Не знам како идат јужен северен, ама ние бевме во тој што е подалеку од Керкира- главниот град. Всушност ние не знаевме дека има 2 и цело време мислевме дека одиме во другиот Аг. Геориос ама ете не битно. Местото е мирно има ресторанчиња, клубови ама нема многу млади луѓе. Плажата беше многу убава и лежалките не беа скапи на цел остров. Негде беа 2-3 евра по човек, негде ги даваја доколку си порачаш нешто над 6 евра. Најмногу од се ми се допадна дека не е голем островот и си изнајмивме моторче на 4 тркала и се изнашетавме низ цел остров. Бевме дури и Керкира што беше прилично далеку 2-3 саати, ама беше преинтересно и преавантуристички. Цел оствор е интересен во глобала и би го посетила пак.
Јас сум во елада моментално, времето е топ, водата топла само на граница се чека тро подолго ама јас тоа си го преспав.
Хелп... Некој/а.. Да ми каже агенција од скопје до островот Крф.. Значи само превоз.. Ако знае некој/а нека пише тука или лп..Хитно xD
Јас бев, пред 3 години и ми е најубав остров во Грција, а сум била и на Заинтос, Лефкада, Крв. Скијатос има посебен шарм, различни типови на плажи и до сите нив можеш да стигнеш со јавен превоз. Градчето е прекрасно, посебно навечер. Сепак е како помонденско место и е тро поскапо, ама вреди!
Јас одам летово али се мислам помеѓу повеќе дестинации Калите,Неа Каликатриа Неа Флогита или Паралиа ај ве молам кажете како се движат цените во овие три места дали има Лидл каква е водата дали има за шетање продавници и др.За Паралиа немора да ми кажувате запознаена сум но за овие првите три навистина незнам.И ако имате од некој апартман број ве молам пишете ми во ЛП Фала однапред поздрав <3
Lugje aj pisete mi broevi od nekoi privatni smestucanha kade sto ste bile do sega bilo vo Xanioti, Pefkohori, Kalitea.....bez eazlika bilo kade na prviot krak. Preku booking od 50 evra od vecer podole nema se e skapo, ako nekoj moze da mi pise brojce ili tuka ili vo lp od nekoj apartman privaten ili vila i sl. Please mi treba
Девојки може ли да ми предложите некое место што ни е близу, а е убаво и соодветно за фамилијарен одмор? Од Охрид ќе одиме така да нешто до кај 4 сати пат е ок... Плажата да е убава и да е одма под хотелот бидејќи со мало детенце ќе сме.
Олимпик Бич или Olympiaki Akti, гугл вика дека е 290км одалечено. Разгледај слики на Гугл дали ќе ти се допадне. Според мене идеално е за фамилијарен одмор, апартмани се наоѓаат и по 10евра од човек за ноќевање. Цените се поефтини во споредба со другите места, мирно е и тивко. Плажите се песочни и водата е ок. Нема дискотеки и ноќен живот. Кафулињата на плажа работат до кај 23 часот навечер но сепак не се прегласни и напорни. Има продавнички за сувенири, маркетчиња, има се што ти треба за мирен семеен одмор. Хотели и апартмани има на самата плажа по цела должина, но местото е малечко така да и да не си во прв ред, да си трет, четврти ред за 5 минути стигнуваш.
http://www.halkidiki.com/english/accommodation_e.htm Овде имате контакти од повеќе вили, и од прв и од втор крак. Мислам дека ќе најдеш нешто.
Каде се поубави плажата и морето во Калитеа или Афитос? Убава плажа за мене е тиркизна вода и ситен песок
Имавме закажано за во Грција во Пефкохори преку интернет сами. Воопшто не беше како што очекувавме! Собата не ни беше готова и чекавме 4 саати на "рецепција", и кога влеговме во соба не беше чисто како за сместување. Услугата исто не ни се допадна толку многу, како да не им беше гајле дали сме или не сме задоволни од хотелот. По случајно згрешавање на патот наидовме на еден хотел во едно градче што искрено и немав слушнато до сега, се наоѓа во Скиони и го држат наши луѓе и да ви кажам се почуствувавме како дома. Веднаш ја откажавме собата во пефкохори и дојдовме тука. Од срце ви го препорачувам! Плажата е одлична за луѓе со деца, местото е мирно и тивко баш за релаксација. Собите се фантазија секоја со поглед на море, чисто и све е ново супер уредено. се наоѓа на прв ред па дечките и сами си одеа на плажа. Луѓето се многу фини и веќе резервиравме и за следната година Незнам дали имаат на фејсбук страна али им зедов бројче, кој сака у лп нека ми пише. Повелете една фотка од преубавиот поглед, рај е кога се будиш на вакво нешто
Значи не се шпекулации...ствано има накачување...А баш викендов продолжен е погоден да се оди, ама некако чудно изгледа...