Хмм, патриотизам, а?!? Меѓу Грк и Охриѓанец? Тежок избор, а?!? Е па ај, ќе ги испочитувам и двете страни Грците галамџии, геј колку сакаш-ама едни згодни бе, просто криво да ти падне. Некако последниве години се ме води натаму. Касандра е се резервирана околу Богородица или 8 септември, ем блиску, ем поевтино, ем порелаксирано. Не сакам да се туткам на плажа, бегам од гужви, па затоа Криопиги ми е омилено.Шума и море. Нема сррби, нема наши(или ги има помалку), нема галама, барем во овој период во годината. Островите се резервирани за во сезона. Јонските-ги ОБОЖАВАМ. Крф, Лефкада, Кефалонија, Закинтос-сите различни, посебни и прекрасни. И не многу скапи-што мене ми е важно, бидејки несакам да одам на одмор , а да ми е страв дека само за 1 кафе ќе ме репнат 10-тина евра. Годинава, барем на 3-4 дена Грција не ми бега. За подолг одмор желба ми е Кипар, демек и тоа било Грција, нели?!? . Ама ај-да сме живи и здрави само, па ќе видиме!
На одмор сигурно нема да одам, ама на неколку пати по еден ден, мислам дека ќе отидам. Многу ми е изживеана Грција за да ми биде интересно на одмор, годинава сакавме Шпанија да отидеме, но поради бебушко што е на пат, тешко дека ќе одиме, па затоа најблиска и едноставна варијанта сепак ни е Грција .... за жал
Грците знаат да си направат туризам. Ќе те услужат, ќе ти угодат, и на крај ќе ти ги земат парите. Нема тука простор за политички дискусии кој од каде е, кој чии корени има, или кој какво име треба да носи. Лани плажите не им беа многу средени, можеби заради финансиските кризи, а годинава како ќе биде - не знам. Здравје, планираме да отидеме на една недела. Ако ништо друго, морето им е прекрасно.
ни едно евро нема да му дадам на грчките пе*ери. убо да си помините вие шо че одите и нека ве одерат до гола кожа... си го имаме златен охрид а вие на грци пари че давате ц ц ц
Охрид си е Охрид се е ок, ама ние ќе си одиме и во Грција ќе си се бањаме во море и што е најбитно ќе плаќаме можеби и помалце од тоа што би платиле во Охрид!
А па охриѓани многу услужливи, шо да ти кажам , ако македончето не те за**е нема кој, е***о си мајката туку од многу патриотизам фајде нема, али секој си знае, кој каков вкус си има
Знам дека можеби е малку рано, но девојки, кое место би ми го препорачале во Грција за летување, така како за дечко и девојка да си појдат сами без никој друг, да им биде романтично итн.. ? Се разбира, да не биде онака екстремно скапо а да има убава плажа Поздрав...
Ханјоти или Калитеа јас имам и на двете места одено, Ханјоти повеќе ми се допаѓа плажата, а за шетање навечер Калитеа е поголемо и има повеќе продавници
Патриотиште си Како да не. Така еден другар на дечко ми викаше ,,моја нога во Грција не стапнува,, а ене го сега не само на одмор, туку и за викенди е во Грција. Можам да си дозволам, зошто да не одам? Ниту е скапо, ниту има некои проблеми или тензии меѓу нас и грците, плус на море си...
Што толку сте се запалиле дека не давате скршен денар на Грците? Верувам дека секој кој оди на одмор, си сака, љубезност од страна на домакините каде се сместени, сака чиста и што е најбитно топла вода, а некои како мене сакаат и да ја вдишуваат морската сол, поради која се чистат синусите и е многу здрава. Да не зборувам пак за водата која после само еден ден ми ги исчистува сите брунчиња по телото. Зошто да одам во Охрид, за да се бањам во кокал вода, да се нафрлам лишаи, во гнасната вода?! Сум била и во Охрид а и на повеке места во Грција на одмор. Едноставно неможе да се споредува. Охрид точно да е убав град има многу што да се види ама не е до толку воодушевувачки за да одам секое лето таму само заради пусти инает кон Грците. ПФ! Да не сум офтопик и да не бистриме политика, ја сакам Грција како земја, за народот мање битно.
Во Грција не сум била на одмор и нема намера ни да одам...некако не би се чувствувала убаво и пријатно,кога знаеш дека тие таму не те сметаат за човек.Не ти признава дека постоиш.Ова не е политично мислење,ова е мој став.Како да седам некаде кога знам дека не сум посакувана.Кога знам дека мојот народ,јас, патам ради нив....no thanks! Не велеам 2 пати НЕ, не велам дека ќе се случи нешто да ме однесе накај Грција...но мојот мометален став е no no nonononono
Јас сакам, па ќе видиме, се` зависи од тоа како ќе се движат цените годинава, затоа што оваа година планирам подолг аранжман (да надоместам за тоа што не бев што од работни, што oд обврски со учење). И ако одам, сакам да одам средина на јули, почеток на август, пошо не планирам во најтоплото да се печам на скопскиов асфалт. Зашто Грција, а не Охрид? Хмм, па кога и да сум отишла в Охрид, “многу убаво“ сум си поминувала, труењето и осипот од “кристално-чистата“ вода се неизбежни, а плус тоа и на “многу гостопримство“ наидов, не генерализирам значи, зборам за тоа што сум го искусила како турист во Охрид. Зашто Грција? Најубавото море - рај за моите синуси, каде и да сум била, било чисто, a многу сум чувствителна по тоа прашање, поевтино е од Охрид и никогаш никој ми нема спомнато за името. А башка, боље да ми вика ФИРОМ, него “скопјанишче низаедно“ . “Патриотизам“ има и на двете места: едниов е на локално, другиов на национално ниво.
Сноу квин луѓето во Грција, верувај дека не се такви како сто е се претставено на екраните. Секоја година одам во Грција и никој ме нема ни навредено, ни ми има рецено не вие не постоите. И да, кажувам од каде сум. Има некои што некат да го спомнат името македонија, па кога ке им казам ми викаат ааа да од скопје, ама верувај тие малку се. Имам многу муабет правено со грци на таа тема и скоро сите ми имаат кажано дека тие нас не не мразат и дека не им е ни битно како ќе ни се вика државата. А плус, таму каде што ке отидеш во Грција и каде што ќе бидиш сместен ,,домаќините,, ќе се однесуваат премногу добро за ти задоволен да излезеш од таму. Сето тоа дека Грците не мразат, не не сакаат или нешто слично е измислица од политичките структури на едната и на другата држава. Обичните луѓе не се заматаат со нас
Па и јас планирам годинава во Грција да одам. Не е скапо, а убаво е. Само некој ми спомна требаат визи? Може некој да ми објасни што, како со визите?
Ако имаш стар пасош ти треба виза, се закажува во грчка амбасада претходно, има број , ќе се распрашаш