати око... некое убаво, помирно место, со задолжително убава плажа? Другото и не ми е нешто особено важно. :)
     
  6. Tambolina

    Tambolina Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Јас сум била досега два пати..првиот пат во Пефкохори..вториот пат во Ханиоти..и можам да кажам дека Ханиоти како место ми е многу поубаво..бев во одлично хотелче со уште поодлични цени ..пак би одела :)
     
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.820
    Фурка гледа накај отворено море и затоа скоро постојано има ветер. Помирно место значи никако „извиканите“ на првиот крак (Полихроно, Ханиоти и сл.). Велат дека вториот крак (Ситонија) е многу подобар за одмор, поубави плажи, помирни места, помалку искомерцијализирано (јас не сум била, затоа кажувам како што мене ми кажале).
    Мене убаво ми се виде еден камп на вториот крак, Арменистис, плажата ми личи како идеална... Има и бунгалови за изнајмување, веднаш на плажа. Ама ова само од гледање, не сум била (ама би сакала да одам). Еве линк: http://www.armenistis.com.gr/
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Оваа година размислувам за Паралиа, веќе сум била ама пред 2-3 години. Дајте некое искуство од лани?! Евтини понуди што сте сретнале, за 10 ноќевања во Паралиа?
    Или предложете друго место во Грција нешто во стил на Паралиа, значи не како Неа Врасна и Олимпик Бич туку поживо место. Не сум била во Полихроно ама слушнав дека порано било многу мирно место, па сега веќе било и за млади напраено изградено итн. Точно е?! Ајде бе летоооооооооо :D
     
  9. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Си одам во Грција а тоа што не не признаваат е друго, не ме интересира :) ние им ги полниме џебовите со пари, но затоа тие ни даваат задоволство какво што нема во МК :D Инаку има некој одено на Евридики камп? ако има нека ми ппише во порака какво е морето, колку се цените, дали има гужва..?
     
  10. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Јас сакам оваа година сакам да одам во Паралиа, можеш да ми кажеш какво место е?Јас конкретно сакам живи места со кафанчиња, таверни, кафулиња и бутици :lol: Нешто сличен на Охрид. Не сум била во Грција досега оваа год прв пат ќе ми биде, има ли некој град што е како што реков како Охрид?

    Jас сакам да одам таму само со обезбеден превоз, а сами да си најдеме смештај. Дали е тоа добро или подобро е организирано преку агенција?
    Фалаааа
     
  11. Elfi

    Elfi Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Јас нема да одам. Последниве 10 години имам поминато вкупно 5 дена на море во Грција и искрено ни тие 5 дена не се чувстував толку пријатно колку што би требало да ми биде на одмор. Има луѓе што не се замараат, ама има и напнати што намерно те прашуваат од каде си, а ти олабавен, демек на одмор, до ова ли ти е дојдено?? За ова ли се чека на граница по 5 саати? Да не спомнувам што еднаш во тие 5 дена му ја изгребаа колата на татко ми. Тие не можат да не гледаат, а ние па упорно цела заштеда пак таму... Не ми е јасно.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.692
    Допаѓања:
    22.938
    Пол:
    Женски
    Jaс ќе одам. Затоа што другине ми се праат мангупи со цените, ги опињаат до даска ко во нордискине земји да живеам а не во Македонија. Затоа што од храната и од плажите досега од Грција сум најзадоволна. Затоа што за истите пари ќе поминам повеќе денови на одмор. А сакам повеќе денови да сум на одмор. Затоа што долго време не бев нигде асално со мм затоа што собиравме пари за учество за станот. И затоа што е убава земја едноставно. Другите сонуваат да ја видат Грција барем еднаш во животот, а нам ни` е толку блиску, плус не е ни скапо.

    Ете затоа ќе одам во Грција. Другиве, као Македонољупци, шо ќе ми се ако ме одерат на живо. И тоа не ме праи помалку патриот или предавник. Секој си има право на избор.
     
