Здраво. Оваа година касно го испланирав одморот. Може ли да ми дадете контакт од студија или апартмани за изнајмување на прв крак. Благодарам однапред.
здраво, ме интересира кое место би ми го препорачале на прв крак Полихроно, Ханиоти или Калитеа? Одам заедно со дечко ми но баш на одмор не повеќе за дискотеки значи сакаме убава плажа чиста вода и пак да има кај да се седне навечер на вечера ? Убав ден, поздрав.
Здраво девојки, што мислите од искуство за одмор во Фурка со кола, бремена сум и бараме местото да не е мн со гужви плажата да е песочна водата чиста, а и во близина има места како Калитеа каде пример би можеле да одиме на еден ден за да се прожетаме на вечер или на плажа во околните како Сивири или откри во Калитеа или пефкохори.
Некој дали бил во Афитос ова или минатото лето.Препорака да ми даде и да сподели исуства како е за летување во целина. Благодарам
Дали има некој што бил на островот Амулијани да сподели искуства, дали има каде да се шета, има ли воопшто некои екскурзии со брод, како се движат цените на островот. Благодарам
@Најдобрата Амулијани баш не ми се допадна , бев минатата година. Алики плажата е многу убава, плитко, песок, водата преубава. Голема е така да место се наоѓа. Лежалка со пијалок иде. На крајот на плажата има многу убав кафиќ во карпа и ја гледаш целата плажа и морето. Амулијани за денски, за плажа е супер, ама навечер катастрофа. Само едно место функционира на островот, една улица т.е. две улички паралелни кои ке ги прошеташ за 5 минути и тоа е тоа за шетња. Голем минус што нема лидл или масутис. Екскурзии и слично нема. Ако ти е за море само иди нема да погрешиш, ако сакаш и шетња тогаш подобро тражи нешто друго.
Женички дајте ми предлог за одмор, сакаме да одиме за 10 дена а немаме идеа каде. Јас сум бремена, па неможам многу да патувам, максимум 5 часа од граница. Ќе патуваме со кола, па нема да можеме да одиме по островите. Ми се оди на убаво местенце, но немам идеа каде..
@oblace1 А дали има организирано несто до Дрениа или Уранополис и колку чини. Гледав на интернет дека од Уранополис има некои екскурзии за 20-25 евра околу манастирите и капење на други плажи
Имам две прашање едното е општо, а другово за КРФ но може и за другите острови да кажете. Најмногу ме интересира цената за наем на студио или апартман на лице место. 1,Колку кошта траект за особа да пренесе, а колку за сопственото возило? Во КРФ, Закинтос, Кефалонија, Евиа, Тасос и Амулјани. Мислам тоа ми е некако недостаток на информација. 2,И за КРФ порано имаше повеќе понуди и тоа на база плаќање по студио. А сега го вклучуваат превозот и траектот по лице, А сместувањево е воглавно во двокреветни соби. Прашањето ми е дали може да се сместат 3,4,5, лица во апартман и на тој начин би било поевтино. И колку се движат цените на лице место за сместување. Каде е убаво да си сместен кога си со возило. Може и да биде помало местенце само да биде на плажа.Преку букинг е поскапо. Ве молам споделете искуства.
Дали може некој да направи паралела меѓу Калитеа и Сивири? Постоперативно ми препорачаа море па се мислам кое место да го одберам. Ми треба нешто поблиску, помирно местенце, чиста плажа и вода. Читав дека за да стигнеш до Калитеа треба некоја угорница да ја искачуваш?! Кое местенце ви се допаѓа повеќе?