Не , не треба. Лидл пушта по ограничен број, па малку се чека за влез.Ама не е многу, брзо оди. Во кафичи, кафани се седи без сертификат. Само во Космос во делот за јадење и кафичот бараат вакцина, низ дуќани е слободно, само со маска.
Летото 2018 и 2019 бев во Неа Пори бев на викенд баш на крајот на август/почетокот на септември. Само една медуза видов Може сум имала среќа.
Медузите ова лето ги има цело време повремено, затоа што морето беше екстремно топло, но во над 90% од случаите тоа беа медузите т.н. "пржено јајце", што се потполно безопасни и не пецкаат https://www.grckainfo.com/blog/Pratite-na-mapi-plaze-u-Grckoj-na-kojima-su-se-pojavile-meduze
Вчера во Флогита имаше доста сабајлето, ама после 12-13ч. не видов ниту една. Така да и во септември ќе ги има.
Дали има некој инфо како ќе биде од 1 ви септември за влез во Грција, бидејќи од денес сме на црна листа на ЕУ? Би имало ли некои ограничувања и покрај примени 2 дози на вакцина? Доколку некој патува деновиве нека сподели искуство.
Денес поминавме граница со ПЦР, без дополнителни тестирања. Не ги ни погледнаа документите, само печат удрија и толку.
Сите патници во возилото бевте со пцр или имаше и вакцинирани? Сопругот е вакциниран, јас со пцр ќе одам здравје, затоа ме интересираше што да очекувам. Дали ќе ме тестираат, дали на граница ќе чекам резултати.
Јас дојдов Грција во четвртоков. Со пцр. Ама никој не ми го ни побара на граница. Е сега , он важи 72 ч и морам утре до 10:30 да влезам во Мк. А јас сакам да останеме до вечерта овде, па веројатно ќе направам утре еден рапид тест овде. 15 евра е
Дали на граница има пунктови за тестирање за влез во Македонија? Маж ми не е вакциниран, а ќе патуваме ноќе, па дали може таму да се тестира баш пред влез.