    На CrazyStupidLove, kate21 и Hipster им се допаѓа ова.
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Што се замарате бре луѓе дали не сакале грците или не,одиш на одмор уживаш имаат прекрасни плажи убави места апсолутно све многу ми е гајле дали ме сакале или не одам си плаќам и за тоа си добивам услуга,лани преубо си поминав се запознавме со многу грци мајтапи муабети супер никој А не рече настрана дека сме од Мк затоа престанете да ги преувеличвате работите,здравје боже планирам да одам да Август...
     
  14. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Зашто да не одам?
    Досега не сум имала лошо искуство. Нит тие се биле непријатни нит мене ми е било непријатно.
    Одам да се релаксирам, а на крај и краева своите пари секој може да си ги троши како сака.

    Бај д веј, да не мислите дека само ние сме глупи, и тие идат секоја недела овде.
    Да не беа Грците, од каде стоматолозите (зборам за Битолчани) ќе ја вадеа платата?
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    10.451
    Да секој своите пари може да си ги троши како сака.
    Јас моите ни под разно не планирам да ги трошам во Грција :!:
     
    На i...ja и Elfi им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Охрид? Може вода да и носи на Паралиа. Одлично место е, баш живо такво какво што бараш ти, ко за млади е, затоа и ја сакам да одам летово таму. Инаку со моите баш така бевме тогаш со сопствена кола а таму си најдовме апартман и тоа на 15 јули во ек на сезона. Сигурно не е лошо и со агенција, оваа година планирам така да одам, ама и да бараш смештај на лице место би требало да најдеш, и смештајот не беше ич скап.
     
  17. Elfi

    Elfi Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Ни мене не ме прави патриот тоа што не сакам да одам. Да го кажам во друга форма: Не сакам кога ќе кажам од каде сум, некој да ми каже ОД СКОПЈА СИ, не сакам да лепам лепенки врз моите таблички, не сакам да се вратам со оштетана кола од одмор, не сакам некој да ми кажува лажен правец кога ќе се изгубам и кога ќе побарам помош...
    Ете затоа јас нема да одам. Ова се дел од лошите искуства, а не форсирање патриотизам. На крајот на краиштата, не ми се ни допаѓа многу. Ако треба да бирам, има сто пати поубави места, секако ако не зборуваме за места како Санторини, а не зборуваме за такви. Кога веќе ги спомнавме, отвори booking и види ги цените. Ко на South beach Miami се.
    Ги разбирам причините и на тие што одат и сакаат да одат. Блиску е, море е, евтино е. Ги разбрав и твоите. Не разбрав само (ако го исклучиме Охрид) во споредба со каде си најзадоволна од плажите и храната во Грција?
    И уште една работа. Немам апсолутно ништо лично против Грција и Грците (затоа и ме нервира кога ќе осетам дека тие имаат нешто против мене), ниту пак се противам на изборот на другите каде ќе трошат пари. Јас единствено го изнесувам моето мислење, па дури и ако звучам патриотски. Меѓу другото, патриотизмот само во Македонија од цел свет е демек "out", во секоја друга земја е позитивна работа.
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    12.080
    Пол:
    Женски
    Девојчици што би ми кажале за Метаморфозис? Лани било прилично ефтино, и по кажување доста го фалат.
    Јас сакам мирни места, со убави плажи и чиста вода, а ова мислам дека е такво.
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Elfi да не те демантирам нешто ама темата е KOJ ќе оди на одмор Грција...и да не навлегуваме во такви дискусии непотребни јас искрено прв шат слушам толку лошо да поминал некој таму и толку работи да му се имат случено а ако беше ефтино Грција сите ќе одеа секоја година на одмор таму така да јасно ни е све на сите...кулирај кај сакаш таму одиси на одмор...
     
  20. Elfi

    Elfi Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Да, вистина е, најверојатно сум малку офф топик. Се извинувам.
    Во последно време сум иритирана од претераното величење на се што е купено, видено, изедено, испиено, пробано во Грција, од сите тагови, шопинзи, слики....
    Но сепак ова е ера на демократијата, сите што ќе одите, убаво да си поминете :)