почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела
@Cosmi и Србите можат со серолошки https://www.grckainfo.com/blog/najnovije-vesti-sta-je-potrebno-za-putovanje-u-grcku
Здраво, кои тестови т.е. Од кои лаборатории треба да се извадени за да се признаат на граница при патување или не е битно само на англиски треба да е? Ви благодарам
Кога е полициски час во Грција? Смееме да возиме навечер? Освен ПЦР тест и формулар некој што се пополнува, што треба друго?
Пол. час во Грција засега има од 01:30 до 05:00, и во тоа време не смееш ништо, исто како кај нас што е. Ако не сте вакцинирани, тогаш само ПЦР и формулар треба, ништо друго. Пасош нормално
Шо е со цениве на агенцииве во Грција? По 600-750 евра и тоа на крак. Сакавме да одиме, но со цениве не знам баш. Подобро ќе додадам уште 250 па на Малдиви ќе одам.
Не се сеќавам. Знам на Неа Мармарас беше, агенција од мојов крај некоја беше сигурно. 10 ноќевања беше ваљда со јадење, ама баш запомтив пошто многу ми се виде некако.
По лице или за повеќе? Вториот крак е доста скап, секаде, не само преку агенција. Особено Неос Мармарас, Сарти, Вурвуру, Никити...
Сарти е ! Во споредба со минатите години е речиси исто, а некаде и поскапо. Со ПЦРи, пат и џепарлак за таму деф. не ми се исплати, како за студент. Општо Грција, си задржа и зголеми цени, за во шпиц сезона(после сесија) ќе треба бубрег да продадам.
Мислам од лице. Знаев дека поскапо е таму, ама не до волку. Јадран не ми бега годинава на крај ќе испадне Го сакам Егејско море, но со тие цени Егејско море не ме сака мене моментално