па очекувам да има кај да се прошета да се разгледа да има кај да седнеш навечер навечера и пред се сакам водата да е чиста, не барам барови да има туку некакви ресторани маркети, аптеки, за каде да се напиеш кафе, ручек, сепак не би било лошо и да има ноќен живот но сепак плажата и водата да е чиста.
Тогаш мислам дека Неа Потидеа веднаш можеш да ја тргнеш, повеќе е пензионерска. Од другиве три било која, слични се, каде ќе ти се погоди повеќе смештај/цена.
Ние бевме лани оваа година ќе одиме пак. Мене ми беше супер, плажа широка, вода топла, песок, за шетање има, таверни, слаткарници, два забавни паркови за деца... Има доста за шеткање. Е сега сите зборуваат за комарците, искрено ние 4ца, спиеме еден до еден, јас пред спиење се мачкам со крем против комарци, сабајле станувам јас касната, другите не. Бевме август месец не дека нема комарци ама ете шо знам како секаде. Има слободни плажи за да си поставиш чадор, има лежалки има се
Здраво..ако може да ми кажете во која била бевте и како сте задоволни од смештајот и општо од местото и ние сакаме да одиме таму
@nice-girl исто би ти пишала и мене Лефкада не ми беше нешто посебно. Е сега помеѓу Крф и Кефалонија разликата е што Крф е поживо острово. Кефалонија е помирна и обавезно до поубавите плажи ти треба превоз, Фискардо е поживо малку другиве места се мирни со прекрасни плажи натаму.
Здраво, не сум јас спомната, ама лани бев, така шо можам да ти помогнам. Јас бев сместена во Хотел Симеон и од душа би ти го препорачала. Предобар комплекс, неколку зградички со два базени. На вториот базен добар шанк за навечер пијачка или преку ден. Ресторанот ом е одличен, беше со Шведска маса и мн добар избор, секој ден различни работи, башка превкусно. Блиску е и до плажата, на 2 мин, буквално. Нема да згрешите
Кажете ми од искуство, Фурка, Сивири или Геракини за со детенце? Што е позитивно/негативно за овие три места? И дали некој бил конкретно во Џени, Корал блу и Белаџио?
Геракини нема ништо освен ресорти и хотели. Ептен мирно место. Плажата е ок, за морето не сум слушал/читал убаво, затоа и не сум бил, но знам дека тој дел на вториот крак нема убаво море. Најблиско поразвиено место и Лидл е Неа Мудања 15км, па Метаморфози и Никити на околу 20-25км. Предност е што хотелот е на сама плажа. Сивири е убаво место, мене ми се допадна. Повторно не е којзнае колку развиено, ама од овие три е најмногу, што мислам е блага предност за со дете. Плус Калитеа, Афитос и Полихроно како места со повеќе содржај ви се на макс. 20км., нешто подалеку Ханиоти и Пефкохори, до 30км. Предност е локацијата, многу добра позиција има и местото, а и хотелот ако не се лажам. Ако треба да бирам од овие три, Сивири би го избрал. Фурка е повторно мало место, подобро од Геракини според мене. Единствено што од Фурка доста често се жалат од морски ежиња, ма да сепак нив може секаде да ги има. Локацијата на првиот крак е нешто полоша од Сивири, 3-4км. подалеку од поразвиените места. Маана е локацијата на хотелот, доста е далеку од плажа, а и треба главен пат да се мине. Предност на сите е што имаат зајдисонце, значи подолг ден и преубав поглед Ако треба да сумирам: Сивири Фурка Геракини
Можеш да ми кажеш предлог хотел за сместување во Фурка и Сивири? За Белаџио го напиша тоа -доста е далеку од плажа/главен пат? Сега во друга тема ми одговорија дека и Џени бил далеку од плажа.. А овие како понуди ми одговараат. Можеби Јулија исто Фурка? И мислење за Неа Потидеа( Голден бич)? или Вурвуру (Диапорос)? Ако имаш предлог место и хотел за со дете плис кажи. Ако сакаш овде или во лп пиши. Извини ако гњавам и фала многу!
