Како мислиш баш пред влезот? Вие од Гр ќе влегувате во Мк, така? Тогаш тестот мора да е направен во Грција. Рапид имаш најблизу во Поликастро. А пцр има и на грчката пумпа Окта мислам беше одма пред граница што е ама истиот кошта 60еур
Мислев баш на граница, местово кај што сме е селце, ни лекар нема, а камоли пункт за тестирање. Се надевав дека некоја наша лабораторија ќе има пункт на лице место да се тестира, ако не ќе седи во изолација маж ми. Малата повраќа при патување, затоа одиме ноќе додека спие, нема шанси да одиме денски во друг град само за тест.
https://www.visit-halkidiki.gr/port...OaenTFNd1F8lJaAWreGvbP1HbI3gcxiHsmmGYi64Aw6K8 Тука имаш каде може да се тестирате на Халкидики. Читав некаде и брзи за 15е во Калитеа. Ама неми излегува каде. Ако сте на оваа страна. Исто низ групата Одмор во Грција има инфо дека на бензинската БП прават ПЦР тестови, пред Евзони. Прашај таму, имат информации.
Нема на граница,јас се вратив од Грција завчера,нема ни да има рекоа да не се ствараат метежи на самата граница Ние вадевме во местото кај што сме,а не ни го погледнаа Можеш да не правиш ама 7 дена под карантин ќе си
Здраво, може инфо како иде со тестот за назад? Може да не го правиш ама 7 дена во карантин си после во мк или?
Да, доколку не направите тест одите во 7-дневен домашен карантин. Доколу ви менува нешто ден-два, можете по изминување на петтиот ден да направите ПЦР тест и доколку е негативен, веднаш се ослободувате од карантинот. https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19
Проверуваат на граница дали имате сертификат за вакцина или валиден пцр/ рапид тест. Јас патував со пцр. Го извадив во четвртокот пред да тргнам и ми важеше до денес до 10:30. Сабајлево во 10:20 ја минав нашата граница со него. Да имаше гужва ќе ми истечеше важноста и ќе морав во изолација, или да се враќам во Поликастро да вадам рапид.
Здраво, Некој да патувал со сертификат за прележан ковид да сподели искуство дали тестираат дополнително, гледам важи после 30дена од позитивен тест, дали е така или? Исто доколку знае некој за транзит низ Грција што треба од документи, на нет не можев ништо да најдам. Благодарам однапред
Да може да не го правиш и да си 7 дена дома во карантин Ние правевме 48часа важи рапид тест,20 евра беше од човек
Дечки, планираме викендов да одиме за Грчка, многу малку сум била таму, па ме интересира дали е убаво времето таму и во септември. Знам дека не сте метеоролози, ама тие што идете често претпоставувам знаете отприлика дали е за одење или не во септември
Сега за викенд после 10ти има високи темпт и сончево. Убаво е. Малку ветре, знае и да заврне, ама брзо минува се. Навечер е свежо.
Ти Благодарам, секако не планирав бањање, ама сакав да можат да си играат на плажа маливе. За навечер обавезно ќе носам алишта на долги.
Уште нешто заборавив да прашам, сопругот има примено две вакцини, јас денеска треба да ја пуштам втората. Треба со две вакцини да правам пцр тест и за натаму и за враќање во Мк, или доволно е само да покажам дека сум вакцинирана?
Ако поминат 14 дена од втора доза, со сертификат си одиш и ти, ако не треба пцр или антигенски. Да споделам инфо јас. Денес стигнавме во Грција, маж со сертификат, јас со пцр. Ме тестираа на граница, преку Меџитлија одевме.