Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Девојки ајде препорачајте некое место во Грција, да е песочна плажа, но не плитко како Паралија.
    Чиста да е водата и да не е многу скапо. Планираме да одиме со дечко ми крајот на јули, не бараме којзнае каква забава навечер, може и мирно место.:)
     
  2. mid

    mid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    11
    Неа Пори да си појдите, ние лани бевме така и преубаво си ги поминавме, сето тоа што го бараш ќе го најдиш таму :D
     
    На iHeartVintage му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    денес се вративме од халкидики ханиоти бевме сместени поточно,значи водата прекрасна чиста тиркизна боја убав народ култрен претежно срби руси бугари.градчето ханиоти исто полно со љуѓе,кафичи таверни ресторани нонстоп живее прекрасна чаршија,нешто што мора да се види е првиот крак исто бевме до пефкохори полихроно,афитос и калитеа и на најпознатата плажа паљури цела е песочна после пефкохори одма,импресионирана сум од цел крак во глобала до година сигурно би одела пак ама на вториот крак,и да не беше скапо нормални цени си беа и затоа се прошетавме убаво...за разлика од крф закинтос многу по пристојни цени се да може да си дозволи човек да види да прошета да не се врзе за едно место :D
     
  4. cherry91

    cherry91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    33
    Бил ли некој на Евридики? какво е море ..плажа..се?
     
  5. rak1

    rak1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    45
    TIGARCE86 и ние сакаме да отидеме тамо некаде на 20ти овој месец па да те прашам како бевте сместени како идат цените за студио (за двајца) скапо ли е сместувањето и во ханиоти и во пефкогори, полихорно и сите тие? ако си запознаена? фала однапред
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.668
    Допаѓања:
    202.250
    Пол:
    Женски
    Лејдис, да ве питам, дали во септември може на лице место да се најде сместување во Грција на краците или мора да се резервира однапред? За студија и апартмани мислам, не за хотели, за неколку дена. Искуства молам :)
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    ^ Каде и да одиш - без проблем ќе најдеш :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cherry91

    cherry91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    33
    Се наоѓаат ли студија со 2 брачни кревети до 30 евра.. во Неа врасна ..Аспровалта или Неи пори?
    Некој што бил сега скоро..ми треба за од 3 август некаде..
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Нема посебна тема за Фурка, па тука ќе пишувам.
    Ние бевме во Фурка, пред 3 дена се вративме.
    Еве и линк од агенцијата и хотелот
    http://www.metropoliten.com.mk/index.ph ... Itemid=130
    Значи бевме 7 дена со сопстен превоз и за 4 члена, т.е. за нас двајца и 2 малолетни деца плативме 470 евра, без превоз, за деца до 12 год. не се плаќа.

    Хотелот отприлика е 500 метри оддалечен од плажата, ама со кола не е проблем.
    Плажата е феноменална, песочна, ситен песок, бистра, тиркизна вода, без камења и тревки (она што најмногу ме нервира), чиста е водата и ако вечерта морето е мирно, ако нема бранови, водата е кристално чиста. Бранови има ако дувка ветре, ама многу малечки, не сметаат при шлапкање. Инаку идеална е за мали деца бидејќи е плитка и длабокото е така малку подалеку.
    Времето ни се погоди, само последниот ден имаше утрото страшно невреме, со силен ветер и со огромни капки дожд, се извадивме од памет...тоа беше околу 10ч. по Грчко време, веќе во 13ч. огреа сонце, се разведри, ги снема облаците, престана ветер да дува и ние трк на плажа.
    Песокот беше мокар нормално, ама па не ни пречеше до толку...ко за последен ден :lol:

    Е сега за хотелот.
    Всушност тоа се комплекс од зградички со по неколку соби, може да се види на линкот.
    Ние имавме соба со голем брачен кревет, кревет посебен за малата и плус ни дадоа и бебешко креветче. Има и голем плакар, и неколку помали комодички, ТВ, клима и фрижидер. Доволно беше голема, супер соба, плус тоалет и тераса.
    Собата ја чистат секој ден, има и 2 пешкира (голем и мал) за секој член во собата, ги менуваат на 3 дена и по потреба ако си побараш. Од средста за лична хигиена даваат само тоалет и сапунчиња за раце, малечки.
    Друго се` од дома си носев ( до душа носев и тоалет :$ :lol: ).

