Самите пишуваа по групите. Вчера не беа преку денот тестирани сите, само ноќта 1ви наспрема 2ри јули.
Неа Каликратиа, Неа Плагиа, Неа Мудања или Сивири? Каде се поголеми песочни плажите да има каде чадор да стаиш, плитко да е, водата чиста и навечер да има да се прошета. Ако имате искуство со смештаи од минати години, ве молам кажувајте првпат идам да не утнам
Олимпиада е супер, има прекрасни плажи на 2-3км од местенцето, а и градската е супер. Местото е доста мало и нема многу за шетање, ама блиску се Ставрос, Врасна, Јерисос. Во Неа Врасна и Аспровалта морето е длабоко и знае често да се замати и знае да биде доста брановито, но се супер за на вечер. Ставрос морето е доста плитко, има многу плажи, но кога има бранови, иако не се така изразени дека е плитко, морето знае да се замати. Но Ставрос има каде да се прошета исто така. Србите за Ставрос велат дека "има душа".
Лани бевме олимпиада убаво беше. Самата плажа е плитка и чиста на места има морски ежови .Широка е ние бевме од 13.7 па не се осеќаш е гужва на плажата. Има и дел со бич барови илежалки и дел вие да си поставите. За цените на лежалките не знам да ти кажам како се движат дека ние на наши бевме. Има доста северни ако сакате да седнете да јадете. Претежно е морска храна, имаше и пици и тостови од бич баровите. Има маркет, пекара (таа што беше во наша близина )кај 12ч работеше, месара има. Има шеталиште- патека долж самата плажа. Бутици еден мислам видов и тоа. За децата има некоја лулашка, од тие играчките на жито што се и толку. Додека во Ставрос има повеќе што да се види. Има луна парк, повеќе бутици и сувенирници. Но и побучно е. Со која е некој си 15-20мин оддалечено. Исто после олимпиада има доста убави плажи, но и по ветровито знае да биде на нив.
Убаво планче си имав направено за ова лето за одмор во Грција и дојде короништево и ми ги расипа плановите. Веќе и да отворат граници, нема да го имам тоа расположение за одмор во Грција.
И сега што планираш? Јас ќе го чувам за догодина веројатно. Сега може да се оди во Албанија и во Турција или некаде во државава. Но за мене одмор во лето е само одмор покрај плажа. Инаку до мене си имам езеро и во државава не планирам.
Да, само ова лудило нека помине. Па в година и двапати би оделе @lilo Не ми се ризикува во Албанија. За на езеро не би одела со мало бебе, море си е море. Здравје в година ќе надоместиме. Само ова проклетие да заврши.
А колку е ПЦР тест? Имате некој информација? И каде се прави освен во Скопје? Ме интересира за во Струга или Охрид.
ПЦР е 3000ден. во Авицена. Сигурно тука некаде и по другиве лаборатории. @bicycle колку беше во Жан? Се прави и во ЦЈЗ Битола на приватно, 3600ден. мислам, само не знам дали е признат за странство.