@duffi гледам ти ги знаеш местава низ Грција што како, па за Криопиги што имаш да кажеш веќе ни е уплатено и резервирано, во хотелско сместување на база на полупансион сме, па да знам што да очекувам се надевам мирно е за спиење и има убава плажа
Сум била на поминување и мирно е да, дури нема ни многу наши , а и срби. Мислам ги има, не дека не, ама не како на останатите места. Има убави плажи, мислам дека таму има повеќе хотели, па секој хотел си има плажа. Ама сите се од отворен тип за посетителите. Не знам како ви е во резервацијата, ама лежалките се наплаќаат мислам посебно скоро на сите плажи, не се со нарачка на нешто од менито.
Хотелов не е на сама плажа 0.9м вика гугал, има базент, лежалки ама од затворен тип, јас не ни седам покрај базант при море на плажите дали лежалки ќе плаќаме, чадор, пиачки тоа ќе ни дојде башка Битно ти кажи дали е убаво, плажа, вода, по шетање не сме ама да има некое уличе за шпартање не е лошо башка со кола идеме па ако ни се шета по кракот можеме.. И знам ама ај потврди во недела Космос не работи нели??
А мислев сум напишала за плажата. Убава е плажата, со бел ситен песок, чиста вода. Да Космос недела не работи. Т.е има само неколку недели во годината кои работи. Ама може да тркнето додека сте таму, на 30тина км е мислам. Има неколку средени таверни, како мало шеталиште, само мислам дека не е покрај морето како на другите места, ама само мислам. Тоа ми има останато во сеќавање. Нема кој знае колку продавници, како на пример што е бучно во Калитеа. Ама на 5км е Полихроно од едната страна и на 5км е Калитеа, мислам се е блиску штом сте со кола.
Баш за тоа ти реков ние на кои плажи одиме. Не одиме на плажите во гратчето, кај што е гужвата туку на страна, накај олимпик бич, се е тоа широка плажа без прекин, можеш да си бираш места, тивко е и водата е чиста. Водата не е нечиста, понекогаш појак ветар носи треви, а водата изгледа сиво-зелена бидејќи песокот се крева при многу гужва и има таква боја. И мене порано ми делуваше како нечиста. Медузи една година само приметив, една и ме испржи на препон. Од тогаш немав таков случај. Тоа е Егејско море, Јонското се разликува многу, таму и песокот е поинаков, посветол, и водата е бистра ама затоа е и поскапа. Јас не ги разбирам луѓево што упорно се буткаат на градските плажи, си газат по пешкири, галама од кафичи, пикавци на секоја страна, да не можеш да пливаш без да се удриш во некој, бљак, тоа за мене не е одмор, јас сакам далеку од такви гужви. А и не сакам некој да снима дали и колку донатс ќе изедам. Се шалам, никогаш не купив нешто такво А тоа дали имало срби, македонци ќ, бугари, ич не ме интересира.
Ако ти е за поблизу,подобро оди Каликратиа. Меѓу другото многу голема предност се средените плажи и далеку почиста вода.
Помош. Ние со момчето не резервираме за одмор преку агенци и сл туку идеме таму и наоѓаме место од тоа што во агенција ти кажуват едно ,а таму сосема друго и лани си најдовме прекрасна куќа во полихроно. Оваа година размислувам за голден бич после пефркохори е местово.Дали некој бил и дали таму има да си најдеш смештај да не се иде по агенција? Дали има убава песочна плажа?Гледав слики супер изгледа али друго е слики понекогаш и сликата лаже
Здраво...може да ми препорачате некое добро ај да не речам полуксузно хахах место во Грција...со добра плажа и да е добро за навечер за шетање позздрав...
Во Потидеа и јас ќе ви правам друштво! Уплатив преку српски сајт, доста поефтино ми се чини од нашите агенции! Некој знак за распознавање феминки?
Golden Beach Near Paliouri еве вака пишува на мапа. Али изгледа на крај ќе одиме во Неа Врасна кој ќе иде на крајот на август нека пише ќе се дружиме.
ние размислуваме за Скијатос но не предомислуваат - мал остров бла бла....што знаеш ти, што те влече таму ) дај нешто интересно да дознаам.. се мислиме меѓу тасос и скијатос
Ти благодарам Галапче но мм веќе резервирал во хотелот,сакал да ме изненади,но следната година здравје може да дојде во предвид
Оваа година немам многу истражувано но знам дека има убави плажи, многу на број. Организацијата со превозот била добра, поаѓал автобус од градот кој застанувал на 26 станици со различни плажи. Ми напоменаа дека како поубави плажи кои мора да се посетата се Банана Бич и Кукунариес кои беа мислам дека на претпоследната станица. Таму секој ден имало добри журки. Пред поаѓање ќе истражам кои други плажи се добри и треба да се посетат. Цената на превозот зависела од станицата, до најоддалечените била некаде 2,2 евра. Нормално дека некој ден не е лошо и да се изнајми моторче или автомобил па да се прошета и низ островот. Исто така, планирам обавезно да одам и на крстарење на плажата Лаларија каде мислам дека само со брод се стигнува. Во градот имало фини места за излегување. Можеби нема некој јак ноќен живот како на Закинтос на пример ама сигурна сум дека има што да се прави и да се види. Ти зависи кога би одела на одмор, јас наредната недела поаѓам па кога ќе се вратам секако ќе споделам искуство. Инаку и јас се мислев меѓу Тасос и Скијатос, вториов некако ми се виде како поинтересна опција.
некој мислење за Неа врасна, убаво е каккво е, има места за јадење, шетање, дискотеки не ме интересираат со мало дете одиме.
И јас прашував за Неа врасна. Од блиски што знам многу мирно и пријатно место било.Имало места за гиро и за шетање местото било повеќе за фамилијарен одмор.Дискотеки мислам дека нема.Али кафичи за едно кафенце да Се надевам дека ти помогнав малце
па баш и мирно место ни треба, одмор со детенце, блиску било да се оди vo aspravalta мислам дека така ми го кажаа местото било поголемо дали град или незз шо било, прв пат одиме таму незнам шо да очекуваам