Две години со ред сме оделе со моите Грција со автобус, преку агенција.Ни се случи во Неа Пори да ни "украдат" регистрација и од тогаш страв ни е. Затоа би ти го препорачала Ханиоти, пред 2 години бевме и си поминавме преубо.Градот е поголем за разлика од некои туристички места налик на село со само една улица и по неа да шеташ секоја вечер.Ова е подруго, поголемко е.Има по нешто и за млади и за стари.Ресторанчиња, таверни, по некој клуб, полно продавничиња, градот некако жив е.Исто и плажата беше убава.Се знае на тој крак се потесни и долги, ама за разлика од Полихроно и Пефкохори овде плажата беше каде каде поширока и имаше простор доволно.Водата прекрасна.Не беше ни скапо, знам кога ни снема залихи од оние што си ги понесовме, купувавме од локални маркети и цените горе долу исти беа. Иначе многу, ама многу ми се оди Грција оваа година али не верувам да отидеме.А баш се надевав.Ајде другата година можеби.
Ако не знаете да возите и немате возачка или друг превоз (кола со некој друг) тогаш за остров ич не ни планирај. Најискрено. На остров се оди за да се шета. Ако седиш во едно исто место, нема ништо да видиш, а островите кријат многу убавини. На пример Лефкада, за да одиш до убавите плажи мора да имаш скутер или кола, без тоа, џабе си ги фрлила парите. Краците ти се најдобра варијанта. Нека не те преплашуваат некои сајтови дека ќе поскапело. Ќе поскапи во Грција да, но не во сферата на туризмот. Со Калитеа или Афитос нема утка. Исти се и двете места со исти плажи и кристално чиста вода. Е за нив треба малце да набиеш кондиција. Али ај да не ти кажувам да не те разочарувам. Види го на интернет местото.
Никогаш не сум била на одмор во Грција, дечково исто не бил и сакаме на неколку дена да одиме. Прво немаме ни идеја каде, планираме со автобус, не му се вози а и треба зелен картон за колата да се вади. Така што би оделе негде поблиску. Некои предлози?
На море? Прашувам затоа што има и прекрасни бањи па историски места за посетување хаха Ама бидејќи 99% го знам одговорот, би ти рекла Афитос или Калитеа, ама многу зависи од тоа дали сакаш помирен одмор или не На други места не ми текнува, да имаат убава плажа и да се баш блиску. Има далеку поблиски места ама според мене плажите не им се баш најнај Инаку и Сивири ми е баш ок место
На море. Што е до мене јас би шетала историски места, ама не е моја одлуката. Преку агенција да барам за местава?
Мое лично искуство - Калитеа не, Афитос да. И тоа Афитос во подивиот дел, има приватни плажи (пред напуштени куќи) - тоа е рај.
Тешко да најдеш превоз за неколку дена, сите возат на 7 т.е 8. Инаку барај за Афитос ако сакаш порелакс одмор а сепак убаво да поминеш. Калитеа за журкање е добро, ама па има некако повеќе гужва а јас мразам гужви на пример хаха Мене на пример плажата на Сани ми е по ќејф
Инаку околу превозот Ако сте расположени за малце авантура (еве ме... порано таква бев), купете си карти со овие што одат во Солун на шопинг. Нека ве остават на автобуската во Солун (и кажете им дека не се враќате со нив), фатете бувче до било каде За назад исто, договорете се да ве земат од Солун. Или јас направив вака - се распрашав во локалните претставништва на агенциите (српски и македонски) и ми најдоа бус до Скопје од местото кај што бев, бидејќи многу луѓе во таа тура им отишле со кола, па имаа слободни места, за некои 25-30 евра до Скопје дојдов (од остров) Инаку еве ти распоред Солун - Калитеа - Солун http://www.ktel-chalkidikis.gr/index.php?act=viewCat&catId=1018 Солун - Афитос - Солун http://www.ktel-chalkidikis.gr/index.php?act=viewCat&catId=1019
Паа пример може да ви препорачам Паралија..блиску е ,не е мноогу скапо,градот живее 24 сата,90 проценти наши луѓе,дискотеки ,плажа мене ми се допаѓа,вода не е незнам нешто посебно не е бистра алии тоа па и не ми значи многу лично..3години по ред одев таму минатата останав 3 месеци хахаа..е сега за оваа сакам да сменам ..Поздраав Убаав ден
Да. Одамна беше ова, пред сигурно 5-6 години, почеток на факс Ама денес не би играла така, на слепо сместување да барам. Добро е од тука да си најдеш сместување (поефтино ќе пројдеш, него на лице место со куфер во раце)
Najverojatno izborot ce bide pefkohori...vo vila orosimo mislam bese...ima li nekoj iskustvo so ovaa vila znam samo deka nema internet za zal. ..pozz
Дали крај на август после 25-27 може да се најде нешто поефтино за смештај во НеаФлогита,НеаПотидеа ? Апарман за 2ца до кај 20-25е ?