Јас ќе одам... На Лефкада веројатно. Викам веројатно пошто почнав да превртувам чорапче на тема аранжманиве, ништо не ми излегуваше. Кај што сакав се се испооткажа и на крај најдовме едно апартманче на сама плажа со поглед на море... И некако нејќам да го укакам со фалење! Ајде сеа поплукајте ме откако ќе го прочитате постов! Ќе одиме со наша кола, Џек Џонсон цел пат ќе пефка... и прц, ево нас. Калимера. ПС: Патем не патам од политичкиов синдром и налудничава суета, од веќе прераскажани причини по политичкиве теми, така што не реплицириам на провокации. На кој не му се свиѓа нека не оди, нека оди на Вардар на плажа со поглед кон гениталиите на Коњот на Воинот. Патем 2, бев на Закинтос лани..Тоа е кршови. Мислам онака... делириумска забава. Многу е добро, ама првата вечер ќе ве мавне шок од збеснотилукот што се дешава околу вас. Додека не решите да му се придружите на лудилото! Памет у глава, и отворете вентилите, све ќе излезе од вас таму!!!
Јас бев пред 3-4 години преку Савана во Неа Врасна, и стварно супер ни беше се, и сместувањето како што ни кажаа така беше, чисто, блиску до плажа... Јас со автобус одев и сите дека бевме во различни вили, со автобус до пред вила не носеа сите едни по едни, и после исто така не земаа од пред вила.. Таму имавме и две девојки со нас беа, ни дадоа попусти за навечер за во некои кафичи.. Супер беше, баш ме зачудивте со овие коментари
Па одете преку Савана тогаш, таа вила веќе не ја нудат т.е. од кога ние се зае*авме, после имаше доста поплаки нормално од сите што бевме сместени таму и веќе не ја нудат. Најверојатно нема веќе да праат такви глупости. А овие јас што ги ѕирнав пред некое време во понудата за Пиериа, ок им изгледаа Иначе да пристојни цени имаат. А преку Фалкон нас не фати по 190 евра по лице со се смештај и превоз за 9 дена, во термин на крај на јули
Дали некој ќе оди во Грција со свој автомобил ? Ние сакаме околу 15 јули да одиме со свој автомобил али ми е страв да не го исчкртаат или искршат, бидејќи знам на вести скоро секое лето кажуваат дека има оштетени автомобили од Македонија Какво е вашето искуство досега, дали сте имале некој инцидент ?
Еве да ти кажам од мое лично искуство, многу години по ред одев во Грција, прво со автомобилот на моите, па и со дечко ми и за среќа немало таков инцидент.
znae li nekoj nesto za villa doctor vo nei pori ..planirame so decko mi tamu da ideme i toa preku savana ..i muabetive malku me uplasija ... a i ja sum tip so nesto malku ako ne stima mi se rasipa kejfot
Планираме да одиме на Тасос со сопствен превоз и во наша режија, само ме интересира дали е островот повеќе за млади или за фамилијарни луѓе и кое место е најдобро за сместување? Сакаме да се сместиме во главниот град, секој ден да си одиме на различна плажа со кола а вечер низ шеталиштето во градот. Исто така ме интересираат цените за пијалоци, гиро, кафе на плажа, храна итн...
Јас кога одев со моите со кола,никогаш немаше ништо такво...но лани ,еден другар беше со нас со кола-од Скопје е тој,и два три дена пред да си појдеме му ја скршија шофершајбната-во Полихроно,и таму полицијата не сакаше да му помогне му рече да оди до Солун ама џабе,така си дојде со напукнат прозор и тука во мкд ја правеше колата
jaс лани бев во олимпик биц, и супер бесе на сопствена резија со сопствен автомобил. Автомобилот цело време бесе на улица и немасе никаков проблем. мислам дека лугето сто зивеат од туризам не ги интересира политиката нив им е вазно да им бидат полни собите. Од 20 јули планираме пак за грција само на другата страна аспровалта одамна не сме биле, а слусам убави коментари блиску е до врасна тука е ставрос така да има кај да се сетка.
