Храната дали е прескапа или можи да се дозволи? Ние планираме да одиме со агенција со наш превоз, на веќе обезбеден смештај Плажите ги гледав преубави се, а дали може наш чадор да си поставиме? Ви благодарам на сите❤
Искрено верувам дека сега како и секаде е поскапено. Јас кога бев, 2019 година, цените во рестораните беа како и секаде, имаше за сечиј џеб. Секаде пред ресторанот има мени да си ѕирнеш. Имаше и поефтини и поскапи места. За чадор искрено не знам зошто сегде седнуваме на лежалка, бидејќи не носевме наш. А на градската плажа имаше место за чадор
Dajte predlog za smestuvanje vo hotel so dorucek i vecera za pristapni ceni na mesto so siten pesok i urbano mesto. Nesto kako nea kalikratia, olimpijada, flogita....
Женски колку е безбедно на прв крак за кола? Поточно Ханиоти? Смештајот нема свој приватен паркинг, па ме интересира колку е безбедно по улиците.
Планирам да одиме во Септември на одмор, па ме интересираат цените општо како се годинава, патарини, храна, лежалки?
Сум бил во Стомио и Платамона, сосема ок. Со оглед на тоа што не сум фан на кампување, мене овие два ми се допаднаа.
Од годинава, виолетовите медузи се повеќе се размножуваат и во Грција, како и низ целиот Медитеран. Ова се поопасни медузи, со болка која трае повеќе време и се потешко забележливи за време на пливањето, што е дополнителен проблем. Ова е актуелна мапа во моментов за локации на коишто се пријавени ваквите медузи во Грција: Во случај на убод, треба веднаш да се излезе од вода, местото на убодот постојано да се плакне со многу морска вода (не обична), да се исчисти местото исклучиво со кредитна картичка, не со рака, и потоа да се аплицира соодветна крема и лекови против болка.
Да ве прашам оние кои одат во апартмани а се најдени на нет на кој начин сте сигурни дека не се преваранти?!На пр најдов најдов две места освен ФБ страна немаат ништо ни рецензии,по некои 500 допаѓања на страната.Викаат уплатете капар 100 е во банка или преку вестерн а ќе добиете ваучер.Колку е ова сигурно?
Гледам коментари, ако ги има, пожелно е да ги има на нивните страни, независно дали позитивни или негативни. Потоа дали смештајот го има на Гугл Мапс, ако го нема одма се тргам. Важно е да побараш и искуства по фб групите од типот на На Одмор Во Грција, Grčka Info, Live from Greece, GRČKA- Grupa za turiste и др. српски групи.
Еве налетувам на два или три смештаи каде што нема никакви коментари за нив,ниту на мапа постојат,зар е возможно да има толку преваранти.Човек раат да неможе да си резервира.
Може, ги има, посебно во овие места што се меѓу Солун и првиот крак. Обично се наши или срби. Затоа препорачувам да си гледате на Никана.гр и ГрчкаИнфо вебсајтовите, приватни смештаи се, но имате гаранција и сигурност, плус многу позитивни искуства