Одам во недела на Закинтос Ова ми е прв одмор на Закинтос. Се надевам само нема да има застој или други проблеми на граница и онака е долг патот (14-15 саати) уште тоа фали.. Иначе едвај чекам 9 ноќевања во Лаганас со друштво ќе биде супер Бил ли некој на Закинтос? Како се движат цените таму и има ли некое место за јадење или за посетување кое ми го препорачувате?
Јас ќе одам за Калитеа! Некако нели во здосади тој Закинтос? Абе сите ќе идат таму, ќе биде ко цело Скопје што се наоѓавме во Охрид на исти места.
Ако не ги извадиме ние комшииве од криза нема кој друг .... Абе прави комшии секогаш сме тука ко треба да помогнеме
јас од инает нема да одам (и не одам веќе неколку години заради истата причина). доколку не признаат под „Р. Македонија“ прва ќе појдам од одма.
А бе ич не ми е гајле! Имам видено поголем дел од неа „на времето“ кога не ни правеа толку проблеми, а не дека не сакам да прошетам тоа што немам досега прошетано и видено од Грција, туку чисто ради морални причини не им одам, ќе им го помагам сега таман и банкротот )
сакам оваа год за Ставрос .. дали некој е бил за да ми каже како се движат цениве ???дали има убави плажи? и која цена се апартманите ?? пошто нешто ме плаши кажуваат ради кризата во Грција ке било многу поскапоооо од лании
Bevme godinava za Stavros.... e sega plazata e mnogu tesna i ne e nesto posebno, nema kaj peskir da prostres, za butici kafani ima eden kup,oblekata e nenormalno evtina,5-15evra max.... ima prekrasni fustancija kako omie so crvena,mornarsko plava bela boja od 5-10eur, a kaj nas sto se 1500-200den....Za vo restoran e isto sekade vo gr...
Ние бевме во Неи Пори пред една недела си поминавме супер прв пат бевме во Грција и сме многууууу задоволни.
Нине што така се решивте за Неи Пори, не најдовте место во Паралија или? Ќе ти пишев во порака, ама можеби на некоја феминка и треба информација, ако планира да оди на сопствена режија натака
Одам, од 15-16 јули до 2-3 август, и одам приватно , не одам преку агенција, имаме резервирано од мај месец.
Олимпик бич-лептокарија или неи пори??? неи пори сум била а на претходните две само на поминување.... и дали некоја била преку САВАНА и како е задоволна зш прочитав од некоја членка дека им откажале аранжман и не им ги вратиле парите
Ееее јас оваа година бев веќе во Пефкохори, пред неколку дека си дојдов и да ти кажам дека многу убаво место е Само плажата е малку тесна и гужва има ама па ние си наоѓавме едно место така пошироко беше и супер Можеш и до Ханиоти да отидеш, блиску е, поголем град е со повеќе гужва Убав помин сите што ќе одите, па ќе се фалите после
Па ако бираш меѓу Олимпик и Лептокарија, ја би Олимпик затоа што другово ми се чини многу пусто иако можеби водата па е поубава таму Преку Савана не сум била мн одамна, т.е. последен пат 2002 година(кобната! затоа и ја памтам) кога си дојдов болна од одмор. Зошто?? Затоа што не сместија во вила пред распаѓање во која од 10 дена само 2 имаше топла вода! Срамота! Вака важат за реномирана агенција ама после тоа со нив не сум отишла. А и искрено многу ми е без везе што имаат аранжмани само 7 дена, некако ми се малце. Сега па и другиве гледам или 7 или 9 дена над тоа со целосен аранжман нема нигде Оваа година ќе ми биде 4та со Фалкон, автобусите им се супер, смештајот е супер, се си е како што ќе се договориш. (се надевам исто ќе си биде и годинава) Лани бевме 10 дена, оваа година се по 9 ама ок. Инаку кој откажал, од агенцијата или членката? Ако откажала членката си важат одредени правила, сигурно не враќаат цела сума. А на моја другарка сега и откажаа од агенцијата бидејќи не им најдоа место и им вратија целосни суми. За тоа не верувам дека прават проблем, ама ете може да ве зезнат со смештајот. Затоа прво провери ги вилите на интернет слики, коментари од некој кој веќе бил.
Да ти кажам од агенција зошто имавме платено пола аражман се ангажираа максимално и ни најдоа во Неи Нори и сме презадоволни зедовме бројце од хотелов и за следен пат се во сопствена режија Иначе ние како и да е ке одевме и мислам секој кој би тргнал во сопствена режија би нашол сместување.
Прочитав дека од агенцијата им откажале нешто.....лани бевме со Нехар имавме уплатено за Пефкохори ,2 дена пред одење ни се јавија демек пукнала некоја цевка во вилата имало поплава и ни рекоа бирајте Полихроно или Паралија Избравме Полихроно ама кои нервози ,2 дена пред поаѓање бе Ги фледав на Фалкон понудите ама некако поскапи ми беа најдов Од Сафари ок понуди ама нас ни треба за 7 дена,150 евра со превоз па ќе видиме