Околу 4, 4 и пол мислам... Пред нова година бев со автобус до тој мол и тргнавме во 5 сабајле а стигнавме некаде 10 (грчко), без гужви на граница. Сигурно со кола и побрзо би идело.
Даа и јас исто тргам во. 5 од скопје а за враќање во 4 по македонско, и имам испланирано нешто за вечерта па стравував да не закаснам, за тоа прашувам. Фала ти многу
Лaни бевме преку aгенцијa вo вилa Вергинa вo Хaниoти... Прекрaснo сместувaње и блиску дo плaжa 100тинa метри...
Пa и не беше евтинo сo oглед нa тoa штo имaм oдмoр вo шпиц нa сезoнa 55 или 60 еврa oд нoќ беше...aмa не сум сигурнa... Вo привaтнa режијa мoже ќе најдете пoевтинo..
Ретардирани се Грциве со цениве. 50 евра од вечер за студио од 35 квадрати (ништо луксузно, многу просечно, но пристојно) со поглед на шума надвор од сезона? За тие пари (и помалку) резервирав смештај у Порто у строг центар у сред сезона а не у село у грчка на прв/втор крак. Среќа ја резервирав од Фебруари за 75 евра ама у истот хотел/комплекс апартмани сега е 100ка и нагоре. На сам почеток на јуни е ова, втор крак. Прв крак дури бетер се со цени. Грциве почнаа ужасно да нервираат, бетер се од охриѓани.
Хипстер, Порто мислиш на Порто Карас? Некако со постот ме замислуваш дал е тоа или некое место во друга земја. Дали е топло и пријатно на Ипсос во септември? Почнав да го промашувам овој месец, знае да изненади, ама за Халкидики не ми е толку мака, па ме интересира Ипсос.
Порто е град во Португалија. Ипсос во септември не е лош, водата е прилично ок, барем првата половина на септември..
Да на Порто во Португалија мислев, @Rubiii Лоша ми беше можеби компарацијата (многу на брзање го куцнав постот, изгледа многу лошо содржаен и конфузен). Поентата ми е дека Калитеа/Афитос/Ханиоти/Пефхохори и остало грдичи на прв крак се поскапи него Португалија и Шпанија за сместување. Од лично искуство зборам ова. Не сакам да кажам дека не вредат, но мислам дека се прецениле и претерале.
Затоа прашав, зошто ме наведе да помислам на другово Порто, го знам, го гледавме лани ама беше поскапичко. Апсолутно дека и Грците како и наши Охриѓани претеруваат. Гледам за краците скокнале цените, дури и сега за продолжениов во мај е како во сезона за студио, и баш му реков вчера на дм дека Грција само вонсезона годинава, и тоа АКО начекам солидна понуда, иначе со тие пари пре би ЕУ да ја видам. Португалија,Шпанија,Малта,Италија.... уф има добар избор
Девојки ве молам за едн одговор доколку знаете, една пријателка планира одмор во грција со 6 ноќевање, меѓутоа пасошот и има важност уште еден месец од денот кога и поцнува одморот. Дали ќе ја вратат од граница или не би требало да е проблем имајќи во предвид дека патувањето е преку агенција и точно се знае датата кога ќе се врати во мк и сеуште ќе и има важност пасошот.
^ Најдобро да оди да си среди за нов пасош додека има време. Имаат право да ја вратат ако пасошот нема важност повеќе од 3 месеци.
@ph.orhideja Феминки, искуство за Амулиани? Не најдов ништо за ова островче. Ме интересира општиот впечаток за плажи, цени на храна, маркети (Lidl претпоставувам нема), можности, за со кола или без кола (со рентање таму), клима....
Мене Амулиани не ми се допадна. Ридско селце -(островче) би рекла.. плажите се убави ама далеку се .. Сместувањето гарант нозе ќе ти паднат додека стигнеш. Цените поскапи.. Таверни има.. Плажиче до пристаништето.. другите се за со кола, затоа што пешки е прежешко И некако тешко е со паркингот..
Ако другарка ти е со деца, со сопруг нема да ја вратат. Имав еден таков случај помина. Но ако не е фамилијарна подобро да си извади нов пасош. Според мене пасош не се вади во сезона на одмори. Затоа што секогаш се соочуваме со ваков проблем. Јас пасош вадам или ноември или март. април кога помалце патувам.
Јас сум била само на еден ден,на гости бевме кај пријатели кои беа таму.Со траект од Трипити.Премногу е мало островчето,не ви треба рента кар,нема што многу да се види(освен ако не шетате низ краците).Цените на храната мислам дека се како на краците,плажите преубави,а за маркети не знам. Пријателиве се презадоволни,секоја година одат таму,многу им е погодено.
дали може некој да ми препорача каде е најубаво да се оди да има блиску за излегување за на вечер може и со кола а плажата да е блиску од вилата, ако се оди во парга кај е најубаво да се сместиш или во лефкада ?
Некој што скоро бил на одмор во Пефкохори, да каже како е и дали навечер има добри места за испаѓање ?