^Елфи имаш право и ти, а имаме право и ние што сакаме да одиме таму. Само што секој кај сака си ги троши парите зошто негови си се, не на државата, и затоа мислам дека патриотизмот не дека треба да се игнорира, тоа не, ама може да се стави во подредена ситуација на желбите и задоволствата во вакви случаи, кога се работи за 10-15 дена одмор, зошто тие што ќе ти направат штета таму сигурно не се тие на кои им ги даваш парите, не затоа што така сакаат, туку затоа што и тие имаат интерес од тебе. И не е точно дека Грција е најдобрата алтернатива за на одмор нит па дека нуди нешто посебно, ама ни одговара по разни параметри.
Кој па тебе ти се обрати и те посочи во постот? Секој со своето мислење и искуство. Не мора да се расправаме ако не ни` се исти горенаведените.
Женски, може ли да ми дадете линк или да ми предложите некоја страна кај што може да се видат онлајн апартмани за Грција? Оваа година сакаме да прошетаме на неколку места низ Грција, така што преку агенција не можеме да најдеме смештај за 3-4-5 дена, најмалце се за 7. Па да пробам од тука да си резервирам, затоа што одиме без кола, а на 40 степени не ми се шета со куфери навака натака. Фала!
А колата може лагано и некој тинејџер од 14 год пред зграда да ти ја изгребе па никому ништо. Јас повеќе од 15 години летувам во Грција, порано со моите, последниве години со луѓе на моја возраст па никогаш не се случило било кој нешто да ми пререче, дури кога ќе не слушнат дека зборуваме македонски ни зборат на наш јазик (нормално не чисто), затоа што реално го знаат и затоа што се трговци и нив ама ич к** не ги боли кој си и што си додека им даваш пари. Единствено до сега навредена сум се вратила од одмор и тоа кога бев во Охрид. Не викам дека Грците не сакаат, далеку од тоа, нас никој од соседиве не не сака , ама дека нема да идам ради некој спор со име за кој ни они имаат влијание, ни ние како обични смртници, пардон граѓани, нема шанси да се лишам од лежење на песок дур слушам бранчиња од море.
За која област Крејзи? Патем, бил некој Неа Врасна/Аспровалта во мај да ми каже какво е морето ќе го биде за бањање или само за гледање
Тука ќе најдете сместување за целиот Халкидики, почнете со испраќање мејлови и собирајте инфо со време Исто и тука имате понуда. Метаморфозис е малечко местенце, ама доброто е што е блиску до Мармарас, па ако пројавите желба за журка - таму ќе ја најдете Поентата со Метаморфозис е комбинацијата на боровата шума и морето, што го прави едно од лековитите места во Грција, ние лани малата ја пуштивме со старите таму. Нема нешто многу дешаванки, не е како Ханиоти и сличните на него, ама е сосема ОК. Искрено, за млади без деца, јас дефинитивно би го избрала Мармарас, и тоа сместување до фудбалското игралиште (на крајот од градчето). Блиску е до плажата, која е широка и песочна, преубава, со мноооогу бич барови наредени во ред, со убави и фенси кафичи во градчето (кое пешки се шета цело, малце нагоре-надолу е ама не е толку мачно) и дискотека/бузукиа. Имате од се` по нешто, не може да ви е досадно Морето е баш вакво
Јас да си се пријавам тука, да кренам два прсти. Сезоната на лето во грција ја почнав од 1 мај. 6 дена одмор за почеток таман беше, терен да испитаме. Годинава сакав да одам на вториот крак, ако одам на подолго, или на некој остров ама на десетина дена. И искрено веќе се предомислувам за остров и за десетина дена. Па така ми останува опција или првиот или вториот крак. Метаморфозис е навистина прекрасно местенце, плажата е убава. Јас лани отседнав у Пефкохори, ама неколку пати бев и ваму. Ама преку ден, по плажа само. Навечер не сум се задржала. Првиот крак, Пефкохори, Ханиоти, Полихроно, со ги чувствувам како родни, како дома да сум си. Така да најверојатно, по дифолт сестра ми пак ке одбере едно од овие три. Ама и вториот крак нема да остане непосетен
гледав понуда 8 ноќевања со превоз за 2927 ден во грција неа врасна,периодот е од 25 мај па се мислиме што и како
Дај боже ако ми дадат одмор од работа дефинитивно оваа година одам за Грција, сум била само еднаш во животот на одмор таму во Ханиоти и бев одушевена од морето и плажите, незнам што ми било цел живот што сум ја избегнувала толку..
Драги феминки дали некоја од вас била на Фурка,Халкидики? скапо е за лежалки храна? И дали е убава водата? Во една агенција има многу убава понуда ,а и не е многу скапа, но не знам ништо а цените, морето и сл па реков да прашам. Ве молам за помош бидејки морам да одлучам за 2 дена (нели мора договор да се потписе со агенцијата а јас сум со 300 ума )
Морето на гореспоменатото место, според мене е прекрасно. Водата е чиста, бранови нема. За лежалки јас кога бев ми наплаќаа за кафе. На едно место ми го наплатија прапето 2 евра и ми донесоа шишрнце со вода од пола литар, а на друго место ми го наплатија фрапео 3 евра ама без вода Истите тие лежалки можиш слободно да си ги користиш цел ден, ако си оставиш крпи на нив, кога ќе си одиш дома на пладневен ручек.
лелеееееее колку сум среќна денес,добив гратис одмор во грција на крф ипсос,можам да поведам со мене уште 5 души лелееее колкуууу сум само среќна
Јас бев лани 12 дена. Местото е мало, плажите се добри, има неколку кафичи на уличката до плажата, нема забави за нас младите ама со екипата бевме погодени и убаво поминавме
Девојки била ли некоја од вас во Лептокарија? Погоре имав пишано за Фурка но отпаѓа бидејки таму од 3-10.јуни е 20-25 степени,така да ништо за таму.Гледав за лептокарија од 30 степени па се загреав за таму.Сакаме да одиме со дечко ми па што велите?