Што велите за халкидики касандра калитеа...ми треба брз одговор оти морам да одам во недела така испадна дечкото ми заминува странство и мораме брзински да одиме ептен ми беше ќеиф за лефкада али друга година изгледа....чекам совети
Местото е мирно, за фамилијарен одмор. Ние бевме сместени во вила Катерина многу блиску до плажата. Да оваа година ќе одам пак. Ако имаш уште некои прашања слободно пиши ќе ти кажам.
Калитеа е симпатично местенце. Обично се жалат од патот до плажата, од едната страна е удолница, или пак по скали. Мене не ми сметаше, јас сакам пешачење. Има доста фини барови. Генерално мирно местенце за опуштен одмор. Ја не сум по журки па мене ми одговараше. За џогинг рано посабајлечки е топ. Се зависи што сакаш од одморот. Додуша генерално по краците секаде е по мирно, ако сакаш журки и по брзо темпо тогаш остров, островите имаат поисполнета агенда и пошарен избор.
Ако има некоја што има кеш а е сама и би ме почастела одмор слободно нека ми се обрати. Сакам да одам на одмор во Грција : *
Здраво дечки, сакаме од први/втори август да одиме со дечко ми во полихроно, ханиоти или пефкохори па да ве прашам што мислите дали може лесно да се најде смештај таму? Дали има луѓе што нудат на автобуска (зашто со автобус ќе одиме) или треба да одиме по вилите да прашуваме? И како се движат цените за студио за двајца периодов? Фала ви
Први втори е малку ризично. Ќе има викендаши и одморџии. Не е лошо да резервирате од тука. Не мора преку агенција. Има контакти од вили, напиши на гугл , ќе најдеш. Студио околу 40е.
Ние само што се вративме од Полихроно. Сместување се наоѓа многу лесно, ние се сместивме за пола саат. Оваа година имам чувство дека беше најефтино до сега. Сместување 30-40 евра за трокреветно студио на 50 м од плажа, лежалки со кафе 3 евра, храна по рестораните исто поефтина од лани. Е сега, ние бевме пред да фати шпиц сезоната но верувам дека ни вие нема да имате проблеми.
Фала ти. Имаш контакт од некоја вила или можеш да ми предложиш кај да побарам, некоја страна или слично?
Луѓе, како е во Грција во септември? Јас ќе одам на почетокот па се мислам да не е тоа тоа, оти нели ек на сезоната насекаде е јули-август. Има ли туристи и тогаш, какво е времето, цените,... Некој да сподели септемвриско искуство?
Блиска пријателка секоја година оди на одмор во септември, смештај поефтин, времето е супер но не толку жешко како сега, помалку гужва на плажа и низ чаршија. Јас не сум била во тој период ама планирам да идам сеа барем на викенд да видам како е.
Мислење за Лептокарија, дали има превоз со автобус до таму , сакаме да идеме без сопствен превоз и сами да си најдеме сместување, дали знае некој како се движат цените за сместување, јадење, во маркети итн. ?