Како и секоја година, така и оваа јас ќе навивам за Грција, а дечко ми за друго место.До сега јас победував Лани бевме Крф и си поминавме супер, сакаме и оваа година да одиме на некој остров, нешто збориме за Скијатос, но уште не е сигурно.Имаме план додека сме млади да ги прошетаме подалечните дестинации, а кога ќе имаме семејство тогаш ќе бидат околните места
Јас и дечко ми одлучивме летово да одиме во Грција..Паралија е местото, кажуваат дека е интересно и дека е погодено за млади луѓе..па ќе видиме..успат да ве прашам смее да се пренесува храна од тука?
Местото е ок за млади луѓе, раздвижено, има дискотеки, има кафичи, голема гужва. Види храна може да си земеш, ама носење на фрижидерчиња и слично е недозволиво особено ако одите со автобус. Ако добивте договор од агенцијата (ако одите преку агенција) јасно е наведено дека по човек е дозволено 15-20(најмногу) кг багаж и една рачна торба. Може да земете мало парче кашкавал, сирење, некоја паштета или конзерва,шпагети/макарони (иако таму се иста цена) али носење на месо, пиперки, патлиџани и слично е апсолутно без потребно. Секој гледа да помине поевтино, особено ученици/студенти ама си има правила кои би требало да се почитуваат.
јас и дечко ми сакаме да одиме летово во Лефкада ама од 10 септември во Василики. Бил некој тој период да ми каже дали е топло или ладно??
Ми кажа една колешка од факултет дека имало автобуси од Битола до Грција поточно до Парајлија.Ама шо како не знам т.е и таја не знаеше па помош некоја?(сакавме со дечко ми да одиме на одмор но сите понуди т.е. аранжмани беа зафатени па решивме сами да си одиме.Ваљда не ке останиме да спиеме на клупа : D ) Поточно сакам за Лептокарија..Па ве молам за помош.
Да не има некој тркнато на викенд во Неи Пори ,да каже како се со цени оваа година. Од 15 јуни одиме со намера Неи Пори првпат со бебе ,на слепо, само на арно да биде . А доколку имате некој предлог добар смештај пишете.
Јааас Денес резервиравме,готово.Ќе одиме на Халкидики,на првиот крак(Касандра). Ако некој може да ми каже како е таму,плажите какви се,цени итн.
Ние ќе одиме годинава на одмор во Неи Пори, но во септември (бидејќи од оправдани причини нема да можам да ја напуштам државава летово),приватно сместување кај еден семеен пријател (пријатели сме фамилијарно,иако се Грци ) .Се надевам дека ќе си поминиме убаво
Море да имам повеќе парички, Грција извинете на израз задникот ќе ми го види.Блиску е и поефтино, па затоа одиме.Паралија и Олимпик бич, фала не, исто како во Дојран е водата.Другите места плажа, улица, куќи и толку.А и во сезона дискутабилно е дали е ефтино.Од Јадранско море нема поубаво.
Калитеа,Паралиа или Олимпик Бич? Калитеа,Паралиа или Олимпик Бич? Во двоумење сум за овие три места во Грција,прв пат ќе одам годинава,и затоа ме интересираат искуства.Конкретно за тоа кое е најефтино,а од друга страна сакам и морето да биде убаво Па повелете,помогнете ми
Јас одам преку 10 години во Лептокарија на одмор. Убаво е. Има многу кафичи, една или две дискотеки, плажата не е лоша, не е скапо, топло е, температурата навечер ретко паѓа под 28, а преку ден е и +35 некогаш. Мирно местенце, повеќе семејно беше, ама во последно време забележувам и многу млади. Мене ми се допаѓа.
Ние сакаме на некој од островиве Крф или Тасос, сеуште се двоумиме, па ако некој има искуство нека сподели
Пред се ти благодарам на одговорот. А си одела преку агенција или? Јас сакав да одиме со дечко ми таму ама ете немаше место во никоја агенција... и си велам сами да си тргниме со автобувче и да стигниме до таму. Ама како да стигнам од битола до солун барем? Па од солун до лептокарија?