Сарти, се наоѓа на вториот крак.. местото не е скапо,ние бевме со сопствен превоз и сами си најдовме смештај -80евра од лице за 6 вечери
Toroni blue sea во Торони Ситонија дали имаат своја плажа или само базен? Ако има дали се плаќаат лежалките ако се престојува во хотелот?
Villa Stelios, не земавме бројче но сега отворив на гугл и ми го покажа овој број: +30 698 458 4622 ако си заинтересирана пробај пиши им на вибер
Може некој да сподели искуство за Асправалта, поточно за плажата. Дали е слично како Н.Врасна, со оглед дека се блиску, односно дали има бранови и дали е одма длабоко?
Исто. Ако има бранови Врасна,има и ваму. За нијанса можда поплитко е. Што не разгледаш за Олимпијада. На 4 км од Олимпијада е плажа Бабилон. Сон Како да не си на тој крај Поготово за со дечки
Знам и Олимпијада ми е прв избор ама слабо понуди па ме однесе Букинг накај Асправалта. Фала во секој случај
@duffi ( или некој друг) да не случајно си била на Терми? Тоа некое место после Солун одма што било? Као имало некоја плажичка и фини таверни
Не сум. Само слушам за него. Ама колку поблизу до Солун, толку полошо е , шознам . Може па и арно ќе излезе. Ако одиш кажи.
За еднодневна сакам да го 'пробам'. Ај мош утре. Не ми се возе веќе по 150 км. Овоа на 80 км од граница ќе му дојде
Дали знаете некој такси превозник што врши превоз до Грција - прв крак, да ми дадете бројче и ако знаете колку е цената по лице ?
Оваа година сакам да одам за прв пат во Неос Мармарас. Не сум тип што сака дискотеки . Па ме интересира дали се исплака да се посети Неос Мармарас без кола. Најдов смештај кај стадионот па дали од тука може пешки да се оди до плажите и да се шета низ чаршијата .
Да шеташ низ гратчето можеш пешки. До плажа пешки можеш само на гратската. За околните си треба кола.
Здраво, дали има некој престојувано во вила Алкано или вила Соле А Маре во Неос Мармарас да сподели искуство која би ми препорачале и дали е многу бучно бидејќи се во центар ?
Можи да предложите кои места би биле поубави за парови. Да не е фамилијарно место каде ке има многу со мали деца. Нормално и да се поголемки да не ни биде здодевно.