Предлог некое место за одмор за млади, да има кај да се прошета и да се види нешто повеќе? Било на кој крак.
Калитеа, Сарти, Неос Мармарас, Ханиоти, Никити, Неа Флогита (или Неа Плагиа, споени се), Неа Каликратиа...
Фала, во Калитеа, Ханиоти, Неа Флогита и Неа Каликратиа бевме. Во Сарти се заљубив буквално од слики. Најверојатно тоа ќе ни е следната дестинација.
Да, од 55 нови случаеви повеќето се во моево место. Ама не се туристи , сето ова заразено е од прославите за Бајрам што беа.. а слушав не верувале во вирусот , па ги растеруваа од џамија и си правеле собиранки дома. Сега се надевам поверуваа. Денес 4 умреа, сите од тука. Него и јас би одела на одмор фамилијарно, без др друштво, без групирање и тоа е. И ние ќе одиме за Мк некаде крај на јули па се до почеток на септември ќе си седам кај мама
Специјален протокол за влез во Грција од 1ви јули. http://naslovna.mk/2020/06/28/Од-среда-специјален-протокол-и-задолж/ https://travel.gov.gr/?fbclid=IwAR0aYO9uZo6ZhVyhLUpEORxOQrmJgzOx7crNxLnzqeQ9udp-9YTiz5FP1dA#/
Грција од 1ви јули ги отвара границите за сите освен за 9 земји кои имаат најмногу случаи за Ковид меѓу кои е и Македонија. Тешко изглеа за Мк оваа год за одмор за вп Грција
Ова веќе сигурно е дека нема да нè примат? Некаде прочитав дека ја разгледуваат опцијата сепак да нè пуштат нас и БиХ.
Ако не пуштат, дали ќе биде дозволено да се оди на еднодневна екскурзија или на 2-3 часа до градчињава близу границиве? Дали ќе треба истиот оној формулар да се пополнува?
Еве ќе го отворале Евзони од 1ви, ама дали ќе не примаат кој знае. Требаше и Ники да го отворат https://www.ekathimerini.com/254178...border-crossings-with-balkan-countries-turkey
Епа тоа, отвараат на 1ви ама дали важи и за нас, тоа не знам. Ќе видиме денес, утре што ќе одлучат Грциве, па ќе објавам..
@Ahoy за жал границите со Грција остануваат затворени за Мк граѓани. Можат да поминат одредени граѓани:
Се спасија оние со Бугарски пасош Камелијоооо, извади ли пасош или ќе се шлапаш во Дојран? @CameliaMiller
Општо прашувам. Сум била на неколку места, во хотел со доручек, во апартман со сопствена храна и на пример, поефтино поминувам во Турција ол инкузив. Зашто јас на одмор тргнувам со куферче алишта и толку. Храна купувам таму или јадам надвор (ресторан, сендвичара, гиро) и не поминувам баш ефтино. А во Турција околу 500 евр ме фаќа карта и хотел во август и тој е трошокот. Се е вклучено. Албанија исто ефтино е, само мене не ми се свиѓаат плажите и ја избегавам.
Ние секоја година начекуваме убави понуди. Во Грција сме биле со 300 евра по човек all inclusive без вклучен превоз, хотелот беше на 5 мин од плажа. Во Турција сме биле за 370 евра по човек со чартер исто all inclusive во хотел во втор ред од плажа, се гледаше плажата од балконот. Зборам за хотели со 3 ѕвезди. Инаку и мене ми се повеќе свиѓа Турција. Најмногу заради луѓето и нивната гостопримливост.