Полихрононо екстра водата, чиста без медузин и треви. Има ситни каменчиња но не секаде. Лани бевме со две годишно дете, годинава повторно таму ќе одиме. На другите места не сум била
Полихроно и Пефкохори се супер од аспект на водата, горе доле иста, мада мислам дека во Полихроно е за нијанса поубава. Во Ханиоти немам одено. Фала на инфото за Амулијани. Претпоставував дека е пензионерски, ама не дотолку. Ништо уплативме веке, гледам убави плажи има ке се испобањаме
Дечки од прилика колку ќе ми требаат пари за јадење за двајца возрасни на ден во фамилијарните места на првиот крак - Неи Пори, Олимпик Бич... ?
Дечки покрај Парга, Сивота, дајте идеа за одмор на Јонско, по можност не остров, годинава да одморам од острови Планираме Парга, ама сепак отворени сме за предлози.
Ханиоти е многу фино место, па дури и за со мали деца - беше полно со малишани. Не памтам имиња на плажи, меѓутоа можам преку ЛП да ти кажам каде бев сместена па отприлика кои плажи ни беа во близина. Не е длабоко, има различни плажи ама ретко каде дното беше со остри камчиња и ежови. Многу фино место, пријатни ресторанчиња за јадење и убава чаршија за шетање. Ние бевме во ек на сезона на почетокот од јули, па единственото нешто што ни сметаше беше навалата од Срби. Која некултура, ужас. Го дигнаа хотелот во вис, главни по плажите (особено онаа што беше веднаш пред нашиов хотел), немам соодветен коментар со кој би ја опишала таа некултура. Единствено не сум задоволна од агенцијата преку која резервиравме, го преплативме одморот, памет за друг пат. Сето останато беше супер.
Дали некој бил во Псакудија? Се наоѓало во близина на Никити на вториот крак. Ми го испофалија местово дека било мирно и тивко место и убаво за со мали деца. Ај некој ако бил нека сподели искуства како е за со мали деца и дали водата е топла. Сакаме да одиме почеток на Септември.
Здраво некој да сподели искуство заодмор на третиот крак - Уранополи сакав да прашам како е таму, како се движат ценит ние планираме да одиме сега на почеток од јуни ама се плашам дека не е убаво а е скапо Поздрав
А некое место во Грција што е поблиску, а да е златна средина не многу мирно да има вечер каај да се шетне?
Прекрасно е. Убава плажа, ситен песок, чиста вода, нема бранови. Има два три бара, за цените незнам да ти кажам.
По сликите што ги гледав навистина многу е убаво. Доволно ми е да е убава плажата и навечер да се искочи негде дали кафич,бар,слаткарница и да има по некое мини маркетче или продавничка. Таму беше сместена или само прошета
Плажава е оддалечена од градот. Секој ден одевме таму на плажа со кола, бидејќи плажите во градот не ми се допаѓаа. Инаку бев сместена во Пефкохори. Иста оддалеченост се мислам и од Паљури, ама таму не отидовме.
Кој планира следниве денови да иде на Сарти, нека си бара сместување при крај на сарти бич (новиот сарти) затоа што на дел од плажата во стариот има трева за извоз нешто што е некарактеристично за сарти..
Прекрасно место. Го обожавам. Има две плажи, Парадисос и плажата до Порто Карас. Смештај ефтин, храна прекрасна, има кај да се излезе, луѓе има. Најубавите одмори ми се таму
Местото е мало, помало не може да биде. Супер е за со мало дете, јас бев кога ќерка ми имаше само неколку месеци но има екстремно многу комарци. Никаде не сум видела комарци дење да касаат.