Не, не е никаков проблем. Белаџио е 500-600м. од плажа, Џени 300м. мислам, пак е до некаде поприфатливо. Знам дека се со пристапни цени овие хотели, за Џени би се согласил и на далечината, мислам дека вреди во однос на цената. Во Фурка и Сивири не сум бил сместен искрено, само на еднодневни излети, па не можам да ти помогнам . Знам дека имаше и таму наша жена што издава смештај, ќе ја најдеш по групиве некаде сигурно, ама немам искуство. За Голден Бич во Потидеа сум слушал многу лошо Неа Потидеа како место да, добро е, ама за со дете не би ризикувал да одам во Голден Бич. Вурвуру инаку нема ништо, како Геракини, но со мноогу подобра плажа, море и местоположба. За со кола е одлична база ако сакате да разгледате и други плажи, прекрасни има во близина. Хотелот Диапорос би требало да е во ред, на сама плажа е, само не сум сигурен каква е плажата пред него баш. Би ти препорачал во овој ценовен ранг некаде, а да се хотели, Koviou Holiday Village или Hotel Makednos на 3км. од Никити, Toroni Blue Sea ама исклучиво хотелско сместување таму, Theoxenia во Уранополис. Ефтини хотели има во Криопиги, ама не е за со дете освен ако не одите секој ден со кола на плажа, зашто хотелите се на 500м+ оддалечени од плажата. Xenios Dolphin во Посиди ако начекате некој попуст, исто и Alexander The Great Beach Hotel. На Никана би требало да најдеш и хотели со ок цена на Тасос, за локацијата ако ти се допадне нешто, пиши ќе разгледаме Имаше еден Aloe Hotel и Loutrou Beach Bungalows што ми се останати во сеќавање вака За апартмантско сместување, можеш да бараш на првиот крак речиси секаде, од Афитос па до Пефкохори, од другата страна Сивири и Посиди, на Ситонија за со дете Никити, Ормос Панагијас, Парадизо, Торони, па и Метаморфози. Третиот крак Олимпијада, хотел Германос (Ακρογιαλι) тука би требало да е поприфатлив, а можеби и Уранополис и Неа Рода (имаше еден апартхотел со полупансион и таму, не ми текнува името, го има на Никана ако е слободно). Врасна, Аспровалта не, Ставрос можеби, ама морето знае да си се замати таму
Искуство за во хотел Toroni Blue sea old wing** што го нудат преку савана за со мало детенце 2год? Имаат солидна понуда за полупансион
Old Wing пред 6 години беше блага катастрофа. Мислам дека нешто реновираа после тоа, ама не сум сигурен. Собите беа крш.
@Ahoy може ли да ми кажеш за Неа Плагиа, дали водата е чиста и бистра, какво е местото, гледам по сликите изгледа супер , се мислам и за неа Мудања и Флогита, каде е најдобро?
Флогита и Плагиа е исто, споено е и шеталиштето и плажата. Морето може да се каже дека е генерално чисто. Попладне некогаш знае да се замати, ама пак ништо неподносливо. Поотворено е, знае и бранови да има, иако не големи, па и тоа може да ја замати водата. Мудања нешто слично, не сум бил. Не е толку популарно туристичко место, но е најголемо населено место на Халкидики. Јас би ја избрал или Плагиа или Флогита, зависно каде повеќе ти одговара смештајот со условите.
Во главата ми е Ај те молам кажи нешто сега за Koviou Holiday Village во Никити? Плажата ми изгледа супер, ама друго не знам.. ова е селце? Камп? Во или надвор од Никити? И ако имаш твој предлог за убава плажа за со дете, солиден економичен хотел блиску до плажа, и мирно но не ептен пусто место, кажи! Ми пиша Сивири најдобра опција, такво нешто таму освен Jenny? Фала ти ептен!