@Bubce38 ние бевме сместени до Катизма, одма над селцето Агиос Никитас. И да одам пак, тука ќе се сместам зошто одма тука ти се Милос и Катизма спрема мене најубавите плажи. Пефкоулија исто близу. Ние одевме скоро секоја вечер во Левкас главниот град, чинам 10,12 км беше оддалечен од Аг.Никитас. И нидри е убаво, ама навечер
Ние тргаме вечер. Ни текна преку ноќ за уште еден одмор тука. Не сум била Лефкада никогаш.. Таму ќе бараме смештај. Мислиш ќе најдеме лесно?
До Мегали Петра нема блиску сместување, се вози низ планина до неа... А возејќи низ планината се поминува низ селото Egklouvi кое не смеете да го пропуштите Најубаво е да се сместите на Катизма, од причина што Катизма е најубава "секојдневна" плажа на Лефкада, другиве не ви се баш за секој ден одење. Мегали Петра на мапа Од селцето до Мегали Петра
На Лефкада со моторче НЕ! Патот не е ок за моторчиња. Или со кола или седете си мадро, што вика баба ми ѓаволот ни ора, ни копа. А за спијачки одмор да стегнете толку пат, не вреди. Или шетајте нашетајте се или одете по краците. На Катизма нема многу сместувања и се изгор скапи, 100 евра вечер. Агиос Никитас може пошо преку брдото е Милос плажата која е убава ама би здосадила секој ден.
Има куп други маркети со слични цени. Како Масутис на пример. А грчкиот Лидл во последно време ич не е ефтин како што велат.
Мие да има маркет за од тука ништо да не носам ептен да не бидеме пензионери и вака и така пак ќе тераме пензионерски одмор.
Секаде има маркети, и во Ханиоти и во Пефкохори. Цените на овошјето и зеленчукот се како тука, нема некоја голема разлика.
Масутис е дури поснабден и има и готвени јадења ,не беа скапи,ние лани во Никити си купувавме за ручек,супер е се.На првиот крак знам има на влезот во Сивири,за другите места незнам.
Имаш право и јас приметив Лидл малку забегале со цените за разлика од прошлите години, и тоа не само на краците и во Кавала бев таму уште поизгор беше. Масутис е подобра опција и со понормални цени
Зашо не со моторче? Ја го возев мажето мое и тоа он 2метра е дал господ кај него. ако си искусен возач, и да одбереш 125/150 кубика нема гајле, се шиба. А со оние малецките по 50кубици, ни на прва кривина нема да искачиш. Зезнати се патиштата. За на потро кацики мускули набив од тоа кривините умот ми се зеде. И плус многу заштедуваш на паркинг , и го вртиш цел остров со многу малку кеш за бензин. Ако одите Лефкада, задолжително шетајте го островот. Имам пишувано детали во соодветната тема, да не дуплирам ...
Денес дојдовме Левкада. Катизма за десет минути најдовме апартманче за 45 евра. Претопло е ,моренцето топ. Конечно нешто да ме бендиса во Грција