Јас бев пред некоја година во Лименарија и дефинитивно тоа место беше за фамилијарни луѓе, мислам имаше ресторанчиња, кафичи, продавнички, ама немаше дискотеки. Супер што сте со кола затоа што убавите плажи се подалеку од градчињава. Ние се симнавме од траект во главниот град и се возевме може уште саат време до местото кај што бевме сместени. Не знам искрено дали има блиску плажи до главниот град, можете на интернет да проверите за да не ви се фати мн пат до плажа секој ден. Инаку за шетање нормално најголем е тој град и мислам местото кај што бев јас. Преку ден немаше живо пиле, ама затоа навечер беше фул, тука доаѓаа на шетање. Во Потос и Скала Потамиа беа наши пријатели и ни кажаа дека немало ама баш ништо, ептен било пусто. Цените се слични како и на другите места, гиро околу 2 евра, за другото ич не памтам, јас бев со моите само по гиро мене ме праќаа . На плажата кај што одевме ние немаше ништо буквално, а камо ли кафе А на поубавите плажи сигурно има. Инаку морам да кажам дека иако ми беше еден од најдосадните одмори, водата беше најубава од секаде каде што сум била до сега (во Грција), пречиста, немаше ни бранови ни ништо.
Јас бев со другарки во Солун во петокот,на нокно журкање по дискотеките,и немаше никаков проблем за колата.Сме иделе и преку ден,сум идела и по одмори,и шопинзи,и досега немало проблеми,се надевам нема да урочам Само да,налепница МК позади никако,ма да мислам нема некој што става,тоа беше порано,сега греота е коливе да се уништуваат со налепници,а и на самата регистрација убаво си пишува. Инаку за темава,и јас ке одам летоово во Грција,и неможам да дочекамммм Ке одам на Скијатос
Ке можеш да ми пишеш како се движат цените,какво е местото и плажата?Дали има ноќен живот и дали е повеке за семејства или за друштво? фала ти однапред
Јас прв пат во животот бев во Неи Пори и стварно сум премногу задоволна и од цени и од сместување бевме во хотел со доручек и беше феноменално.На пример во ресторан пиво 3 евра кафе 2 евра пица фамилијарна доволна за двајца возрасни и едно мало 2 годишно дете(така бевме ние ) 9 - 10 евра и најмногу бев изненадена што имаше и чорби готови јадења како на пример мусака полнети пиперки (јас ти кажувам од домаќинска страна затоа што со мало дете мора и малку манџиџки) и тие беа некаде 4 -5 евра. Местото феноменално беше огромна плажа цела со ситен песок морето истотака со ситен песок прилично плитко чисто Мирно место кафичи не видов или дискотеки има огромно шеталиште и мислам дека е место за семејства ама дефинитивно е место ЗА ОДМОР Најчесто имаше фамилијарни луѓе со деца но имаше и млади парови. Една негативна работа е тоа што има МНОГУУУ КОМАРЦИ без аутан не планирајте да тргнете. Многу убаво место за одмор и здравје боже уште од оваа година се спремаме за следната на исто место во исти хотел.
Јас ќе одам со свој автомобил. Тоа можеби порано ама не и сега, сите наши пријатели кои одат последните 5 год. велат дека нема веќе такви инциденти и глупости. А и да имало некој таков случај неверувам дека на такво туристичко место некој Грк ќе направи такво нешто, таква глупост може да се очекува од некој пијан турист
јас и дечко ми планираме да одиме во неа пори,втора половина на август. и баш се мислевме ама после овие убави зборови дефинитивно ке одиме . се мислевме дали во вила или хотел?! Вие во кој хотел бевте , и сами или преку агенција ???
