Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    500 евра за еден. Четворица 2 000 евра. 2 000 евра за фамилија во Грција за тебе е евтино?
    Наоѓаат луѓе по 30 или 40 евра апартман за четворица. Со 500 евра ќе платат и превоз и апартман.
     
    На GirlRose, Ahoy и Bubce38 им се допаѓа ова.
  2. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Па да, јас во Грција за 7 дена сум трошела повеќе само за мене. Затоа прашувам.
     
  3. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    И тоа сигурно не си поминала како во Турција. Таму ем каков избор за храна имаш и каква услуга какви базени плажи хамами .. :) Турција е бр 1 за Одмор според мене
     
    На mari_sa, buba4e89, Emotional123 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    О извинете Ваша Екселенцијо, требаше да ми е јасно дека не сте свесни за платите и можностите на луѓето околу Вас и дека констатацијата беше без лоша мисла ами од незнаење.
     
  5. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Точно. Во Турција во тие пари е платено и на хотелската плажа, лежалка, пијачка. Не се тегнеш во кој ресторан ќе ручаме и што туку кога сакаш јадеш и што сакаш, одмор во буквална смисла. Плус одиш со авион и трансферот ти е организиран. За ништо не се замараш.
     
    На mari_sa, buba4e89, PureEnergy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.176
    Секои две недели ќе се разгледува ситуацијата, па може и до крајов на јули ЕУ да даде препорака да нѐ ослободат од ограничувањата. (poolparty)
     
    На PureEnergy и Ahoy им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Хотелско со рана уплата може да се најде доста ефтино, иако од година во година поскапуваат.
    На пр., 2019 во Криопиги, почеток на август и полупансион плативме 550€ со поглед на море за три возрасни, пред некоја година исто во Ковиу 500€, ама почеток на јули. Годинава можеше Метармофозис две хотелчиња имаше по 750€ за 3 возрасни, полупансион и почеток на август, исто Неа Скиони имаше понуда 670€ со поглед на море (понудава беше за да платиш во јуни), Торони 600€ со поглед на море (исто да платиш во јуни), Уранополис 700+€ и сл.
    Обично кога имаме доручек и вечера, ручек не ни треба, или јадеме гиро, на пр.

    Кога сме во апартман, тој е скоро секогаш прв ред на плажа и со поглед на море. Од Мк не носиме ништо, а највеќе купуваме во Лидл или чат-пат во некоја локална продавница. Доручек и ручек најчесто дома, а за вечера најчесто гирос :inlove:.

    Вториот крак, т.е Ситонија е најскап, дури и преценети можеби се ама дека имаат прекрасни плажи, имаат. Прв крак е најефтин, ама има многу гужва на страната на Калитеа, Пефкохори и слично, но и прекрасни плажи, додека другата страна (Посиди, Неа Скиони, Фурка, Сивири) е помирна и исто прекрасна. Третиот крак е нешто измеѓу.
    Најефтина е Пиериа, односно Паралија, Лептокарија и Неа Пори, иако Неа Пори веќе и е за нијанса поскап од другиве две. Исто ефтин е и заливот Стримоникос т.е Ставрос, Паралија Врасна, Неа Врасна и Аспровалта и Солунската регија, односно Переа, Неа Каликратија, Флогита, Плагија.. прифатливи се цените и во Олимпијада и на Пелион. Регијата на Кавала е нешто поскапа.
    Од островите, Тасос е ефтин и Евиа, Крф, Лефкада, Амулијани тука некаде, додека Скијатос, Кефалонија, Закинтос, Скопелос и сл. се поскапи.
     
