Абе тоа да ама во Авицена (напнав со Авицена, ама таму се тестирав затоа знам ) 4000ден. е комплет ПЦР и имунолошки, што е супер. Само ПЦР е 3000ден., а само имунолошки 1800ден. Резултати исто најкасно за 24ч.
Многу се жалат од тестовите во Жан, кој и да прашав секој позитивен таму испаднал. Имало случаеви кај што се тестирале кај Жан, ги дале позитивни, отишле и на други места да се тестираат ги дале негативни. Како и да е, скапо е.
Има некој резервирано за летово? Сезоната почнува за 2 недели, а тогаш се отвораат и границите- на 14.05, со одредени услови за влез.
Јас годинава сум решена да одам. Немам резервирано, но сериозно размислувам и разгледувам. Па да повториме, кои се условите?
ПЦР тест или сертификат за извршена вакцинација. Следната недела колку што разбрав ќе се преговара и за можноста за влез со антигенските тестови, што би било подобро според цената. Иначе и јас исто како тебе. Можно е и во Мај да заминам
ПЦР тестот колку треба да биде стар? Инаку супер би било да пуштат и со антигенски. Не верувам дека ќе успеам во мај, ама јуни-јули сигурно.
Јас имам резервирано. И тоа крај на мај. Колку.ме информираа, граница се пушта со ПРЦ или сертификат за вакцина. ПРЦ и за деца над 5 години. 24 ч пред тргнување се пополнува некаков образец (незнам сеуште како изгледа) кај ќе престојуваш, колку време, која плажа ќе ја посетуваш....за ако се појави нешто да можат лесно да те најдат.
Оваа година дефинитивно планирам одмор а Грција доаѓа во предвид. Не е проблем за тест негативен ако бараат, ќе се тестирам. Однапред не би резервирала и уплаќала ништо оти сепак не се знае што може да испадне. Би одела со сопствен превоз, само сместување може преку агенција да обезбедам ама деновите пред одење. Сега не би ризикувала. Зависи и нашите какви рестрикции би ставиле. Ако пример треба после тоа да се седи во карантин ќе биде проблем.
Не ми е јасно за тестовите за антитела... Колку време важи документот? Пцр зависи од државата 48-72 часа... А антителата? Пошо нели варираат тие?
Во Грција со антитела сега за сега не е дозволен влез. А мислам дека ќе попуштат после 15 јули ( од муабет со грчка пријателка) бидејќи туризмот ќе им пропадне и оваа година.
Барем со антигенски нека пуштат, 1000-2000 е поевтино од Прц тест Ова ни го прават за да не може човек на еднодневна до Солун или Лидл да одЕ, шо убаво ќе беше да можевме со антитела
Ехеее..така да е, со еден тест ќе си шеткаш кога сакаш. Вака, на секое влагање оп-2600 х 4 (за фамилија).