Марик провери на Леванте ферис или на Кефалонија лајнс, за Леванте сигурно поаѓаат од Килини до Порос и како што ти кажа Даст, саат и 20тина минути е пловење. Да, две пристаништа се. Едното чинам Сами се викаше, од таму се поаѓа за Итака и Патра, а од Порос се поаѓа за Килини.
Nie rezerviravme za Parga epten eftino ni se vide i super bea ponudite sto gi dobivme i toa za sredina na juli
Барам предлози (кој може да ми даде) на кое место во Грција (некаде поблизу) нема бранови и морето е чисто. На пр. лани бев во Сарти имаше многу бранови и водата се заматуваше.
Па да де. Од тие еднодневните. И ако сакаш можеш да си останеш. Иначе ќе ги проверам овие што ми ги пишавте. А на кое место незнам. Препорачајте ми каде да се сместам.
Двајца сме и размислуваме за локација за одмор во Грција, но не можеме никако да се одлучиме, па дајте ми мислење ако не е проблем, за Калитеа, Фурка и Афитос вие кај би оделе кога би бирале меѓу овие и зошто? Сакаме помирно одморче, не баш пензионерски, но сепак...по можност и поблиску до плажа... дури и ако ви се наоѓа некоја понуда, може да ми предложите
Со дечко ми лани бевме во Фурка, бевме од 1ви септември и можам да кажам дека немаше гужва. Местото е многу мирно и чисто. За навечер има една уличка со продавнички, кафулиња, скромни ресторанчиња (и еден поубав ресторан на самата плажа). За цените неможам да ти дадам споредба зошто не сум била на друго место во Грција. На 10км од Фурка има Лидл и таму пазаревме. Каде и да сте сместени ке бидете блиску и до плажата и до "центарот" зошто мало е местото. Ако одите во сопствена режија ви го препорачувам смештајов (на сама плажа, со клима, паркинг и хигиена на ниво). http://www.ekaviapartments.com/index.htm https://www.tripadvisor.com/Hotel_R...andra_Halkidiki_Region_Central_Macedonia.html Оваа година планираме да одиме во Сарти и најверојатно во сопствена режија, зошто од агенцииве ништо не ми фати око. Веке барав сместување, ама ако може да ми кажеш каде беше сместена, кој дел е подобар со плажи стариот или новиот, и дали ако си сместен во еден дел другиот е далеку? Фала однапред
Јас бев со дечкото 2013 летото,сами си отидовме со кола и си најдовме сместување преку booking . Местототе преубаво ,јас не очекував ама многу убаво си поминавме.Од Уранополи се фаќа траект и за 15 минути си на островот.Плажите се убави ама малку подалеку 10,15 мин со кола,а можеш и пешки ама па многу е жешко..Има кафичи и неколку местенца за јадење.Што е најважно нема македонци,барем немаше кога бевме ние..Абе раат си..Можеш навечер да си фатите траект до Уранополи да отидете таму има повеќе за шетање и тоа..Се на се многу убав одмор нема да зажалиш ама ич..
A ke mozes da mi kazes dali e skapo kako na drugite ostrovi?demek imalo i mn komarci a za trektite cesti se ili mora preku net da rezerviram?falaaaa
При крајот на летото ќе идеме на Крф и сакаме да изнајмиме мотор за да го прошетаме островот. Дали знае некој дали важо возачката таму, како идат цените за изнајмување и од прилика колку би потрошиле за бензин за 5 дена?
Што испадна сеа, што смее а што не смее од храна и пиење да се носи на одмор во Грчка? @cat-woman , мислам штека.
Не смее да се внесува храна која не е произведена во Европската Унија, освен храна за бебиња и миленичиња. Дозволено е и внесување на вакумирана храна произведена во земја членка на Унијата.
Се смеете да носите....додека не ве претресат Комшивка моја пред 2 дена отиде, со две мали деца. Па тие пребирливи се кога станува збор за јадење, можам да замислам што се однела.. Ми пиша вчера дека никој не ги претресувал на граница, а мислам и дека повеќе се насочени кон србите него кон нас. Нас не сметаат за поредовни гости, многу често прогледуваат низ прсти хаха
пробчемот на граница бил со автобус срби. Имало некоја ,,тарифа,, од 45 евра што ја плаќале на цариниците за побрзо да помине автобус. Водичот немал 45 евра да даде , се заинаетиле цариниците и му ги симнале патниците и направиле општ хаос. Имало 45 патници и исто толку фрижидерчиња со амонијак полни со месо. Е тоа бил циркусот. Одма се дигна паника.
Да, тоа секој сосед би го направил. Ако почнат да ги проверуваат сите Мкд автомобили, тогаш ќе ги изгубат туристите. А тоа не им е во прилог ниту на нас ниту на нив. А за србите не им е битно. Тие се поретки.
Мене искрено не ми се верува, а и незамисливо ми е секоја кола и секој автобус што мине толку детално да го претресуваат. Би настанал вистински хаос на границата. Секој куфер/торба и фриждер да биде изваден и претресен и те како одзима време. На граница и без тоа е невидена гужва и без претрес, така да речиси ми е непоимливо такво нешто. Плус, тие на грчка граница се како некои флегми невидени мислиш ги мрзи што одат на работа, бавно споро ја вршат работата а честопати знаат и да ни мавнат со раката да продолжиме со возење и без пасоши да ни земат не па куфери да проверуваат.
Едно време краток период беше имаше една баба на Кукуш. Она редовно тресеше. Впрочем законот не е од сега. Секогаш е. Само сега да не ги заострат ножевите. Што искрено не ми се верува. Ќе изгубат премногу туристи и наши и срби. Ама нашите редовно шират антипропаганди, да одиме во Охрид не на Грција.