Истото ќе го кажев. Со маж ми првиот заеднички одмор уште во врска кога бевме ни беше во Парга и ден денес го збориме тој одмор. Идеално место за прв романтичен одмор.
Мене не ми се допадна Неа Врасна. Медузи имаше почетокот на август одеднаш, првите денови кога бевме немаше и после одеднаш надојдоа и тоа многу, пливаа во сред почеток на море до луѓе. Досадно ми беше местото, па и плажата крш за мој вкус, шетавме до Аспровалта и Ставрос да утепаме време. 5 до 12 одмор беше и немаше кај, веќе се испорезервирано, па ајде тука испадна. Искрено не би отишла пак таму. Ханиоти ми беше поубава плажата, а и поубаво место, пораздвижено. Од прв крак генерално јас од плажите многу и не сум задоволна.
Мене Ханиоти ми е поубаво од Врасна. Медузи секаде знае да надојде, плажата за со дете ти е топ. Мирно место, фамилијарно.
Шознам, Ханиоти за 3-4 дена продолжен викенд пример мене ми е сосема океј. Сепак личен вкус во прашање. Чим ни Ханиоти не ти се свиѓа, тогаш Врасна ич нема, стварно е крш таму.
Врасна е баш село. Нема кој знае што таму. Предност е што плажата е многу широка, за разлика од краците. Ама па ептен е немирно море. Таму има секогаш бранови поручек. Најголемите бранови ги имам видено во Врасна. Водата стално е со тревки и чудби .
Па да, претежно и фамилии одат ама досадно е местото, мене баш ко селце ми беше, а плус и плажата беше доста прљава и водата, ко да не си на море...
Грција е се како села. Мене ми е тој впечаток. Е, сеа тие скапите острови се поразвиени. Нема во Грција како пример Сончев Брег во Бугарија или Кушадаси Турција. Ама плажи и вода мене Грција ми е врв. На романтичен одмор за 5 дена мене и селцата ми се топ.
Океј е . Бучна е Лептокарија. Всушност таму има население кои си живее стално. Ако си била Неа Пори, слично е. Само Лептокарија е по развиена од аспект на дуќани. И во Неа Пори е по плитко. Мене таму ми е подобро за деца. Рамно е, широко и плитко.
Се слагам. Само островите им вредат и Парга вака како поразвиено местенце што не е остров. Може и уште некое, сега не можам да се сетам. Краците и другите помали места онака се, ништо уау, но за краток одмор и со добро друштво, за таа цена и близина за патување се топ.
не си бре ти ни за Ханиоти ни за Врасна. Почетничка грешка, ај дека така испаднало ти си за Ипсос, Закинтос... таквимити места младо девојче не е за селциња. Остај ние со децата таман сме за таму
Ова фамилијарни одмори шо сме терале... Ја баш сакам помирни места ама битно ми е плажите да се убави, чисти.
Супер фала ти, баш гледав дега ма двете места ама и таму веќе цените се Дуфи само кажи дали морето е по чисто од Олимпик бич?
А за шетање вака некои места да предложите, не ми треба за одмор. Кај да се прошета со 7г дете? Солун интересно е? Има што да се види?