И ние одиме почеток на септември. Мало место,има две локслни продавници,скапи-предкапи и надвор од местото(се оди пеш) има голем маркет,мислам Галаксис беше. Таверни неколку и толку. Нема каде да се шета,една улица е само. Има stone village (како населба) со прекрасни градби од камен,па секој ден зјаевме таму. Иначе,местото е познато по тоа што доѓаат на одмор познати фаци од Србија. Комарци има,како и секаде во Грција. Ако ти здодее и ти е монотоно,на 15 км е Мудања..
@Bozica1980 @referentka фала ви многу на споделените мислења. Се одлучивме за Неа Подитеа од 2 септември. За Псакудија освен едни роднини што ми кажаа позитивни коментари, се што прочитав на нет за местото не беше нешто нај нај и искрено не би одела на одмор освен на еднодневна прошетка.
И во Потидеа ќе се видиме Еден дел од одморот таму ќе поминеме. Мене пак Псакудија ми се допадна.Неќум дуќани и бучава (како што се Полихроно и Пефкохори).
Ние бевме сместени карши тие камените куќи одма кај супермаркетот Највеќе ми се допаѓаше што немаше гужва и што на едниот дел од плажата имаше природни сенки од дрва.
Некој бил во неа врасна? Сакавме август али не одговара во септември убаво би било? Лани бевме во септември во Полихроно ни се погоди времето. Дали е пријатно местото има ли место за јадење,кафе,маркет и некои дуќанчиња ?
Иако немам детенце али од искуство јас лани бев во Полихроно септември и имаше многу дечиња со родители од 9-10 месеци до деца 7 год голема е плажата можат да трчат да си играт и водата е супер нема камења,уличките што се малите затворени се за возила само поглавните се отворени.Навечер е мирно многу можат слободно да спијат да не се плашиш дека детето ќе ти се разбуди.Јас отидов и одморив психички мир имав секој ден.Сместувањето е одлично цените на храта се негде исти како тука. Пефкохори е убаво може има повеќе дуќани али многу гужви има коли на сите страни плажата е мала.Јас отидов на еден ден таму ми се допадна се само плажата е мала и има големи бранови на пладне. Кај и да одиш убаво да си поминете
Ако не си била во Парга, задолжително таму. Преубаво е, имам пишувано на форумов, пред неколку години бевме и пак би одела кога ќе имам можност, и за мали деца е измислено, чиста топла вода. Нема споредба со Егејско. А и местенцето ми е многу интересно. Ако сте без деца е премија, за со деца е малку далеку со кола а и поубаво е пеш до плажите, не се баш близу, зависи кај ви е апартманот, а со кола не е забавно. Да се симнуваш надолу кон плажите а при тоа да те прати глетка од морето е непроценливо. Не е за мрзи местото па одма кола под гз за до плажи Бевме и до Сивота, до една плажичка дел од хотели и тоа местенце ми се виде убаво. Аххх одмор, ова лето чао
nemozam da se odlucam iskustva za Nikiti kako e za so malo dete plazata ubava? i iskustvo kade e poubavo prv ili vtor krak?
И оваа година сме во Грција,лани Калитеа,оваа Паралија. Смачено ми е од возење и решивме нешто поблизу.
Девојки дај кажете некоја ако знае за смештај, по агенцииве 400€ за двајца треба да дадеме плус превоз, за таму пари.. па 600-700€ не се даваат за Грција бре..
Во Паралија имаш сместување за двајца по 30-35 евра од ден, седум дена околу 250 евра за двајца, за гориво околу 70 евра, за јадење зависи дали ќе земете нешто од дома или таму готова храна, домашни кифлички, банички, леб, зготвено месо ќе ви завршат работа за ден два, таму лебот е некако скап а мал. Ако не се расфрлате премногу, со 400-450евра можете да поминете, зависи што сакате. А и зелен картон ако немате, па плус може ќе ви требаат нови купаќи, шорцеви, маички и пак ќе заокружиш 500. Ние бевме во вила што не ми текнува на името, ама имаше игралиште и голем земјен паркинг, па колата ни беше преку улица и се гледаше од балконот на собата. Сместување секогаш сме барале таму сами, никогаш преку агенции. Првата година во Паралија кога бевме, најдовме соби во хотел Ли Ла Ло по 30 евра, ама тогаш беше нов хотелот, прва или втора година, сега мислам нема соба под 40 евра. Само во Парга на Јонско кога бевме едвај најдовме по 35 евра, изглеа дека беше крај на август, инаку беше изгор. Ептен се мали децава, да проодат и потпораснат па би оделе друга година до Паралија, близу е и солидно е местото, добро е за деца, водата е топла и многу е плитко. На пр. во Олимпик бич не ми се допаѓа што е гужва а и малку е плитко, одма преоѓа во длабоко и не е за деца. Во Паралија најдобри се плажите помеѓу Паралија и Олимпик бич, обично грците таму одат, нема гужви и може да се погоди да нема никој околу тебе да ти гази пешкир. Јас таков одмор сакам, да не трчаат околу мене и да се пазам, да се сончам во тишина само со звукот на морето.
Нудат ли агенцииве понуди за викенд за во Грција ? Гледам претежно се за повеќе ноќевања 7-9 но мене ми треба за викенд Совет каде да барам и за со превоз, и да не е нешто претерано скапо.
Тоа не е првиот крак тоа е на другата страна од краците. Ефтино е околу сто евра потрошивме оломнани за 2ца без никакво готвење 7 дена. Бевме Лептокарија. Во секој случај ужасни се сите плажи таму. Лептокарија, Олимпик Бич, Неа Пори..
Ние сакавме некое помирно местенце.. Афитос, Полихроно.. Лани беа пријатели викаа многу македонци, срби, водата нечиста за Паралија и медузи имало кога биле, многу бучава.. А годинава сакам одмор ама да се одморам не по дискотеки излегувања.
Афитос е можеби помирно, но Полихроно е исто, полно е со наши и срби. Впрочем секаде на краците е исто.