Читам времево ќе се расипе. 22-23 степени ќе биде. А баш планиравме да одиме сега од среда. Има некој моментално во Грција?? Како е времето???
Јас Денес времето е облачно со повремени сончеви периоди, сабајле се истури дожд, сега не врне ама ту облачно, ту сонце има и е поладничко, моментално е 24 степени. Ќе биде исто вакво времето и утре и другиден, со дожд. Од петок се очекува пак подобрување на времето.
Ќе оди ли некој овој период во Грција? Јас заминувам утре Закинтос.. Времево почна да ме плаши. Како е Грција има ли некој информација, ние кај што одиме иначе е најтопло ама кажаа на вест времето Грција било како кај нас...
Препорака за солидни дуплекс апартмани на сама плажа на краците? Било каде, по можност на плажа погодна за деца.
Дечки планирам летово да идам со дечко на одмор во Грција,но појма немаме за место.. Да не биде ептен пензионерско,некое журче,што препорачувате?
Дали некој од вас бил до Солун со организиран мал превоз (комбе за 8 души, или караван за 4)? Која цена се, и дали некој има да ми препорача човек што добро вози до таму? На пазар3 има многу такви огласи, ама не ми се качува со било кој во кола...
Драги феминковци, ние сме двајца, заинтересирани за одмор летово во Грција на место каде што нема да е ниту премногу тивко, ниту па одиме за журкање Бараме понуда преку некоја агенција, бидејќи немаме сопствен превоз, но досега што сме ги разгледувале понудиве, се наоѓало по нешто, но не ни се познати местава... Станува збор за Лефкада (Нидри),Врахос,Закинтос (Аргаси) ... Ако знаете да ми кажете збор,два доколку сте ги посетиле? Но, слободно препорачајте и вие доколку сте начекале некоја добра понуда и да не е прескапа Секое мислење би ми било од корист.
Loutra, Possidi или Siviri? Дали сте ги посетиле овие места во Грција? Размислуваме за одмор на некое од нив, ама никогаш не сме биле. Кое е подобро? Некои искуства?
Другарка моја има идено, ептен пензионерски , мало местенце, цитирам; само на гиро можеш да ги трошиш парите ништо нема, така за пензионерски одмор рече ок е. Не можам да приметам преку која агенција е ова?
од сите што сте биле која плажа од аспект длабочина на море ви е поадекватна за деца дали во полихроно, пефкохори, ханиоти или неа потидеа???