Не сум била ни на двете места, некој ако може да ми направи споредба со Калитеа (вила на сама плажа) и Неа Флогита (вила Бузалис), најмногу ме интересира плажата и комарците
Малку поефтино од прв крак . Фрапе е 3,5 евра , пиво 4 , овошна салата 5 , лименки сок 3 евра . За храната не знам да ти кажам скапо ли е . Можеш да ручаш и за 20 евра ,можеш и за 200 . Зависи што ќе јадеш . А можеш и со 6 евра да си помините двајца , да јадете пример по едно гиро. Градската плажа во Мармарис е солидна ,ама има многу многу поубави. Ако сте со кола можете да прошетате до некои
Дали некој бил на втор крак во местото Метаморфози...ве молам за инфо дали е ок плажата, дали има да се купи нешто таверни продавници и сл?
Некој ако може да ми каже за ови места како е таму дали има нешто да се купи како на пример јадење облека дали е ефтино а и плажите како стојат. Полихроно ситонија и пефкехори ви благодарам
Јас на 24 јули одам во Кавос на Крф..Може доколку некој бил да ми напише како е таму, да ми препорача некои места кои вреди да се посетат, како се движат цените по диска, кафичи и тие работи
Ве молам за препорака, дали втор или трет крак ? и ме интересира за втор крак каде е најдобро бидејќи не одиме со авто туку агенциски,каде има најубава плажа и каде воедно е најубаво градче за шетање за ресторани? Фала однапред
@Anaouou На втор крак се најдобрите плажи со тиркизна вода. Поголеми места каде што има за шетање се Никити, Неос Мармарас и Сарти и градските плажи во овие места се убави. Никити има преубаво шеталиште, со марина и добро е како база за сместување бидејќи сите убави плажи од двете страни на кракот се блиску. И на третиот крак има добри плажи, само што почесто дува ветер. На вториот крак скоро сите плажи ги имам посетено, ако те интересира нешто поконкретно слободно пиши.
Мене ме интересира за плажите на вториот крак дали се со ситен песок? Кое место е подобро, Никити или Сарти? Ние бараме помирно место без многу бучава и убави големи песочни плажи, па кое би ни било попогодно од овие.
Двете места се со ситен песок. Сарти е помало место од Никити. Може да се каже дека е помирно, ама не и пусто, бидејќи има доста продавници и место за шетање. Градската плажа во Сарти е долга 3 км. Единствена мана е што има повеќе ветер и често бранови. Но во близина има многу убави плажи. Никити е малку поживо, во близина има доста добри плажи како Калогриа, Ковиу, Лагониси, Кариди. Блиску се двете страни од кракот и ако дува на една може да се бара место од другата страна. Зависи што барате. Ако сакате мирно место, без гужва ноќе и со убава и долга плажа, тогаш Каламитси е совршено каде според мене е најубавата плажа на вториот крак. И Торони исто има добра плажа, долга, широка и со малку покрупен песок, но ноќе нема никаква забава. Само неколку продавници се и до 23h е целосно тивко.
Мене ме интересира за Неос Мармарас како е плажа и ноќен живот, и кое би ми препорачале Неос Мармарас , Сарти или Никити, воедно да има и добра плажа и ноќен живот, не мислам на дискотеки туку таверни продавници, бутици ?
Уплативме за Аспровалта 4 дена ке сме, требаше викендов да идеме ама се расипа колата, сеа од 1-4јули, да ми кажете плажи кој да ги посетме? Околните места, со кола сме па така можеме да шеткаме околу, и тоа ни е планот само да не лутаме, кој бил да каже некои убави места? Ви благодарам.
Неос Мармарас е најголем од сите т.е град е. Многу е живо, има многу продавници, таверни, кафичи. Единствена мана според мене е што е брдовито место, за разлика од Сарти и Никити каде се е рамно. Има две плажи, градската која се простира до Порто Карас, долга е и песочна, со многу чиста вода и сенки и Парадизо плажата, која е помала но исто убава. Можеби градската плажа во Неос Мармарас е најдобра од сите плажите во сите три места. За препорака не знам, сите се добри. Зависи што сакате, дали сте со мали деца, дали планирате да шетате на други плажи итн. Ако се одлучите за Неос Мармарас барајте сместување во близина на градската плажа, поточно кај стадионот, бидејќи ако сте подалеку ќе мора со кола заради угорнините.
Калитеа е добра за забава, има кафичи, реторанчиња, продавници, многу е живо, а Неи Пори поише идат со деца.
Предлог за некое место за млад пар? Да биде релксирано ама да има и за шеткање.. гледав нешто за парга ама не знам некако ми е над буџетот
Јас бев во 2017год. во местото и мене лично не ми се допадна, за крстарења мислам дека нема, но може да си изнајмите мотор и да ги посетите плажите на островот. Ноќен живот нема, кафичи до 1 часот после се е празно.