Зависи за што идете на одмор. Од прв крак: Ако сте млади и сакате провод - Калитеа За парови - Афитос Со мали деца - Сивири и Фурка
Афитос е прекрасен, но, е доста скап а и прилично мал е. Не сакам на краци генерално, ништо не ме воодушевило. Ќе одам за Велигден во Торони и ќе споделам искуство, какво е Дали некој бил во Сивота? Едит: иначе сме млади, без деца и нејќеме провод Сакаме пензионерски на плажа, на лежалка, по можност на помирни плажи без многу врева (деца, народ).
Понудите се со 7, 9 и 14 дена. Закинтос или Кефалонија бирај. Јас сеуште не сум размислувал, ама на тие два острови не сум бил и најверојатно летово еден од одморите ќе ми биде таму. Санторини ич не ни тргнувај. Не го фалат многу. Боље иди си на тие два острови што ти ги кажав.
Сега неможам да ти пратам понуди зошто на работа сум и од телефон пишувам. Вечер или утре сабајле. А уствари можеш и ти да најдеш за тоа време. Ако не најдеш ќе ти најдам јас.
@CameliaMiller разгледај ги понудите низ агенции и барај апартман или дуплекс. Така се обележани видовите на соби кои ги бараш ти. Не можеш овде да кажеш дајте понуди. Можат да споделат овде само искуства. Расчачкај низ агенции сега имаш некои попусти. Види и на букинг. А низ српските форуми имаш дирекно контакти за договор со газдите.
Ништо поразлично од другите селца на кракот. Не е како Калитеа , туку е рамно. Има долга песочна плажа, но малку е тесна. Имаше еден кафич во кој редовно имаше некоја српска певаљка. Лежалката оди со кафе или било што од менито. Можеш да седиш цел ден никој не прави проблеми. Конкретно нешто ако сакаш прашај , ќе ти одговорам.
@Marick14 Бубаче прашува за Пефкохори кое излегува на Егејското море. А Јонското е за некој степен поладно од него. Ама тоа е друг муабет.
Бубаче јас за жал не знам која е, затоа што не ја ни гледам каде пишува и што. Топлината на водата е иста. Јас за викендите сум на краците обавезно. А на одмор одам двапати, од што еднаш мора да е на Јонско море.
ОК, се избунивме. Ние конкретно зборевме за Кефалонија и Закинтос и со се нив и Јонско Море. Ама сум ја згрешил темата. Сега ќе ја барам "Кој ќе оди на одмор во Грција". Кај залутав и јас во темата за Пефкохори.
@duffi во врска со празнициве, нели Грциве се католици па Велигден го слават порано/подоцна од нас христијаните? Прашувам зашто пријателите велат се си работи од бутици од продавници во Пефкохори, а @koritsaki рече дека втор ден Велигден се е затворено?
Бил некој на Кефалонија? Какви се плажите таму? Дали се подобри од тие на Лефкада? Колку чини превоз со траект (со кола) до Кефалонија?