Дечки знаете искуство на граница со Грција со истечен пасош? Се јавив во амбасада ми потврдија дека ако е истечен од лани јули пасошот заради хаосот наш со пасошите ќе им трае важноста до 12.2021. Затоа што дури и со итна постапка детскиот пасош нема да го добијам. Ама ме интересира дали имате искуство или сте чуле периодов некој да бил во ваква ситуација
Водата е побистра во Сивири. Плажа е ок и таму и таму, поголема во Флогита. За шетање дефинитивно Флогита, споена е со Плагиа. Сивири нема за шетање баш.
А мислење за метаморфози и островот кос? Од слики што гледав на метаморфози изгледа плажите мали се и со камчиња, ма да може грешка сум
Сивири е многу подобра водата. Флогита не чини водата,подобро малку погоре во Потидеа. И двете се пензионерски. Флогита со Неа Плаја споена,ништо посебно, поврзано шеталиште после 2 дена е досадно. Метаморфозис е како воздушна бања поради шума и море,мала плажа ама местото е досада жива. Малку повеќе раздвиженост и автентичност има Афитос ,другото се е копи паст.
Метаморфози плажите и морето не се убави, но затоа на 10км од таму се најубавите плажи на Ситонија, ако одите со кола. Одлична база за обиколка на вториот крак Кос не знам искрено, искрено попрво би одел на Родос од тие острови
Фала ти, ми олесна. Некако ич немам доверба веќе се си замислувам како не враќаат. А прифаќаат сертификат од Синофарм, знаеш?
Kako da pravilno popuniš PLF obrazac za letovanje u Grčkoj Еве корисен водич како да го пополните PLF- от, ако имате некои нејаснотии
Здраво девојки, ова лето планираме одмор во Грција, па прашањето ми е, што ни е потребно освен нели секако потврда за вакцина или тест? Слушнав и дека треба некој сертификат да се пополни, каков е тој сертификат, што има во него, слушнав требало адресата да ја има каде што ќе престојуваш, нели може да отидеме и таму да бараме смештај, или што ако сакаме само на еден ден да отидеме?
PLF треба да пополните, еве го: https://travel.gov.gr/#/user/login, најкасно 24ч. пред влез во Грција да ви биде пополнет.
Ти благодарам за одговорот, а инаку секој посебно ли е потребно да го пополни сертификатот или само еден од семејството е доволен, затоа што гледам има дел за travel companions
Еден PLF по автомобил, се пополнува на име на возачот, а потоа се додаваат лицата кои патуваат, кај травел компенионс. Ако одите со бус, агенцијата ја завршува оваа работа.
А во врска со престојот морам претходно да го обезбедам, не може да одам и таму да си барам смештај, или пак да одам на еден ден?
Можеш на местото на адреса повторно да го внесеш местото каде би престојувале, значи можеш да одиш и да бараш смештај само на едно одредено место Секако ви е посигурно да си резервирате од напред. За на еден ден не сум сигурен, ќе ја тагнам @KuklickaSk, мислам дека има таа одено на еден ден