Фул аранжман мислиш за со превоз од агенција или да бидеш сместена во хотел/ресорт со вклучени оброци? Ако е за со агенција и превоз, скоро сите агенции имаат early booking. А ако е за хотели, најдобро на веб страните на хотелите, сите би требало да имаат попусти. Имаш идеја конкретно место или област? Можеби би можел да ти предложам смештај/ аранжман.
@Ahoy Превоз + смештај, апартман, хотел сеедно, не би да возам ама сакам да шетам плажи. Барам претежно за островите ама сум била Закинтос, Тасос, Скијатос, Санторини и не сакам да повторувам (ако не морам). Крф ми е премногу забава, Лефкада си бара возење. Иос го имаше порано сега никој не го нуди. Планираме подалечно патување на зима, па ова би го направиле ептен да не сме заглавени цело лето тука. Тип на одмор: цел ден на плажа, навечер таверна, бар, без дискотеки ама и без пензионери. Претенции куп, опции малку
Кефалонија! Може и Амулијани со ризик да ви биде малку досадно, ама плажите се сон и сите би ти биле на макс. 3-4км од смештајот. http://www.samaholiday.com.mk/odmori/grcija/itemlist/category/104-ostrov-amuljani Пратете редовно, Скопелос или Алонисос се преубави, после Скијатос се, ама понуди ретко и тешко со нашиве агенции. Српските растур прават Дека го спомна Иос, јас повеќе би на Наксос, Парос или Андрос, за овие има повеќе тури комбинирани за празниците, за 24-ти Мај сигурно ќе има. А од подалечните, без размислување, Карпатос Ако сте спремни да возите до Солун на пример па авионски до Карпатос или конекција Скопје-Атина-Карпатос, супер би ви било мислам Авионски може инаку и на Парос или Наксос.
Ооо Парос многу ми се свиѓа, ама мора со авион од Солун, како и Крит. Скопелос сум била едно дневно кога бев Скијатос, немам коментар Општо Скијатос е прекрасен со различни плажи за сечиј вкус, би отишла пак искрено. Амулјани е опција и со кола, мислам дека беше краток и ефтин траектот, не ми ни текна на него. Фала
Индивидуално е и тоа. 10 дена дефинитивно би било досадно без друштво, ама плажите се рајски. Иако, има интересни излети за да не биде досадно и да се исполни времето. Магарешките острови особено, има и до Диапорос островите кај Вурвуру, крстарење околу Света Гора, лани имаше и до Ормос Панагијас на Ситонија.
Ако им е досадно на двајца без друштво друго е проблемот Ама не сакам да искочам во 22 вечер и да нема со кој да се разминеш или се да е затворено (hello Полихроно, Ксамил и Малта каде само Бургер Кинг работеше после 22саат).
Па добро, ако сум отишла некаде сакам и да има и нешто интересно за посета, не 10 дена само апартман - плажа - ресторан.. Има повеќе таверни и убави јадења, би го издвоила оној ресторанот ваљда Јанис беше.. На крстарење сум била веќе 3 пати и искрено не знам кај ми бил паметот 3 пати да одам, кога нема нешто на гз да паднеш.. Од далеку ја гледаш света гора и толку.. успат се печеш на сонце во бродот, те дува ветер.. Порадо во сарти би одела пак.. го обожавам тоа место Не е проблемот дали си во пар, со друштво или сама за да ти е или да не ти е досадно.. забава можеш да си најдеш и сама ако си. Ако сум со мажот не значи дека нема да ми е досадно, ако нема каде да прошетам јас ќе умрам од досада. Што би правела со него, што не би правела дома? Исто е.. не знам конкретно на што мислеше со пишаново Полихроно кога бев последен пат до 12 полно беше покрај плажа и онаа улицата нагоре што иде накај Докторс гирото.. игла немаше кај да фрлиш и тоа крај на мај, почеток на јуни бев.. Амулијани со самото тоа што е помало од Полихроно и има помалку кревети, попразно ќе ти изгледа. Не е дека нема со кого да се разминеш ама сепак..
Повеќе беше во смисла дека не мора да одиш со други луѓе плус за да ти е интересно. Претпочитам да одиме сами на одмор зашто не сакам да се ориентирам според хировите на другите, или просто тоа е моето неколку годишно лошо искуство и тоа од различни парови Очигледно зависи во кој период сме биле на местава, еве и за Тасос има ектра мислења ама мене не ми беше ништо подобро од прв крак со 90% срби и дерење по плажи. Продужувам да демнам други места
Искуства за неа потидеа дали некој бил околу местото плажата и слично да сподели, дали е ок за мали деца
Ние бевме лани со скоро 2 години дете. Плажата има доста камчиња, и влезот во вода може да е проблем на некои места. Водата беше мирна и чиста (со по некоја медуза после 15ти август). Искрено за одмор никад не би ја одбрала таа локација, ама за со мало дете позитивното е што најблиска локација е и има многу добри all inclusive хотели. Ако не си баш во градот, беда е со ресторани и продавници во околината.
Фала ви многу на споделеното искуство, доколку имате некој предлог за нешто по адекватно за со дечиња, едното е две годишно, со песочна плажа мирно место, да ве замолам да пишете @Kolache na mama @monpan
Јас ќе упаднам со предлог , ама Олимпијада. Ако сте со сопствен превоз, на 15 мин. ви е Ставрос за вечерни активности, а инаку плажата во Олимпијада и морето се одлични (немаат врска со плажите и морето во Ставрос, Неа Врасна и Аспровалта, тие се катастрофа), плус рајски плажи на 3-6км.
Исто.По глупо место за одмор не сум имала Само смештајот беше врв ама џабе кога ни плажата,ни водата ни атмосферата не чинеше.
Јас како дете сум одела во геракини многу години по ред на едно исто место. Мирно место, песочна плажа. Една продавничка у близина имаше, ама за у ресторан одевме со кола до центарот на геракини. На тоа место има камп Којони (kouyoni camping) со бунгалови, продавница/таверна/базен, има вили а има и хотел голем Сониа (Sonia village hotel) со all inclusive/HB со базен за деца, обичен базен, барови и сл. Значи што најмногу одговара како за сместување може да си најдете. Ние бевме таму рандом апартман, ама си одевме и у кампингов и у хотелот за базен, лулашки и сл. Конкретно за неа потидеа од лани многу сум задоволна од хотелот Потидеа Палас, пошо имаше се на едно место. Базен, плажа, анимација за деца, лулашки, јадење/пиење преку цел ден. Буквално да одмараш и да не се замараш кај да одиш, што да јадеш. Друго искуство немам со грција