Во Ставрос бев пред 2 години. Плажите се песочни, широки со ситен песок, е сега водата не е како на краците, но не е лоша. Нема многу тревки, освен кога има бранови нормално. Има шеталиште , дуќани, слаткарници.. Е за дискотеки незнам јас бев со моите и незнам да ти кажам мислам дека имаше една дискотека. Имаше една плажа кај шо одевме беше малку одалечена се одеше со кола, но беше почиста водата, бидејќи немаше гужва како на градската плажа. Ако сте со кола прошетајте. Во Аспровалта сум била на шетање, а на плажа не. Мислам дека е малку поголемо од Ставрос.
ке сака ли некој да ми каже дали е бил во сарти ,бидејќи планирам да одам на 7 ми август...какво е таму дали е добро местово ..итн...
Јас бев во Неа Врасна многу ме бендиса и водата многу убава како што сакам јас се вратив предходниот ден кога се зачленив на Фемина
Бев на Закинтос и преубаво си поминав, журки, шетање, плажа, прекрасно море, тури низ островот се беше супер Местово е измислено за млади
Ние бевме годинава на одмор во Грција! Местото беше наречено Фурка и навистина најубаво си поминавме!
Ние бевме во НЕИ ПОРИ во Грција-310 км од Скопје и мноооогу убаво си поминавме! Бевме десет дена во јули месец,преку туристичката агенција од Битола-ЈК ТРАВЕЛ,супер бевме сместени,приватен апартман на 50-60 м.од плажа. Идеално место за фамилии со деца,со лулашки,забавен парк,вовче,дооолга песочна плажа........... апсолутно се најубаво!!!
Едвај чекам да дојде летоооо. Дали во Парајлиа, Хањоти, Тасос... Не е битно Мене Грција ми одговара за одење на одмор, бидејки е најблиску, плажите се преубави, и пристапна е со цените... Особено за млади луѓе, со промоции од типот Ladies night, бесплатен влез во дискотеки.... Исто и за фамилијарни луге е супер. Незнам зашто се замарате со политика и со глупости. Лугето на туристичките места не се замараат, сите се тотално опуштени, и гостопримливи Јас досега, не сум имала никаков проблем.
Ако соберам пари не му ја мислам ама ич Грција како земја е преубава, блиску е, цените се некаде попристапни некаде не, но секако е подобро да дадам плус 100-150 евра за на море отколку за Охрид на пример. И не гледам зошто да не одам, не им го полнам само нив џебот, туку и јас си се полнам себеси со задоволство што сум на убаво место, со убаво море и си поминувам преубав одмор. Црна Гора нема толку убави плажи и Јадранот е поладен, мене лично не ми одговара, а и е подалеку. Е Хрватска е 100 пати поубава и од Грција, ама па е доста поскапо. Бугарија мене лично не ми нуди ништо освен долг пат и лошо море. Во Албанија некако не ми се оди, ми се чини дека уште треба да се доразвиваат. Така да, апсолутно не гледам причина зошто да одам на друго место кога тука ги има сите услови за добар одмор, а дали не мразеле или не, без навреда до Охриѓанките, не генерализирам, али и во Охрид никогаш не сум добила добар третман дури и лично ме навредувале, за разлика од Грција каде секој се однесува како трговец и нив им се битни парите, а не дали јас доаѓам од Македонија, Србија, Романија или што ја знам.
Ма каква политика ич не се замарам со тоа...старите нека се замараат ако им годи. Јас Грција си ја сакам,Убаво е,плажите се прекрасни,ноќниот живот уште поубав,мирисот,климата,јадењето,благите ммм,луѓето се пријатни ако поубаво ги запознаете. Јас долго време имам поминувано таму бидејќи имам роднини и да би била и финансиската состојба нивна добра би останала таму ама...никогаш не се знае. Сепак сакам и годинава да одам секако.