Источниот брег на првиот крак (Афитос, Калитеа, Полихроно, Пефкохори), Олимписка Ривиера (Паралија сигурно, Неи Пори, Лептокарија), Олимпијада.
Многу ми се допаѓа, посебно старите градби, а водата се гледа дека е одлична. Фотките се од Punta Beach , така? Сега видов од вилата до оваа плажа 1км. Како се движат цените за лежалките?
Предлог места за младо друштво, не мора да е за урлање како на островите(Закинтос, Иос…), ама да не е штама. п.с. Зашто не сум бил крај на јуни - почеток на јули, како е времето обично?
Бил ли некој на местенцава? Препорака за некое од нив со фина плажа ? А и генерално местенце шо ви фатило окце ? Не сум била никад на третиот крак , is it nice?
Парга, Крф, Скијатос, Тасос, Кавала... времето е супер тогаш. Пред Паралија таму никако, посебно не Макригиалос. После Лептокарија веќе може, таму е поубаво. Третиот крак има преубави плажи, ама е пуст според мене. Мали се местенцата, без ништо посебно. Едино Неа Рода не сум бил, ама не верувам нешто да се разликува. Јас го сакам затоа што нема многу луѓе, а има прекрасни плажи и море, особено Амулијани
Местенце шо ти оставило впечаток и хотел некој? Смештај? Лидл има успат? Ко на првиот и вториот крак? Звучи убаво, мир и тишина …
Мене Олимпијада на почетокот на третиот крак ми е при душа. Местенцето е преубаво, мало, тивко, највеќе има Германци. Наши и Срби скоро па воопшто нема сместени тука. На 1-5км имаш рајски плажи, ако се одлучиш за таму ќе ти ги пишам сите Лидл имаш на 15-20км, во Врасна Паралија. Дури е и доста поефтин споредбено со други Лидл маркети низ Грција. Исто и на 30км во Јерисос, ако одиш на излет или шетање таму, или во Неа Рода, Уранополис, препорачувам Амулијани или крстарење околу Света Гора, ќе ти биде успат и тој Лидл. Во лп ќе ти пишам за смештај ако сакаш поконкретно за поефтино, вака ќе ти го предложам хотел Акрогиали (Германос), на сама плажа е, сон. Ама преку Букинг е поскапо. Или Theoxenia хотелот на 3км од Уранополис, со тоа што таму плажата е со ситни камчиња и хотелот е постар. Е има и базен тој, ако ти менува нешто.
Оваа година една од опциите ни е и Олимпијада. Ме интересира колку точно е пуста? Има таверни, пицерии итн... Активности за деца? тнх
Таверни, кафичи, има тоа. И тоа баш убави. Во склоп на таверните лани имаше и пици. Има и два гироси. Мене ми е, не знам како да кажам, покултурно (?!) место Ваљда дека све Германци и Европјани Маркети има. Активности за деца имаше, мало паркче беше во самиот центар, покрај море. Сè е покрај море. Имаше фамилии со дечиња, особено на плажа им беше погодено зашто се осеќаа слободни, преку недела има тооон слободен простор на плажа, за викенд е погусто ама пак ништо страшно. На 15км ви е Ставрос, е таму нема што нема за деца Морето и плажата инаку се супер за со деца, многу е плитко, песочно сè И климата е супер, затоа што самото место е во прегратка на борова шума, па секогаш вечерите беа најпријатни тука. Мислам дека нема да погрешите ако се одлучите за Олимпијада.
Пред некоја година бевме на продолжен викенд во Фурка,и мене многу ми се бендиса местото. Нема гужви ко од другата страна Полихроно,Ханиоти,Пефкохори. Има убави апартмани со дворови до плажа. И има најдолго зајдисонце,до 21 часот на плажа бевме. Од мене препорака.
Убаво е Фурка многу. Посебно и за со деца. Убаво, мирно, мало, се е блиску. Препорака и од мене, ептен убаво ми е таму.
И јас сум била таму, убаво е ако си отиден да се одмориш. Плитка плажа има, таверни, барови на плажата. Маркет,аптека има. Ние кога бевме немаше нешто многу лулашки за деца и на два пати бевме до Ставрос таму има луна парк. Се зависи колкави ви се децата. После олимпијада спрема трети крак има доста убави плажи -амос, бабилион.
Има таверни, бич барови, преубави плажи. Местото баш е за со мали деца или за пензионери. Ептен е мирно, нема забави и бучава. Плажите се песочни, со ситен златен песок, а и после Олимпијада имаш неколку убави плажи.