Јас ке одам сигурно здравје Боже е сега би сакала да ве прашам дали некоја била на Ханиоти на првиот крак ...како е плажата ..дали местото е за млади или повеке за фамилијарни ...има ли маркет Лидл...како се движат цените...како е нокниот живот ...доколку некоја има искуство во Ханиоти ја молам нека врати на постов а сите што ке одите ви посакувам од се срце најубаво да си поминете
Јас прв пат во животот бев во Неи Пори и стварно сум премногу задоволна и од цени и од сместување бевме во хотел со доручек и беше феноменално.На пример во ресторан пиво 3 евра кафе 2 евра пица фамилијарна доволна за двајца возрасни и едно мало 2 годишно дете(така бевме ние ) 9 - 10 евра и најмногу бев изненадена што имаше и чорби готови јадења како на пример мусака полнети пиперки (јас ти кажувам од домаќинска страна затоа што со мало дете мора и малку манџиџки) и тие беа некаде 4 -5 евра. Местото феноменално беше огромна плажа цела со ситен песок морето истотака со ситен песок прилично плитко чисто Мирно место кафичи не видов или дискотеки има огромно шеталиште и мислам дека е место за семејства ама дефинитивно е место ЗА ОДМОР Најчесто имаше фамилијарни луѓе со деца но имаше и млади парови. Една негативна работа е тоа што има МНОГУУУ КОМАРЦИ без аутан не планирајте да тргнете. Многу убаво место за одмор и здравје боже уште од оваа година се спремаме за следната на исто место во исти хотел.[/quote] јас и дечко ми планираме да одиме во неа пори,втора половина на август. и баш се мислевме ама после овие убави зборови дефинитивно ке одиме . се мислевме дали во вила или хотел?! Вие во кој хотел бевте , и сами или преку агенција ???[/quote] Ние бевме во хотел Иро прв ред и сум презадоволна бевме преку туристичката агенција Атлантис (ние имавме уплатено за Катерини Паралија)ама во последен момент ни кажаа дека нема место во Катерини и ни дадоа опција ако сакаме Неи Пори и ние се сложивме и си поминавме прекрасно. Најмногу од се бев изненадена од љубезноста на Грците без разлика од каде бевме сите во хотелот тие беа љубезни со сите без разлика што бевме Македонци едноставно луѓето професионално си ја вршеа својата работа и плус ние имавме уплатено само за еден брацен кревет и со нас требаше да спие малото ама кога ме видоа толкава во стомакот (8 месец бремена)ни дадоа поголема соба со уште еден кревет Се на се најдобриот мој одмор досега
Ханиоти ти е баш за млади,ноќен живот колку сакаш,бутици изгор скапи беа ,не е мн големо,а лидл мислам дека имаше на патот пехкофори-ханиоти -да не те излажам....плажата е типична како сите места на првиот крак...ок е,не е нешто голема,со песок убав и морето е убаво,чиста е водата...малку доаѓа поскапо од другите места на касандра,некако најисфорсирано е ...убав помин
јас и дечко ми планираме да одиме во неа пори,втора половина на август. и баш се мислевме ама после овие убави зборови дефинитивно ке одиме . се мислевме дали во вила или хотел?! Вие во кој хотел бевте , и сами или преку агенција ???[/quote] Ние бевме во хотел Иро прв ред и сум презадоволна бевме преку туристичката агенција Атлантис (ние имавме уплатено за Катерини Паралија)ама во последен момент ни кажаа дека нема место во Катерини и ни дадоа опција ако сакаме Неи Пори и ние се сложивме и си поминавме прекрасно. Најмногу од се бев изненадена од љубезноста на Грците без разлика од каде бевме сите во хотелот тие беа љубезни со сите без разлика што бевме Македонци едноставно луѓето професионално си ја вршеа својата работа и плус ние имавме уплатено само за еден брацен кревет и со нас требаше да спие малото ама кога ме видоа толкава во стомакот (8 месец бремена)ни дадоа поголема соба со уште еден кревет Се на се најдобриот мој одмор досега [/quote] супер...одиме и ние баш го гледав хотелот ..го имаат во понуда фала ти на информациите