Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Koviou плажата е една од најдобрите на вториот крак, рај вистински.

    Koviou Holiday Village е хотел, со голем базен. Хотелот е супер, обично најголем дел од собите се закупени од наши агенции, па и најчесто персоналот е македонски. Секако ова зависи од сезона до сезона. Кога бев јас постоеа и Paradise Studios, овие беа на 50-100м од хотелот, многу поефтини, а ги уживавме сите услуги на самиот хотел. Гледам сега ги има на Никана: https://nikana.gr/sr/smestaj/sitonija/nikiti/3855/koviou-paradise-studios, еве пример 01.07-08.07, 7 ноќи за 2 возрасни е 546€ со доручек и вечера. Храна имаше доста во однос на цената кога бевме и сосема коректна, вкусна. Јас лично немав ни една замерка :)

    Плажата е на некои 200-250м, се поминува под магистралниот пат и потоа цело време е практично под сенка до плажата, рамна патека.

    Иначе ова е на 5км од Никити, нема ништо освен хотелот, 2-3 други смештаи, од кои еден хотел на самата плажа, ама не сум бил таму, и самата плажа. Никити, Неос Мармарас и Метаморфози ви се блиску за шетање.

    Ова нека биде мојот предлог :)
    Плажава искрено, барем кога бев јас, беше една од порастеретените на Ситонија во однос на гужва, а е прекрасна.

    Друга препорака Toroni Blue Sea, ама новата зграда, гледано од плажата зградата десно. Преку Фибула гледам дека е 1138€ со доручек и вечера, исто 01.07-08.07. Меѓутоа најдобра понуда за овој хотел би извлекла ако директно пишеш на хотелот.

    И еве уште една препорака, Xenios Theoxenia во Уранополис. Тука од 01.08 7 ноќи би биле 954€ полупансион, 1160€ ол инклузив, за двајца.

    Исто би ти препорачал да и' пишеш на Анастазија Парушева за Олимпијада, ќе ти понуди сè што е слободно согласно твоите критериуми. А Олимпијада е рај за деца.

    Во Сивири друг хотел со прифатлива цена искрено немам да ти препорачам. Знам постоеше еден Калипсо, ама тој е далеку од плажа.
     
    На Вереничка и Maca Macka им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    35.680
    Пол:
    Женски
    @Ahoy Кога си веќе тука, да те прашам за Олимпијада? :D
    Резервиравме таму, па ме интересираат околните плажи, за кои слушнав дека се преубави, дали имаат простор за сопствен чадор/лежалка? И кои се најубави според тебе?
    Исто и за „градската„ плажа мислење?

    тнх
     
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Не сте погрешиле (highfive)

    Ајде прво со градската, плажата е супер. Не знам каде конкретно ќе бидете сместени, но секаде има простор за своја опрема, а лежалките никаде не се плаќаат, одат со пијачка, некаде дури ни тоа не мора :D Песок е, освен во викенд е малтене празна и е супер. Многу долго е плитко, некои 50м сигурно, а за пливање убаво и до 100м можеби треба пешачење. Водата е чиста, не се мати и е претопла, буквално како на бања.

    Од околните плажи, ајде по ред, Стагира е одма на некои 500м од местото, дива плажа, со ситни камењчиња, преубава. Тука водата е за нијанса поладна, ама баш пријатно поладна.

    Потоа е Амос плажата, таа е доста уредена, ама има и простор за сопствена опрема, само препорачувам на оваа одење претпладне и порано затоа што е најпозната и има гужва, па да си фатите и убаво место на плажата, и добро паркинг место. Ова е плажата со бел песок и море какво што не можам да опишам. Особено е убава кога е мирно морето, но тука знае да се има и журка на огромни бранови, затоа што е подлабока :D

    Потоа се Тотос и Балконаки, споени во една огромна плажа, има место за своја опрема, отворено море, искрено мене не ми се допаднаа колку другиве.

    Следна е Zougla :l:, мојата омилена. Цел ден само 5-6 чадори, а плажата долга. Морето е пречисто и најубаво за мене тука. Плитко, топло, со природни сенки цел ден. Ниту една слика не може да ја долови вистинската убавина таму.

