Јованти, да не сменија после 01.09 да се влегува во Гр само со сертификат од вакцина? Без тест како досега..
Знам за што прашува. Јас друго прашувам. Оти читав дека денеска ќе имало наводно нови мерки за влез во Гр.
Нема. Повели. https://plusinfo.mk/novi-merki-vo-grci-a-od-27-avgust-shto-treba-da-poseduvate-za-da-patuvate-tamu/
Извини погрешно сум те разбрала. Сеуште важат истите правила. Плф со сертификат за примена вакцина, плф со пцр или рапид или плф со сертификат за прележан вирус до 180 дена ми се чини беше не сум сигурна за ова.
Може, како не. Недела дена пред тргнување проверете на https://travel.gov.gr/#/, и редовно секој ден до тргнување. Ова е најрелевантниот извор на информации, не читајте медиуми, освен Grčka Info и Nikana.gr
Согласно сајтот на министерство за надворешни работи, вели за државјани за влез во државава од 01 септември е потребно сертификат за вакцинација, да има лицето пречежано, пцр или брз тест да се приложат при влез. Понатаму доколку не поседуваат ни еден од горенаведените услови остануваат во домашна изолација карантин 7 дена според решение за изолација. Никаде не наидов на информацијата дека можеш да влезеш во државава (невакциниран/прележан) без тест и отпосле да приложиш тест. Каде се приложува резз од тестот? Ако може инфо од каде ја доби информацијава. Благодарам
Попунив PLF on line, dobiv popunet PLF na mail i bar kod, dalo treba uste nesto da cekam od niv na mail ili toa e toa?
А дало сертификатот за прележан ковид што е ист ко оној за примена вакцина треба да биде преведен на Англиски или само qr кодпт им е важен дека кога че се скенира излага двојазично?
За тоа немам инфо оти со негативен пцр тест сум влегувала. Еве @referentka мислам дека ќе ти даде најсигурни информации.
Ако е тоа зеленото сертификатот , да двојазичен е, а документот што е издаден од кај матичната на кој го има qr кодот е само на Мк
Дечки не се замарајте толку со сертификатите едвај ги погледнуваат на граница, не ни ги скенираа само покажуваш дека имаш од кола, башка во принцип има многу гужва и гледаат само да те пуштат. А и кодот од PLF-то немора да го принтате, само од мобилен јас го покажав. Мене не ми се погоди да не тестираат, чекавме за натака саат ипол на граница, тестираа тек тук по некоја кола, најчесто ептен млади и странци од подалеку.
Зависи на која граница. Преку Дојран скоро од секоја странска кола по еден тестираат, го читаат баркодот од ПЛФ и ги разгедуват документите. Е сега баш и не обрнуват внимание како е пополнет, ама дали е регуларно се, да.
Е да од кај Дојран викаат нема толку гужва така што веројатно потемелно проверуваат, моето исксутво е од Евзони
Дали за во Лидл треба вакцина? Кај нив сеуште важат истите мерки како кај нас за по кафичи,ресторани така ?