Истото сакам да го споделам и јас, ама не ми беше до разубедувања. Ако се враќам таму повеќе од 20 год по ред, дали викенд, дали одмор, значи дека никогаш не сум се почувствувала не добредојдено. Сум била на повеќе различни места,на повеќе страни,и никогаш ни се нема случено некој инцидент, или да се почувствуваш не услужено. Буквално секаде те гледат како и секој друг турист и гледат да те услужат, да се вратиш пак. А пропагандит со ишарани коли и глупости ќе ги има уште долго, за оваа тема не дискутирам. Ние не сме имале никаков проблем. На кој не му чини да не оди. Јас од Охрид и Бугарија си отидов по незадоволно , отколку од Грција.
Посебно граничарите се фини кон туристи од Македонија, ти лепат разни налепници, ти удираат печат наместо во пасош на ливче, потоа оние од златна зора ви делат ливчиња со вулгарна содржина за земјата од каде што доагате а вие се смешкате ко блентави, само да ве пуштат да влезете. Јас имам впечаток дека дури и на чело жиг да ви удираат вие нема да се откажете. Луге зарем толку немате достоинство, ве негираат како луге, несмеете да кажете што сте и од каде сте и вие тука ми ги фалите ве гледале како богови. Оф мори мајко очигледно имате тотално погрешна перцепција за работите.
Да, ама јас одам за мене да ми биде убаво, да бидам на море со убави и чисти плажи, и кога е најпогодно за деца зошто да не одам. За секоја услуга се плаќа секаде, а ти не верувам дека заради тоа не одиш и не ја сакаш Грџија. И ајде еве пола македонија не ја бива ( тие што одат за грција).
Неа Каликатриа Грција Здраво феминки дали знаете колку км е од Скопје до Неа Каликатриа каква е плажата има ли мн туристи дали е длабоко колку е чиста водата повекјето се апартмани или хотели и за колку пари може да се најде приватен смештај има ли бутици кафиќи ресторани породавници за сувенири и други тракатанци Фала однапред поздрав
Смештај на краците??? Здраво , сакам да одам на одмор на првиот или на некој од краците во Грција. Дали некој има инфомација како се движат цените во август по лице или од соба??? Однапред фала
po sigorno se poevtini od Juli a za kracite jas ti go predlozuvam Pefkohori pozdrav Mozhe odgovor? mn mi e potrebno
Ние бевме во Неос Мармарас,втор крак.Прекрасно место. Плажите прекрасни.Водата тиркизна,чиста,прекрасна.Само песок. Планинско беше местото,ама имаше за шетање многу. Препорачувам.
Јас никогаш не сум била во Грција, и летово еве се убедивме ќе одиме Само имам еден проблем не познавам ниту едно место па би сакала ако не ви е проблем да ми предложите некое, од искуство. Ќе одиме сами со дечкото па не се трескаме да е ептен со журки, јако и незнам што, САМО ептен да не е пензионерско да има да се прошета некоја вечер коктелче кафе или и клуб можеби. Најбитно ми е плажата да е убава, песочна без камења молам, чиста средена..Главата ми е тапан од понудиве по агенцииве и навистина ми треба помош.. Ова вторниов крак гледам многу го фалат...
Јас бев на продолжен викенд и ми се допадна. Поголемо е од местата на првиот крак, бар мене така ми се виде (го мрзам првиот крак па и не сум била на подолго). Цените во рестораните зависат од местото - има и поскапи веднаш покрај морето, а може да се најдат и пристојни, ама човек треба да разгледува. Плажа во местото нема убава, но затоа пак во близина (и на целиот втор крак) има фантастични плажи.
девојки сакам да одам летово во грција и барам некое место каде што нема да има потреба да се развозувам за на плажа значи да не биде луксуз некој ама да има фина плажа во близнина? нека биде и попензионерско ако треба ама плажата да е фина? гледав понуди за агиос георгиос на крф како е таму ??
Срцка те молам кажи ми, дали таму има вили за издавање, да не е со бунгалови? исто дали има продавнички, да не е некое село Неос мармарис?