Сум била во Калитеа и можам да кажам дека водата е чиста и бистра, не е многу длабоко. За да стасаш до плажите е удолница и за враќање од плажа е малку напорно по скалите или угорницата али вреди.. Препорачувам
Зависи каква операција. Ако можеш да пешачиш нагоре тогаш Калитеа, ако не тогаш Сивири. Ма да Калитеа има поубава плажа/вода според мене
Најдов ефтино сместување за Криопиги, но никогаш не сум била таму и ме интересира дали ова место има да понуди нешто за млади? Гледав слики од плажата, некако ми изгледа тесна и отпадна. Поточно, 11 минути е оддалечен хотелов од плажата, дали е тешко одењето, има ли угорници? Дали има ресторани и кафичи како за млади, или евентулно Калитеа да се оди со автобусче или слично? Секое мислење е добредојдено
Девојки,немам досега одено на остров сепак за крајот на септември го одбрав Тасос,читав дека е мирен остров и се пронајдов во него доволно.Сакам да споделите искуства,цените како се и каде е најубаво да бидеш сместен? Исто така ме интересира како е во септември таму некој што бил,има ли раздвиженост?Дали e ладна водата и дали се достапни плажите за пеш? Ви благодарам
Миа јас бев во 2012 при крајот на јуни,си поминав убаво.Со другарка ми си земавме рента кар и цел остров уздуш и попреку има што да се види,водата топла и чиста плитка ,беше полно,дури има една нудистичка плажа каде никој нема да те ѕвери.Мирно островче е и нема многу галама.Апартманите беа ок,во хотел не сум била.Ако одиш преку агенција плажите не се далеку,мало островче е се е некако блиску.Мој совет ти е или твој превоз или рента кар за да ги видиш убавите плажи.Така беше кога бев јас,сега ако е сменето....Ти кога ќе се вратиш ќе споделиш.Убав одмор,да си поминеш супер и да фатиш боја.
Девојки планирам да отидам неколку дена накај Неа Потидеа следниов период.. Но ми кажаа многу имало кражби и посебно по смештаите со тоа спрејот што им е сега ограбувале.. Некој да бил сега брзо да ми каже нешто во врска со тоа ако знае? Фала
Во август бевме во Переа, после Солун е наоѓа. На приземје бевме сместени но немавме никаков проблем.. немам слушнато за кражби во последно време, всушност во Грција ептен ретко имам слушнато дека се краде..што знам, често одам натаму..
И ние не слушнавме некој да се пожалил. Јас па не ни помислив на ова , шознам. Ете се десили со луѓево и толку.
Devojki zdravo... Za ova leto razgleduvam ponudi za Neos Marmaras, za vilata Sole A Mare, relativno nova vila i spored sliki mi izgleda super. Pa shto mislite voopshto za Marmaras i za vilata ako ste prestojuvale vo nea?
девојчиња здраво сакам да одам за Велигден за Неос Мармарас, па би сакала да слушнам од вас дали бил некој во преиод кога не е сезона, дали има отворени ресторани, продавници или е штама .....?
Во Фурка дува цело време. Другата страна на кракот е помирна водата. Полихроно, Пефкохори, Ханиоти, Калитеа, Афитос. Според мене од сите Калитеа е најубаво, водата е плитка и многу чиста. Ханиоти, Пефкохори и Полихроно има многу гужва на плажа, посебно Ханиоти.
А Посиди искуства некој исто за со мало дете , овој Хотел Посиди Парадајс го разгледував ок ми изгледа ама за местото и за морето ништо не знам
Посиди кај нас не е толку актуелно и познато, според мене најубаво место на прв крак. Сум била скоро на сите места на првиот крак, Посиди има најубава плажа и вода. Посебно заливот
До р'тот ако мислиш, се пешачи 10 минути. За со дете не знам дали ќе е добро... Добар е хотелот. Но Посиди за со мало дете мислам дека не е. Подобро избери Сарти, Калитеа (прв ред до плажата има хотел), Никити, Ханиоти...
Сарти за со мало дете не е. Не памтам да немало бранови.. а и не е баш плитко особено во стариот дел Во Калитеа со дете ако си притисокот 200 ќе ти скокне на жешкото одејќи нагоре надолу по тоа брдото..
Има дел каде што нема бранови во Сарти. Голема е плажата во Сарти, големо е и местото, нема паркинг-проблем како во Пефкохори, за навечер голема е за прошетка, во околина има и други многу убави плажи. Не мислев само на плажите, туку и за селата и околината генерално.