    На PureEnergy и СуперДевојка им се допаѓа ова.
  8. PureEnergy

    PureEnergy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2020
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Женски
    Од Грција островите досега ми оставиле најголем впечаток, како што е мирно во Кефалонија и да си со кола, секој ден си на различна плажа, исто и со Лефката и Закинтос и Крф. Закинтос ми е најубав во однос на плажи, Геракас ми е супер. Санторини не сум била може некогаш во иднина, иако мислам дека е преценет и дека не е кој знае што во поглед на плажи.
    Ама ако бирам за одмор Турција не ми бега. Со кола е подалеку, ама имаш можност да прошеташ во секој дел. Авионски е побрзо и малку поскапо, ама не го ни осеќаш патот до таму. Трансферот е незгоден преку агенцииве до хотелите зошто е во ситни ноќни саати, па знам да направиме одмор во своја режија.
    Албанија исто има убави хотелчиња и плажи, не секаде, ама Валона, Орикум, Саранда не е лоша иако таму е многу збиено со плажите.
    Ама ако нема избор и Охрид знае да е прекрасен, иако езеро и море нема споредба, бар за сончање го бива и брцкање за кратко разладување :sun: (poolparty)
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Точно. Да ги оставиме хотелите со ultra inclusive понуда и со 5*. Сум била во хотели со 3-4 * и апсолутно уживање е. Сакам да кажам не мора да е екстра ни хотелот ни понудата, да чини помалку, а сепак да е подобро од други места.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Незнам, јас еве никогаш не сум била на одмор во Грција. Единствено до Солун. Не дека омаловажувам некого,туку и кога идеме во Солун ни покажуваат среден прст(facepalm) не ми се допаѓа воопшто. Не дека не би идела некогаш.
    Исто ни во Албанија не сум била а во Улцињ еднаш како помала. Мој избор е секогаш Анталија.
    Ептен се љубезни за малиот лани се посебна храна за него ми спремаа. Уште кога ќе чујат дека збориме Турски.. :)
    Дека сите се Руси Германци или Енглези :) На плажа исто имате јадење пиење алкохол овошје се. Забави дискотеки пеачи танчери секоја вечер.
    Ајде уште овој пат Анталија дека и бремена сум несмеам подалеку а и страв од вирусот, па од наредно ќе прошетаме и на други места.
     
    На Dust и PureEnergy им се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    За Албанија од мое искуство можам да ти кажам, немој ни да се мачиш. Пред се во угостителство треба уште многу многу многу да се развиваат, се е некако непрофесионално и лошо. Љубезноста им е на минимум. Никогаш повеќе во Албанија
     
    На duffi, PureEnergy, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. PureEnergy

    PureEnergy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2020
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Женски
    Точно дека не се баш најљубезни и некако ретко да разбираат англиски, ама има убави местенца кај Валона. Сепак треба уште многу да вложуваат во угостителството, ама и брзо напредуваат ќе ги биде наскоро. Морето е супер.
     
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Србите велат дека Грција никогаш не била поефтина од тоа што е сега, бар не во последните неколку години. :D
     
    На PureEnergy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    3.989
    Во кој поглед поефтина? Нема врска, цените се исти може и поскапи :!:
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Како што пишуваат по фрупи на Фб, цените по кафичите и рестораните биле поефтини во однос на претходните години, исто и бич баровите. Некој велат дека и смештајот бил поефтин, а од тоа што разгледував јас на почеток на јуни, и не ми изгледаше така.
    Во кое место си ти, ако не тајна? :)
     
  16. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    3.989
    Не би рекла, цените се покачени дури, во секој поглед и храна и смештај....
    Јас сум во Кавала.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Какви се плажите во Турција? Дали одите на плажа или повеќе седите во делот кај хотелот? Ме интересира, немам близок кој бил на одмор во Турција.
     
    На mssuniquee и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Кавалаа :inlove:
    Уживај и за нас :)
     
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Па седиме и на базените и на плажата. До 12 на плажа па на базени па пак плажа :) Дека е многу топло. Маж ми запнал сега да идеме со првиот лет но незнам да не е многу спарно времето сега.
    Иначе еве ги плажите во Сиде и Аланија;
    Сиде; AC284CD4-85BC-4CF6-9B39-93AD0F239A5A.jpeg Аланија; EF73CBE9-3092-420B-A8A1-B4D0ECC2F191.jpeg
    Јас премногу уживам затоа и најмногу таму сакам заради Хамамот. Имате спа хамами аква паркови голем број базени.. буквално да не знаеш каде прво да идеш:D
     
    На bella12, mari_sa, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Ноќеска сите Српски туристи кои влегле во Грција (преку Промахонас) биле тестирани.
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.