@DigY Мудања е пуста навечер. Има делови од местото што не се ни осветлени како што треба , дури и морбидни. Го шеташ местото за 10 мин и толку е. Продавниците на една рака да ги избориш.
Афитос е супер романтичен, нема врска со ниедно место на Халкидики, како стар град, ептен кул. Плажата е на удолница, како Калитеа, ама дефинитивно вреди. Има и паркинг, за тие што нејкат да пешачат 7 8 мин, да идат со кола. Имате плажи кај шо се плаќа кафе за лежалки, плажи без лежалки...имате избор. Дефинитивно таму ќе идам секако пак
Знае ли некој дали има онлајн резервација за траект до Кефалонија (а тргнувањето од кој град не знам кој е) и од кој град се поаѓа, која цена е и каде може да ги следам кога тргаат и кога се враќаат?
Не е лошо местото. Проблем е малку што веднаш кога ќе влезеш во вода, длабоко е. За шетање е онака просечно. Ако веќе планираш да одиш на вториот крак, би ти го препорачал Вурвуру. Ќе се заљубиш во местото и плажата.
Тука види си http://www.ferries-greece.com/travel-guide/ionian/kefalonia/ директен мислам дека има само од Лефкада, останатите линии се преку островите. Тука секако можеш да си резервираш.
Ние се одлучивме годинава за Лептокарија (не сме многу по журки и такви ствари) во шпиц сезона во Јули. Во темата нема нешо многу информации, се надевам тука ќе најдам повеќе. Што можете да ми кажете во врска со плажите, водата,цените,јадењата, лежалки и сл. комарци има ли? Видов има Масутис во близина на вилата а има и Лидл на 10-15 мин од вилата така да во тој поглед сме задоволни. Вилата е на 50тина метри од плажата што е одлично, па ме интересира во врска со шеталишта и сл места. Ако има и ново инфо од лани со бил некој, одлично би било. @Marick14 гледам ти си изнашетан по Грција, ако имаш некое убаво детално инфо, ќе ти бидам благодарна
@srcence1607 Лептокарија е убава. Песочни плажи, убави. Водата не е многу прљава или со зелки. Шеталиштето е како во Паралиа ако си била. Куцни на Гугл Olimpiada. Ако сакаш мирен одмор и мирн место без многу бучава. Види го местото. Е сега ако одиш со кола, има 2-3 плажи во близина на тоа место што се како на Тасос. Кристално чисти. Поблиску ти е мислам дека од Лептокарија, а многу поубаво. А за шетање скоро и да нема.
Одиме преку агенција. Инаку сакаме мирен одмор иако сме млади Онака да се прошетаме, да каснеме нешто и да уживаме, преку ден и онака цело време ќе бидеме на плажа. Се одлучивме за Лептокарија па за неа ме интересираа повеќе информации Фала Марик
Имате ли информации, навистина ли годинава се ќе биде позкапо во Грција? Како се движат цените на апартманите? Или пак само муабети, исти се како лани?
Смештајот е навистина поскапен колку што разгледував и прашував цел месец по агенции. А таму цените како се не знам. Се надевам ќе пише кој знае
Супер зделка. Убав помин па пиши импресии за местото Јас ги разгледувам островите во Грчка како дестинација летово но не можам да се одлучам за кој, па моментално само собирам информации
Добро бре луѓе, до агенциите ли е или до грците? Сакам да одам на одмор на крај на август, и гледам се е над 400 евра за двајца , кога ќе ставиш и пат и се (значи, КРАЈ на август, не почеток). Си правам математика, 400 евра трошок, уште по 200 минимум ти требаат за таму од човек, па да се спремаш.... Каде да им најдам бре 1000 евра за одмор, нормални ли се овие ! Изгледа ова лето ќе се ладиме на тераса.
Кога би барале таму смештај кога ќе отидете ќе ве фати поефтино (секако зависи на кое место ќе одите) Ама па и зависи во кое место ќе одите во август,зошто многу тешко може да се најде смештај (оваа зборувам за Лептокарија,Паралиа,)
Што направи бе... Што ќе правиш со 600 евра ти во Грција??? Јас лани со 300 евра поминав, и тоа на ОСТРОВ !!!
@Marick14 Не 600 евра, по 200 евра од човек ти велам за таму , плус за спремање, групо околу 1000 евра кошта @Quuen, во право си за Паралија, но за жал не сме во можност да одиме со сопствен превоз...
Nie uplativme za Polihrono 400 e. duplex apartman. Dve posebni spalni ( vo sekoja spalna TV i klima) zaednicka kujna i wc.Po 200 e po par ni dojde za 7 dena. Sakavme Hanioti no prijatelive veke bile, i se resivme za Polihrono.