    Ние бевме ол инклузив, инаку ресторанот послужува доручек, ручек и вечера во точно одредено време. Изборот е богат, секој ден има свежа салата во овали (патлиџан, краставица, зелка и морков, марула, варена пченка, варен грашок со морков), цвекло, туршија, и тцацики салата или пак бела руска салата, јадењата се како шведска маса поставени, одиш и си земаш што сакаш од понуденото и онолку колку сакаш, постојано се дополнува, има доволно храна. И обавезно има и овошје-дали лубеница, диња, ананас, кајсии...десерт за ручек и вечера-пудинг, тортички или пак желе (омиленото на ќерка ми).
    За доручек има и 2-3 врсти мармалад, крем, млеко, 2 типа корнфлекс итн. итн.
    Останати информации ако некој го интересира по ЛП. :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.754
    Допаѓања:
    145.214

    Во септември секако ќе најдеш, ние одиме секоја година и во шпиц сезона сме наоѓале. А во септември гужвата е растеретена. Баба ми и дедо ми редовно одат септември и се најзадоволни од сите, гужвата намалена, цените исто, водата почиста.. милина :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Преку агенција скоро се е букирано , во план сме за 2-3 дена да тргнеме на краците по можност Калитеа или Ханиоти и таму да бараме смештај , само не знам дали би нашле бидејки е ептен во сезона ? Има ли искуство некој ,со барање сместување сами ?
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    ^ Другарка моја 4 години оди така, со кола нормално, и на лице место наоѓаат предобра смешатај за ефитни пари, во убави вили со одлични услови.
    Не знаат Грчки, ама се рабираат одлично со Англиски, баш годинава беа Калитеа, и како што ми кажа дале по 10 евра за вечер за спиење од човек, во Јули во сред сезона.

    Сега не знам каква среќа ќе имате, ама одете од место на место, вајда ќе најдете некој апартман слободен.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.754
    Допаѓања:
    145.214

    ^^ Мислам дека имам неколку пату пишувано ама и моите секоја година сами наоѓаат сместувања, не знае никој грчки од моите, ама за разбирање не е воопшто проблем. Секогаш наоѓаме солиден смештај за дупло поефтини пари од агенциите.
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Мими, јас немам искуство со одење директно таму за да барам смештај, ама дечко ми со неговите така оди секое лето. Никогаш немале проблем за наоѓање апартман, единствено пред некоја година ептен јако се зезнале кога отишле за некој нивни празник. Имале некој празник Грците, неработен ден башка им се споил со викендот и се било фул! Цел крак го шетале од место на место и на крајот едвај нашле. Внимавајте на тоа.
     
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.754
    Допаѓања:
    145.214
    Ризик е , не велам, не . Ама ете ние сигурно 15тина години одиме вака, и сме немале проблем. Плус предност е тоа што си со кола, па сигурно во некое од околните места ќе најдеш некое сместување.
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Фала девојки , нема да одиме за викенд па се надеваме дека ќе се најде нешто .
    Страв ми е само да не биде многу скапо :sweat: до 25 евра по човек сме спремни да дадеме , повеќе не . Ризик јак мила душа :D
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    еве Јас околу 15 Август планирам да одам на првиот крак кое поточно место незнам ќе видиме,одиме со кола и таму смештај ќе бараме ова е трета година сами смештај да бараме и на крај секогаш се наоѓа се разбира ова година ќе видиме каква среќа ќе имаме :$ :$
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Што ти е на тебе на првиот крак 25 од човек е премногу, ќе најдете за 15 ќе видиш.
    Убав помин, па коа ќе се вратиш ќе причаш.
    Али нема шанси да е вака поскапо него преку агенција, они земаат ГОООЛЕМИ провизии, секогаш тет-а-тет е многу посиплатливо.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Мими, провери ги last minute понудите на агенциите, скоро сите имаат сега.
    И српската провери ја ако сакаш, добра понуда може да се начека.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Да те слушни господ и за овие пари да најдиме смештај :$