Девојки, ве молам да ми предложите местенце со убава плажа и вода, да има малку да шетнеш, ресторанче нешто, да не е гужва, како за почеток на 8 месец бремена. Со кола би оделе ама не би сакала да се траскам секој ден до различна плажа. Да одморам 6-7 дена, до најубавиот замор кој ми следува потоа
Афродити Хотел, Геракини https://afroditibeach.com/ Местото е солидно, плажата од хотелот не е преку пат како обично, си има овоштарник со маслинки, самиот хотел си има ресторан за ручек и вечера. Мирно, тивко, баш ќе се одмориш. И плус, во гратчето си, имаш кај да се прошеташ и ресторанчиња и таверни.
Викендот од 10.06 до 12.06 сакаме да прошетаме до Грција здравје. Бараме сместување некаде блиску, да не тепаме многу пат за три дена само. Дали имате некој контакт можеби од Каликратија и реонот? Фала
Фанче ако не ти е тешко прати ми во лп слики од вилата, и колку е цена.. Маж запнал да одиме 3 ноќи, во јуни.. неа пори некако најблиску ни е
Ќе најдете и на лице место да одите. инаку пиши низ групите Одмор во Грција, секако ќе ти дадат. Јас имав ама кој знае каде се. Ич не сум марна за вакви работи.
На Букинг барам, ама некако доста скапо ми се чини, а ништо посебно не е смештајот. Пишав и во групата, засега ништо .. Синко е 3.5 години, страв ми е да одиме на незакажано.
Исто и јас, гледам на букинг, средина на јуни, 3 ноќи. Ептен ради ќере да одиме. Обожава вода. 150евра апартман со кујна.. катастрофа, богу иза леѓа, далеку од плажа..
Мора да имате на ум дека годинава поскап е смештајот во грција. Ти препорачувам и на Airbnb да провериш. Јас резервирав за викенд во Солун сеа и поскапо ми е него лани истото време
Jas vcera si rezervirav za nea flogita. Na fb Natasa Boukousovska. Vednas ce ti najde smestaj i preubav i poevtin. Zenzva ja otkriv na forumov neznam kaj bev do sega. Se utepav ovde po agenciive. Buking skapo mi e
Ја знам Наташа, ама лани бевме во Флогитс ние, и не ми се допадна ич. Колку и се цените овој период за ноќевање?
Незнам точно како беше. Од прилика за 7 ноќевања 45 до 50 евра. Нас ни дојде 340 и ни даде попуст 310. Се надевам дека ние добро ќе поминеме
Парга дефинитивно. Преубаво место, самото има некоја нота на романтично. Интересни улички за да шетате навечер со барчиња, кафичи,коктел барови, ресторанчиња. Плажата е убава, делумно мирно место. Исто така имате и бродчиња кои ќе ве шетаат наоколу или до плажите на другата страна.
Никити. Може и Метаморфози под услов да одите на околните плажи. Исто и Парадизо е супер, мирно, а сепак на 1км пешки од Неос Мармарас, за на вечер.
Крф ако забави и ноќен провод ви се приоритет, Кефалонија за природа, прекрасни плажи и симпатични селца покрај море, Лефкада за единствено сино море. Ако сте за остров пак, тогаш Тасос. Ако не, прв крак, Афитос, Калитеа, Пефкохори.