Некој што бил во Паљури да каже искуство и дали има во близина кафичи ,места за јадење и сл. Или кажете добро место на прв или втор крак
Zavisi koj ke se pogodi na nasata granica, Grcite ne pravat problem. Mene ne me vratija, a imav vaznost tocno uste eden mesec od denot koga otidov.
На втор крак прeдлог плажи од страната на Неос Мармарас (таму ќе бидеме сместени)? За три дена знам дека не може којзнае колку да се види ама пошто одам прв пат ме интересира некоја добра плажа, таверна, ГИРО кај да јадеме, некое барче.
Здраво женски ме интересира за Грција т.е поточно за Ормос Панагиас на вториот крак.Дали некој од вас бил на тоа место и како било поздрав и пријатна вечер
Тие што сте биле Неа Врасна како сте задоволни од местото? И како стојат цените на лежалките, пијачките и храната
Дечки, друштвото ова лето планираме да одиме Грција али не знаеме кои места се за млади, да не биде ептен пензионерско. Острови отпаѓаат бидејќи некои не се сложуваат да патуваат толку далеку, па сепак нешто поблиску а забавно би ни дошло супер.
Јас сум била многу пати во Пефкохори, местото е стварно преубаво. Плажите искрено не се толку широки па ако има гужва е малце потешко за место. Има неколку големи маркети под и над главната улица, целото крајбрежје е полно со ресторанчиња, има доста продавници за облека и некои украси, по малите улички има доста продавнички за гиро, има слаткарници. Има и доста кафичи кои се особено активни за викенд дури до раните утрински часови и тие се наоѓаат покрај брег, а преку недела мислам работат до кај 12-1 часот сабајле. Стварно го препорачувам местото
И ние си бараме место во Грција за летово со дечко ми..ама цениве се изгор изгледа ќе се печеме Охрид
И јас тоа гледам. Стварно е прескапо, посебно ако одат само двајца. Не ми се даваат толку пари а пуста јас сакам да се брцкам во море
Девојки има некое инфо за невреме во Грција нареднава недела особено Лефкада , Парга . Што може да се очекува веќе резервирано ни е малку се загрижив . Дали ваквите временски промени знаат да потраат или ?
Ако одите со кола тогаш Лефкада. Ние лани бевме со мм, преубаво си поминавме. Овде го видов најубавото зајдисонце. Ако се одлучите за овде, обавезно да одите во ресторан Рахи, во Егзантија (мислам оти вака се изговара ) .
Здраво девојки да ве прашам дали некој бил во Врахос на одмор и искуства да ми сподели? Вила Санрајс ја одбравме и има дури 3-4 сликички.уплатено ни е веќе за од 18 јули но ништо не знаеме а скапо го плативме аранжманот Јонско море првпат одиме.па и Лефкада ке ја видиме, со своја кола ке сме 50 км е од Врахос далеку Инфо некој?
Мало местенце. Буквално една улица на плажа и на неа е се. Морето е прекрасна тиркизна боја. Плажата е песочна и широка. Лежалка оди со нарачена пијачка. Местото е како во дупка. Околу се планини.
Си била во Врахос? Во која вила?во агенција бев по аранжман за лефкада.они ме предомислија и многу ми го пофалија Врахос