Ние потрошивме некаде околу 300-400 евра, но секоја вечер јадевме надвор, бевме и на крстарење, многу сувенирчиња патарините околу 15 евра беа грчките, во Џамбо наминавме на враќање... Плус сместувањето (340 евра крајот на јули) и превозот (полневме во Гевгелија до врв, секој ден одевме на различни плажи, за враќање дополнивме 40тина евра).
Ако имаш број ,контакт од сместувањето во лефкада би ми пишала? Ние баравме смештај се е над 40€ од ноќ..
Nie imame smeshtaj i avtobuski prevoz i jadenje se toa. Za ostanatiot troshok me interesirashe so kolku se pominuva?
Па ако сакаш лежалки се плаќа. Т.е се плаќа пијачка, кафе или што ќе нарачате. Ако не ќе си носите чадор . Штом смештај, храна имате, друго зависи од вас. Дали ќе шетате, ќе одите на некое крстарење, ќе купувате нешто плус.
Се мислам помеѓу Крф, Ипсос или Парга.... Која е подобра дестинација за млади да се прошета и види нешто, а воедно и да се ужива на плажите? Како стојат со цените? За превоз и храна?
Бевме преку агенција, во вила Ригас во Нидри. На супер локација е, на почетокот на главната улица, веднаш до неа има маркет, позади е плажата. На Савана е закупот.
За Сарти некое инфо? Конкретно за плажата. Се одлучивме за таму. Читам еден дел од плажата е со поплитка вода како за со мали деца. И дали околните плажи во делот на Сикија се лесно достапни по асфалтиран пат?
Ако одите на други плажи ќе треба да изнајмите кола или моторче, а да не ги посетите е стварно штета. До градот Лефкада е убаво да отидете навечер да прошетате. Ние бевме со кола така што не знам да ти кажам дали има автобуси и која е цената. Крстарењето исто е убаво, 20 евра мислам беше. Во Рахи има многу добар ресторан со бар, многу туристи и многу убав поглед одозгора. Цените во рестораните за главни јадења се некаде од 10-20 евра, салати 5-6 евра, виното околу 5-8 евра ако добро се сеќавам. Во споредба со другите места низ Грција тука некаде се цените. Јас искрено очекував дека е многу поскапо.
Да ми препорачате некое место за смештај во Неа Флогита ми треба за две ноќевања, апартман или шо и да е
@cinderella7 Парга не сум била, ама од кажување имам сфатено дека е преубаво романтично местенце, од потивките. Водата кристална, плажи преубави. Самото градче е како амфитеатар. Ипсос сум била сместена, не ми се свиѓа, затоа што плажата што е таму е мала тесна, на самиот пат. Водата онака, не е нешто посебно. Ќе треба да одиш до други плажи како Сидари, Врахос и сл. Ако си сместена во самиот град, можеби е и подобро. Поблиску ќе стигнеш до плажите и не си во селце. За скапо, сегде е таму, пошто Ипсос нема Лидл. За журки Крф е измислен, само колку пијаници има, страшно. На Крф треба да е поскапо од Парга, пошто сепак е остров.
Здраво! Имам дилема за одмор, сакав оваа година да одам на остров, и се мислам помеѓу Скијатос Тасос и Крф. Најмногу ми се прави мерак за Скијатос поточно Кукунариес делот најдов понуда од агенција. Мислењето ми е подобро да сум на плажа а да патувам до градот одколку обратно.Е сега, без превоз сме двајца. Дали некој ќе може искуство да сподели, или совет да даде? Тенкјууууу
Здраво, сакам да прашам како е во Ставрос, Аспровалта? Конкретно ме интересираат плажите какви се? Сакаме на викенд 3-4 дена да отидеме, не ми се оди по краците, малку да смениме не сме биле никогаш на тој дел па да барам ли сместување или сепак друго место да барам?
Екстра е. Ако одите со авто, има диви и питоми плажи. Во Аспровалта се повеќе фамилијарни, во Ставрос има помлади. Во спротивен правец од Аспровалта де убавите плажи. На некои има и јадење и пиење, на некои само песок и уживање.
Sakame da odime vo polihrono na 3-4 dena so dete od 2,5 god.Dali imate nekoj kontakt za privaten smestaj po moznost blisku do plaza da ne bide preku agencija ?
Здраво прашање за поискусните. Годинава сакаме одмор во Грција но неможеме да се одлучиме за место. Кажете предлог место погодно за со детенце 1 годинка поширока плажа плитка вода да има каде да се прошета навечер... И најбитно да е поблиску 3 4 часа возење најмногу некаде на почеток на краците халкидики касандра тој дел. И цени како се движат ако знаете за апартмани студиа и храна . Благодарам однапред. Поздрав