@monik55 Лефкада никако без кола, освен таму да изнајмите скутер или кола. Инаку сите плажи се надвор од градот и нез кола ништо нема да видете. Парга одам годинава и засега од она кое го слушнав е дека било прекрасно и мирно место. Закинтос не сум била и не знам ама како што кажа duffi на сите острови е така, ти треба кола.
Мирно не е баш. Полно е туристи и бучно, барем навечер. А за убаво да , убаво е . Поразлично од грчките села на краците.
Цела година чекам на одмор да одам, и бури ме снаоѓаат. Има некој Грција на одмор моментално? Како го тепате ова мизерно време?
Има некој во Грција моментално? Каква е состојбата на краците со поплавите? Читам дека имало евакуација на туристите.
@monik55 Лефкада обавезно со кола. Местото е толку убаво, штета е нешто да се пропушти ради немање превоз Ако одите, Мегали Петра - обавезно! Мене ми е најпрекрасна, ама е неурбанизирана, спакувајте храна и пиење и спремете се за возење
Неможеме со кола нени е сигурна плус зелен картон па полномошно и ѓавол ипол. Ќе разгледаме уште некој ден по агенции. Без кола на пат како без нозе.
http://tvnova.mk/vesti/region/evaku...poplavi-ja-odnesoa-i-plazhata-vo-grcija-foto/ Ова го најдов на нет, најтазе вест. Греота за луѓето што се таму, отишле на одмор а види што ги снашло
Тогаш бирајте поблиску местенце. Навистина долг пат е до Лефкада, а мислам дека не е ефтино да рентате кола таму.
И јас ќе одам Лефкада без кола па ако не видам ништо друго освен Нидри па и тоа ми е гајле хахаха бар ќе се наспијам...инаку сериозно нема никаков друг начин на превоз околу островот освен моторче и кола? нема бродови, автобуси и сл? не сум била Грција никогаш без кола, ама во моментов имаме само една кола и нема смисла да оставиме 10 дена цела фамилија без никаков превоз, па мораме да одиме со автобус а сакавме некаде да е каде што не сме биле, не сакав на краци да одам...Јас научена сум на Црна Горда таму има превоз на секој 10тина мин за секаде па со надеж сум дека нешто ќе се најде и ваму....а ако не се најде, да сме живи и здрави и на друго место догодина
Мислам дека има, ама ако сте двајца пар земете си моторче Нидри е убаво место, но плажата е... Не баш. Ако можам ќе ти изгуглам за превоз. Инаку има тури со бродови.
мн ќе ти сум благодарна за било какви информации...гуглав преска видов дека има превоз и тоа на секој сат ама дали е тоа во пракса така незнам зошто гледам сите тврдат немало...а за моторче секако е опција само уште да го убедам на дечко ми на такво нешто п.с. малку глупаво прашање ама дали е потребна меѓ. возачка возвола за управување скутерче? најдов нешто на интернет ама не разбрав пошто пишуваше за земји членки на ЕУ
Абе во теорија треба, во пракса не треба Прати си ги линкчево, точни се http://www.all-about-lefkada.com/info/bus.php#
Фала ти многу за инфово....Имам време до патувањето, на крај на август ми е, па така иам време да поднаучам уште нешто за местово..ако се погоди супер..ако не, мењаваме
Врнеше околу 24 часа нон-стоп. Ние таму кај што сме немаше поплави. Имаше тука-таму некои поплавени подруми, но мислам дека немаше некои значителни штети. Зависи каде и на каков човек ќе налеташ?! Еднаш ни бараа исклучиво дозвола за мотор иако мм имаше Б возачка.
Нема потреба за било каква друга категорија освен Б за скутер до 50цц. Или сте сакале поголемо моторче, или тој бил неписмен
ние сме во Посиди близу до Калитеа два дена истури од дожд.Денес е мирно ама скоро никој не се бања.Водата е ладна,сонце нема воопшто
@CameliaMiller Срц можеш да ми кажеш до кое гратче е блиску плажа мегали петра?! И според тебе каде е најдобро да се сместиме во лефкада, за да ги посетиме убавите плажи?