    Последна е Бабилон плажата. Огромна! Има и бич бар, но и огромен дел за свои чадори. Плитко е, може да има бранови поради што е отворено, ама не се толку страшни зашто е плитко. Кога нема бранови е преубава.

    Сите овие се на <5км, Бабилон најдалечна на точно 5км од Олимпијада. Другите се сите пред неа.

    Прашувај што те интересира слободно :)
     
    На Вереничка, An-na и Maca Macka им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    76.536
    Пол:
    Женски
    Луѓе ајде помош малку за избор. Со 2 деца (4г и 8г), место со убава плажа со песок, а навечер да има нешто за шеткање, забава за деца итн. Неа Пори е такво, ама сме биле до сега, па мислев да смениме некое друго место... Нешто слично како таму :?:
     
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Прв крак Полихроно, Пефкохори, Калитеа само што е напорно за до плажа ако сте сместени горе (или за до центар ако сте сместени долу :D). Никити на вториот крак. Сарти со тоа што можни се огромни бранови па ќе треба да бркате други плажи.

    Може и Ставрос, со тоа што морето знае да се замати, а исто и Флогита/Плагија би ви биле добар избор.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tashy

    Tashy Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2022
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Колку се движат цените на лежалки сега? (поточно ме интересира Полихроно)
     
  7. Мис Стоун

    Мис Стоун Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    Здраво,ако можи да ми предложите место за пар со попристапни цени,со убава плажа (не многу гужви како во Калитеа,Пефкохори) и со местенца за шетање на вечер.Не сакаме многу забави,журкања, сакаме некое место каде што ќе се одмориме и ќе си поминеме убаво.
     
    На Tammsy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Никити, Сивири, Тасос, можеби Јерисос, Неа Рода и Уранополис, исто потенцијално, не сум бил ама претпоставувам дека се вклопува во критериумиве Афисос на Пилион и Едипсос и Пефки на Евија.
     
    На Мис Стоун му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    7.769
    Пол:
    Женски
    Се убаво од збор до збор кажено.
    Нас ете ни се погоди со многу бранови да е и не ги посетивме тие плажи, освен Амос плажата таму некако најмногу завет да беше и немаше големи бранови.
    Додека на бабилон немаше шанси да влезеш да се бајниш иако е плитко почетокот.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Да, имаш право. Лани на Бабилон фино се забавуваме на бранови, ама можеби не беа толку големи, не ни дуваше многу ветер. Пред некоја година на Амос немаше шанси да одиш во подлабокото, само да те маваат бранови на почеток :D

    За во вакви ситуации тука се градската, Стагира и Зугла :inlove: Лани баш чадори летаа од ветер еден ден, а на градската и Стагира мини бранчиња само :)
     
  11. Мис Стоун

    Мис Стоун Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    Фала ти многууу!! :D
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Фала многу! :hug: Алал да ти е :bow: Многу убаво објаснуваш, човек цел ден да чита. Ептен ми разјасни некои работи. Само уште нешто, подолу прочитав за Олимпијада, искрено пред некоја година кога не беше ни ковид ни криза имав пишано и добив понуди за 500- 600е само сместување :wasntme: Дали има таму некој хотел, сместување со опција храна? Не знам дали пак да си ја пробам среќата..
     
    На Maca Macka, Ahoy и IRBBB им се допаѓа ова.
  13. TinaPi

    TinaPi Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Бевме лани со другарки. Сместени бевме во Калитеа и бидејќи бевме со кола, прошетавме се, од Афитос до Полихроно.
    Афитос е пред Калитеа инаку. Поминавме на еден ден, бидејќи некоја од другарките прочитала позитивно мислење и препорака.

    Реално мене ама ич не ми се допадна. Збутано место, плажа како и да нема. Барем од плажите што ја видовме, ептен слабо.

    Незнам но очекував повеќе и од Калитеа. Ми ја споменуваа, ама бидејќи роднини мои имаат агенција, многу често бев одела на други дестинации на одмор, и некако ја бев пропуштила Калитеа се до лани.

    Незнам дали беше пандемија, и дали немаше странци, ама некако не ми остави впечаток баш Калитеа. Да ноќниот живот е супер, но лани кога бевме во диската ми се чини беа 99% само грци. И 90% од вечерите се свиреше грчка музика од која повеќето песни не ги ни знаеме.
    На пример во Шпанија, Италија и Франција кога сум била, не се свиреле само нивни песни, туку општо најполуларните тоа лето.

