Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Најверојатно оваа година ќе биде Лефкада, ама уште ништо не ни е прецизирано. Само знаеме кој период ќе одиме :D
     
  2. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
  3. Pravnickaaaaa

    Pravnickaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Девојки здраво,

    Ми треба ваш совет. Разгледував вчера понуди за Грција преку српски агенции, па сакав да ве прашам дали некоја од ваш имала некое вакво искуство. Или да не се нафаќам?
     
  4. lokumche

    lokumche Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    Сегаде каде да отидеш на одмор убаво е .Во Грција сум била највеќе , топла вода сончево, убаво е ! :)
     
  5. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ако не биде одмор, ќе биде викенд дефинитивно :) во поблискиве места, а кое ќе одлучиме пред да тргнеме :)
     
  6. ELT-S

    ELT-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    Ве молам некој да ми каже нешто за местото Сарти во Грција, на втор крак? Планирам да одам годинава, па ме интересира какво е. Има некои факултативни излети/тури организирани од тоа место? ВИ БЛАГОДАРАМ. :rofl:
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Сарти е селце, има голема плажа на која нема гужви (барем пред 2 год. немаше) и многу Срби. Местото е мало, за пола саат преку сила го шеташ, има ресторанчиња, има кафулиња, дискотеки :^) знам дека имаше 1 паб, за дискотеки не ми текнува :D За пензионерски одмор е.
    Мислам дека имаше тури со бродчиња, ама стварно не се сеќавам добро, не знам ни дали од Сарти тргнуваа. Ако одите со автобус изнајмете си мотор/кола, ако одите со кола супер. Во близина на Сарти има диви плажички со пре преубава чиста вода, најпознатата е Оранж Бич (ќе треба да се паркирате меѓу дрвата и да се спуштате на малку стрмно до плажата) ама нема да зажалите.
    [​IMG]
    Стварно е рај. Во близина има малечки плажички каде водата е секаде ваква.
    Ние бевме и во Арменистис кампот, убава плажа, преубаво море, многу млади (кампот е преубаво среден).
    За со возило, се ќе видите и супер ќе си поминете, ако сакате да се одморите. За журки...не баш.
    Сонцето изгрева од зад Атос и има супер поглед :)
     
  8. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Galijan се сложувам со тебе!
     
  9. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Јас сум одела приватно, и гарантирам дека така е подобро, бидејќи секогаш наоѓаме апартман на максимум 50м од плажата за најмногу 30 евра, а гледам преку агенции дека и до 60 евра одат цените што е ненормално. Од Битола не знам како да стигнеш до Солун, но имаш агенции што може само превоз да ти обезбедат, а ти да си најдеш сама сместување. Секоја година во тој хотел каде што одиме има гости на „Бела роза“, битолска агенција и мислам дека се задоволни бидејќи со многу се запознав. Ако не можеш така, тогаш од Гевгелија има агенции што нудат превоз до Лептокарија секој викенд за 10е. :)
     
  10. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Некој да бил во Порто Карас? Како е? Детали?
     
  11. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Еј фала ти, ја малце каснам :D Инаку сепак преку агенција испадна не сме доволно храбри за такви излети .
     
  12. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    За на Крф не знам,не сум била,ама Тасос сум била и е прекрасно.Прекрасни плажи,убава,чиста вода,а и има и за шетање.Има неколку стари,традиционални селца онака чисто за да се прошетате.Парадајз бич и мермерна се најубави од сите според мене.
    Парадајз бич е огромна,има малку гужва,ама водата е од чиста почиста.Е сега,на некој ова им се допаѓа,на некои не,ама треба да одиш да речеме 20 метри за водата да ти стигне до грло.Плитко,плитко,плитко,па после почнува длабокото,ама не нагло.Зависи од времето,има бранчиња мали,ама не сметат.

    Мермерна ја има најубавата и најчистата вода од сите.Плажата е цела со мермерни камчиња,нема песок.Ама дека мермер,секогаш се ладни,така да нема да ти гори под нозе додека одиш.Водата е чиста, плажата не е некоја голема,ама ќе го занемарите тоа покрај таква вода.Веднаш покрај плажата има и бар.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Вака општо островот е преубав,јас би ти го препорачала.Ние бевме сместнени во Потос.Е сега,ако веќе одите,подобро би било со кола,затоа што островот има толку многу убави плажи,штета би било да не се посетат.
    :hai:
     
    На sesilija и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Се наближуваат годишните одмори па ќе ве молам ако некој знае или бил во Геракини Грција во CORAL BLUE HOTEL да ми опише подетално за морето плажа сместување затоа што го нудат за прилично евтина цена па ме интересира и би ви била благодарна.
     
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    Аспровалта ли спомна некој??? :$ Лани бев, убавини, прекрасно, абе најубаво!!! Градот е речиси најубавиот град во кој сум одела на одмор. НАЈУБАВИОТ!!! Во мај не знам какво е, ама Август е прекрасно. Ако сакате одете летово. :) :)
     
  15. chiquita

    chiquita Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Годинава ќе биде Калитеа, едвај чекам, сега на 22ри. Се надевам на убав одмор. :D
     
    На Inna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.198
    Допаѓања:
    259.781
    Пол:
    Женски
    Да купувам од Скопје купаќи или ќе најдам во Лептокарија некои со нормални цени? :)
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.351
    Сум била на Крф и не сум особено воодушевена, за Тасос знам од слики и муабети и мислам дека е многу подобар избор ;)
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    12.080
    Пол:
    Женски
    Си се замарам дури и самата себе. Може да замислите што му правам на момчево мое :) . Споулавев овие 2 дена по понуди и агенции, мислење и тврдење дека сепак е подобро во сопствена режија, ама пустото прв пат одам за Грција па ми е шубе затоа што воопшто не ја познавам.
    Туку сакав сега да прашам за Калитеа. Најдов прилично ефтино понудиче, 30 евра на ден за двајца, ама ме интересира цените како се таму. Да не се до небо, па да немаме сиромашките ни за 4 дена. Планирам од тука да понесам нешто основно за јадење, па таму да се купува по потреба. Ама кажувам, врска си немам од цените.
     
  19. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Јас лично не сум била во Калитеа,но една блиска роднина вчера се врати од таму,и баш зборевме за местото.Убаво било,не било многу големо,имало премногу руси и срби,а водата преубава и чиста.Во врска со цените,ми кажа дека било многу скапо(гирото било 3 евра итн),и дека ќе ти се исплати ако си носиш јадење од дома.Е сеа зависи вие кој период ќе одите.Она беше од први јуни до 11ти,и цените биле прилично високи,што е сепак вонсезона :?:
     
  20. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Јас ќе одам наредниот 20 во Грција на одмор.Сакам да си прашам нешто.Ќе бидеме сместени во куќа си носите храна од тука или се си купувате од Lidl?