Зависи како ќе ви се погоди, може да е и ладно тој период, може да е и баш топло. Иако Егејско у принцип е топла водата, па ако е убаво времето мислам ќе ви се погоди. Неи Пори бевме фамилијарно кога бевме помали со брат ми, доста убаво си поминавме. Плажата за деца е рај. Само памтам со комарци дека имав мака таму, баш доста ги имаше.
Искуство имате ли за JK Village, Полихроно? Се слушнав со ЈК Травел за терминот кој го барам таму одговара, ама на Гоогле Мапс неможам да ја најдам, ми излегува Villa Relax.
Колку и е израдував на темава, не сум ја видела. Ние со дечко ми резервиравме 2 крак во Порто Корфо. Некој бил? Искуства?
Ние годинава во неи пори. Малата ми е 4 години, од овде читав дека било топ па да видиме Да не бил некој во вила Гузелис?
Премирно заливче. Досадно. Ништо нема освен вили. Неос Мармарас и Сарти ви се релативно блиску, па ќе има каде да прошетате. Плажата не е она што се очекува од втор крак, затоа ви предложувам да одите во Каламици, Сикиа, Портокали, Торони, Порто Карас...
Па да, планот ни е да шетаме. Лани го прошетавме горниот дел на кракот, сега сакаме овој јужниов. Сакам да ми е мирно на море, затоа и го одбегнувам прв крак, неќам гужви. А има ли тавернички, ресторанчиња за ручек/ вечера?
@Ahoy помеѓу Геракини и Неа Рода кое место би го препорачал? Само овде најдовме некои посоодветни аранжмани за јуни, и искрено не знам за кое да се одлучиме. Мене ми е битно само водата да е чиста и да нема екстремни гужви
Неа Рода дефинитивно. Геракини гужви нема, премирно место е, ама водата е мех, за разлика од Неа Рода која важи за доста посолидна во однос на ова. И малку е пожива, иако сепак мирна. И локациски, ако сте со кола, многу попрактични можности за шетање имате од Неа Рода него ли од Геракини.
Евиа за 25 годишни пар? Мислење? Или да бараме друго место. Според буџетот овој остров можеме да го дозволиме. Како се плажите?
Може, супер е. Само тесна е плажата. Ама на првиот крак такви се, можеби Ханиоти само поширока. Но за со дете Полихроно- Ханиоти- Пефкохори се супер. Од другата страна на кракот може да биде досадно за детето. Калитеа исто така е супер, само што ако сте сместени во градот ќе имате за слегување до плажата доста. Неа Флогита, Неа Плагија и Неа Каликратија исто така можете. И Неи Пори, стандард
Искуство за летување на Тасос (почеток на јуни), какви се плажите, која цена е траект за автомобил и двајца луѓе?
@Ahoy фала ти многу, на крај се решивме за сосема трето место, Метаморфози, имаше соба со тераса покрај море и тоа ме привлечe. А и видов со борова шума е местенцево, таман за опоравување ми е совршено. Секако со кола ќе сме па ќе се рашетаме низ вториов крак, да се видат и останатите места што не ми се посетени
Пре најодлична база ви е Метаморфози за обиколка на кракот Местото е мирно, а има продавници и слично. Борова шума е и супер е за дишење, воздушна бања. Не очекувај во самото местенце вау плажа и море, ама штом сте со кола, ќе ви биде супер. Убав помин!