Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Од 1-ви јули и официјално ќе биде дозволен влез во Грција БЕЗ ТЕСТ.
     
  3. NanaMia

    NanaMia Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    2.938
    Пол:
    Женски
    ‼️ Грција кажа НЕ за корона тест при влез во земјата и карантин на туристите ова лето ‼️

    ✅ Грција објави дека на туристите ќе им биде дозволено да влезат во Грција без да прават тест за корона вирус или да останат во карантин.

    25 мај: Се отвора поморскиот туризам, најбезбедна туристичка активност за време на пандемијата на вирусот корона.

    1 јуни: Се отвораат камповите и хотелите кои работат во текот на целата година.

    15 јуни: Започнуваат со работа сезонските хотели и сместувачки капацитети. Во исто време, започнува со работа и аеродромот во Атина.

    1 јули: Втора фаза на активирање на летовите на сите аеродроми во земјата.
     
    На buba4e89, Lolipop23 и Ahoy им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Дали може некој да препорача вила со директен поглед на море, по можност на плажа? Може да биде на Халкидики или околу Кавала.
     
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    18.344
    Пол:
    Женски
    Дали може некој да ми каже каде е подобро да си сместен на вториот крак? Во смисла да не биде досадно навечер да има каде да прошетаме да седнеме, да не мора за едно излегување кола да палиме, ке одиме за викенд 3-4 дена. За плажите се информирав ке одиме со кола па нема да претставуваат проблем да се прошетаат. Ама ова со сместувањево ме мачи не знам каде да барам сместување..
     
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Никити или Неос Мармарас. Никити има подобра локација, според мене. И Неос е доста стрмен, ако одите таму смештај исклучиво околу стадионот да барате.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.184
    Пол:
    Машки
    Дали некој бил во вила Елена полихроно? Ме интересира каква е вилата, собите..?
     
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Дали има некој искуство со Skion Palace во Неа Скиони? На Trip Advisor гледам лоши рецензии.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.247
    https://www.cntraveller.com/gallery...E2boRxxGjjLHHSzNaWuNOQCUTk#Echobox=1589553196

    Ако не сте биле со партнерот - сами, барем на еден грчки остров, да ја поправите грешката после короништево.
    Бирајте.
    #грчкиостров он мај мајнд
    Ништо не е ни приближно слично од доживување. Ок, сем Италија. Ок да сумирам, било кој Грчки остров и било каде западен брег на Италија (плус острови). Ама сепак, грчки остров. Доживување, храна, романса, време, море, вие двајца, добра книга, вино, авантура, зајдисонца, крстарење, странци и подалеку од балканци...
    Тврдам дека е нешто поинакво.

    Короно...оди си.
     
    Последна измена: 1 јуни 2020
    На Biljarkata, Ana-Marija24, Dust и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
  11. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Во врска со ситуацијата дали планирате да одите или веќе ги откажувате аранжманите?
    Би требало од 1ви јули да ги отворат границите.
    Ние во август имаме резервирано, искрено не знам дали да ризикувам да одиме или навреме да откажам. Одвај чекав лето да дојди, а со бебе некако ризик ми е.
    За втор крак имаме уплатено поточно Никити.
    Мислења?
     
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.054
    Допаѓања:
    178.869
    Пол:
    Женски
    Да си одите и најубаво да си поминете. :)
    Сигурно ќе доаѓате фамилијарно со сопствен превоз. На плажа ќе си бидете вие, ќе си шеткате вечерите пак само вие. Ризикот на минимум.
     
    На buba4e89, mimiiiii, Magic13 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Незнам што да ти речам. До пред 5-6 дена цврсто бев убеден дека ќе одиме, исто почеток на август, ама немаме уплатено, блиску бев до уплаќање на почетоков на јуни. Искрено, среќа што не плативме. Ситуацијава ни лево- ни десно е. Ај ќе отворат граници, ама дали ќе не примат?
    И да би имал бебе, би размислил.
    Никити е супер, ама има и гужви. Ако одите со кола и се решите да одите, бегајте на дивите плажи. Во радиус од околу 10км на Никити се најубавите плажи на Ситонија.
    Што и да одлучите, со среќа. Сите се надеваме дека ќе отидеме.
    Ако не повеќе, барем викенд, :D
     
    На Magic13 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.762
    Допаѓања:
    173.018
    Пол:
    Женски
    Јас би одела @Magic13 ..
    Уште да можев летово..нека напраат денот да има 34 часа аман веќе:sweat:
     
    На Magic13 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Со сопствен превоз сме.
    Ситонија одиме 5 години со ред на различни места. Познати ни се сите плажи, и среќна сум што има такви каде нема многу гужва. Но Никити како место е преполно, тоа ме загрижува. И да не шеткаме многу навечер пак мора да излезиме барем до маркет.
    Еднаш се мислев да го смениме местото да бараме нешто со помалку гужва, веќе не знам ни што да мислам.
    Ах колку е прекрасна таа Грција.
    @Yowannty ти завидувам што живееш таму :):hug:
     
    На Yowannty и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    @Yowannty @koritsaki каква е ситуацијата сега откако ги примивте првите туристи? Се прочитуваат пропишаните мерки? И дали најбројни ви се Србите, или има и други? :)
     
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.054
    Допаѓања:
    178.869
    Пол:
    Женски
    Кај Корицаки денеска 33 чинам нови случаи беа. Кај мене на Крф само муабети меѓу луѓе дека имаме заразени туристи во карантин, ама овде промовираат дека е безбедно па не верувам ни дека ќе има нешто официјално. Иначе кога ги отворија границите со Бугарија имаше по 5 км колони за влез.

    @Magic13 нема врска гужвите, вие сами ќе си бидете. Јас во твој случај би дошла. Јас откажав одмор оти требаше 2 авиона да менувам, ама само ние 3ца сме со план до Охрид да наминеме. Секако, ти најдобро си знаеш. Ако го премислуваш цел одмор ништо од одмор нема да видиш, ама ако си се организирате може супер одмор да истерате. :) :hug:

    Овде кај мене се си е како пред карантин. Во парк си се цели групи, сега последно ги отворија игралиштата и лулашките за најмалите и кога да поминам полно е.
    Само на плажа и по таверни ако се поголеми групи ги разместуваат оти казните се големи. Друго се си функционира како и претходно.
     
    На koritsaki, Magic13 и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Ти благодарам. Видов дека Грција има 54 нови случаи денеска, а до вчера 14-15, па мислев што се случи.
    Се надевам дека и ние ќе дојдеме на моренце, бар на викенд. :D
     
    На koritsaki и Yowannty им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.054
    Допаѓања:
    178.869
    Пол:
    Женски
    54 нови, а 33 или 36 нешто така беше само во Ксанти. Со добра организација, следење препораки секако дека може да се истера викенд па и цел одмор. :)
     
    На koritsaki и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Така е. Само дали ќе не примате. :?:

    Нов тренд :rofl::
    Screenshot_20200617-223342_Instagram.jpg
     
    На P.S.love, Lolipop23, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.