    А да. и Во диското Ми делуваше како само ние да сме од Македонија. Незнам дали пак би ја посетила. Можеби би и дала шанса на Калитеа за некоја година пак,
    Но искрено лани кога бевме, очекував повеќе од местото. И моја оценка е 7/10
     
  14. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.533
    Пол:
    Женски
    Планираме да одиме за Парга. Дали некој бил да кажи за цени и за плажите?
    Фалааа
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Ајде вака....имам еден проблем кој се однесува за мои пријатели. Тие сакаат да патуваат често и одат на организирани тури значи со автобус кој таму каде што се сместени организираат факултативни излети.Пример Босна, Австрија, Турција...
    Значи не сакаат да возат односно не патуваат со кола.За летување одеа стрикно Албанија дека е на 2 часа од Струга плажата во Голем и патот го знаат и за таму не им е проблем да возат. Имаат 2 деца 5 годишни.Навигација им предложив не сакаат се плашат од незнам кој причини.
    Сега сакаат да одат годинава Грција но таму таква тура најдоја за Крф се значи организирано. Но децата им се мали а додека стигнат таму има доста време.
    Дали може некаде поблиску некоја ваква опција, пример на краците, Флогита, Олимпијада?
     
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Има, неколку.

    Хотел Акрогиали на сама плажа знам дека е супер, лани на почеток на август за 7 ноќевања за 2 беше околу 900-1000€ полупансион, но да си бираш јадење од менито во ресторанот.

    Имаше и други хотели, не ми текнува на името. Можеш да си ја пробаш среќата :)

    Мене годинава Олимпијада ми испадна најефтина опција за она што го барам, исто и лани, затоа и повторно ќе одам таму :)

    Побарај си пак, иако веќе мислам е касно за во сезона :D
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.050
    Допаѓања:
    26.517
    Каде ќе се сместите? Парга е општо поскапа од другиот дел на Грција зошто одат многу од Западна Европа. Преубава е за шетање заедно со цел Јонски брег.
    Од плажи Лихнос и Валтос се големи и убави плажи, ама треба со кола до двате места. Лежалки се плаќаа 8е пред 3г сега сигурно повеќе. Градската плажа на Парга е мала и неубава.

    Има траект до паксос и антипаксос е антипаксос плажата е врв.
     
    На IRBBB и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Ако те сфатив точно, тие сакаат да патуваат со автобус до одредена дестинација каде што ќе бидат сместени, а потоа од таму да има организирани излети до други места, но веќе од тука, од агенцијата преку која одат?

    Да бидам искрен нашиве агенции освен за празниците, вакви понуди немаат. Одат на стандард принцип, аранжмани со 7/8, некаде и 9/10 ноќевања и организиран превоз до дестинацијата.

    Е сега, јас мислам дека би им било добра опција да отидат на некој ваков аранжман, посебно на Пиериа, пример Лептокарија или Паралија за полесно разбирање со српскиот јазик, таму сите знаат. Во секое грчко поразвиено туристичко место има локални туристички агенции кои организираат излети до различни места. Од Лептокарија и Паралија каде слободно може да си зборуваат на српски во ваквите агенции има еднодневни тури за Метеори, Солун, Света Гора, Скијатос, Халкидики и други места.

    Истово важи и за другите места на Халкидики.
     
    На lilo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Да така добро си сватил. Нема се на едно место. Ти благодарам
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.377
    Допаѓања:
    3.459
    Пол:
    Женски
    Повели што и одговорив на една членка на претходните страници. Градската плажа ви е најблиску и не е нешто нај нај, но не е ни лоша. Друга блиска опција ви е Валтос. Лесно се стига со кола, а и да немате кола не се секирајте затоа што има мали бродчиња што ве носат и ве зимаат, чинам на половина час како автобус малтене. Тргнуваат од градското пристаниште и беа неколку евра само (не се секавам на точната цена). Валтос ви е навистина преубава, голема, песочна плажа и за со деца и без одлична е. Од градското пристаниште тргнуваат и бродови чија тура ве шета на паксос и антипаксос островите, каде што имате време и за бањање и се. Ако нешто др те интересира, слободно пиши ми