Кравјото млеко е опкружено со доста контроверзии, дали да се дава, дали има потреба, кога да се даде... Да се дава ли на бебиња наместо ад, иако препораката е не, сепак некои мајки поради одредени причини го даваат. Гледам и на форумов често се провлекува прашањево, па еве тема да се споделат искуства. Јас не сум давала, на доење е уште, се мислам дали и потоа да дадам, или сепак нема потреба, доволни се само млечни производи. Какво ви е искуството со децата? Темава ќе стои во бебе бидејќи првенствено дилемата е таму, но добредојдени се и мислења за децата.
Јас со консултирање на педијатар, воведов кравјо после навршување на една годинка на синко. Лесно го прифати и сега за сега му е супер. Се двоумев помеѓу кравјо и козјо, ама сепак се одлучив за кравјо. Знам дека не е баш корисно, но такви се околностите. Сите знаеме дека од домашно поубаво нема, но кога немам крава ќе давам тетрапак Повеќе ќе гледам да го штитам од џанк фуд, пржено и мрсно, газирано.. Млекото и не ми е некоја страшна проблематика, со оглед на тоа дека и во болница ме поддржаа за одлуката..
моите не пијат млеко никакво.Млечни продукти давам ама млеко тетрапак не.Не гледам дека тоа негативно им делува така да така планирам и во иднина на продолжам.Млекото формира шлајм и слуз на плучата и лично не го сметаам воопшто за продукт од кој се има бенефит по здравјето.Башка за анемични деца не е ич препорачливо. калциум може да добива и преку други продукти
Мамички ме интересира Вашето мислење.Ние сме 16 месеци,пиеме ад млеко.Според Вас кое е најдобро млеко (домашно немам од каде да најдам) И уште едно прашање,како почнавте да давате,разредено или не? Ви благодарам
Алпи не е словенско, наше е, Алпско е словенско тоа во коцкастата опаковка. Збрегов кога беа со афлатоксините аферата беше на листата со најмногу загаденост.
алпско долгнавесто, а моментално Збрегов се најдобри тоа можам со глава да ти гарантирам иако немаѓ потреба од тоа нели
Јас би давала свежо млеко (секако прво варено), а не тетрапак. На Бучен Козјак ми е некако најблиску до домашното. Не е домашно, ама е стопати подобро од тетрапакот, т.е прашоците што се користат за тоа производство. Во план ми е тоа да го земам за да можам да давам за вечера гриз и палента, оти не се вкусни ако не се варени во млеко.
Ако веќе се дава кравјо, мене ми советуваа да дадам свежо (она што треба да се вари пред употреба) Тетрапак е премногу за цревата на детето за почеток.
Дома користиме Алпско, големата ќерка само тоа ми го прифати на свои година ипол, бидејќи до тогаш ја доев Малата истото го користи, неа до 10 мес ја доев, потоа на ад бевме до 13 месеци Пијат и двете, претежно бараат навечер пред спиење, но не инсостирам доколку некогаш не сакаат, бидејќи доволно внесуваат млечни производи.
Па еве сега сакам да почнам (иако од педијатар имав дозвола уште пред два месеци), пред две недели направи годинка. Не пие млеко никакво, само го дојам, ама јаде кисело млеко и несолена урда. Сакам само да го воведам за вечера, за млечните каши, за да имам повеќе избор, а за пиење нема да давам. Викендов ќе пробам со палента варена во млеко, да видам како ќе ја прифати. Ако не му се допаѓа, нема да форсирам. Има во Тинекс сигурно, сум гледала ваму кај што пазариме, ама не е во ќеси, во пластични шишиња е, слично како јогуртот.
Мојава млеко не пие никакво ретко ретко битолско ама ако и го подметнам. Гриз, бисквити и млеко и такви работи јаде со битолско ама кога бара млекце и давам АД. Има неполни 3 години и моментално сме на НАН 4. Не планирам да и го менувам се додека не го отпие сама.
Инаку јас зборев за фирма, не за кравјо. Збрегов има и козјо... не знам зашто овде се најде мислењето..
Па кравјо е најзастапено на пазарот и некако по автоматизам оди мислата накај него. Како што иде зима, нема да има козјо, а овчо е тешко за мали деца.
Јас дадов на 8 месеци. До 8 беше на АД. Откако ја однесов во градинка и ми рекоа дека несмеам шише од дома да оставам да ја хранат , а дополнително и храната што се служи таму е со кравјо млеко, отидов кај матичната да се советувам што да сторам. Како таа ми рече-така сторив (опција кога од најлошите варијанти ќе ја одбереш најдобрата за детето ) Во прво време варено, после роденденот (отприлика на 14 месеци) тетрапак почнав ( неможам да се сетам кое млеко беше), за на крај (до ден денес) да купувам тазе козјо млеко.Зимно време носат смрзнато козјо бидејќи летото неможат да го продаваа, немаат толкав пласман. Да едитирам....за среќа немаше никакви нус појави од кравјото млеко (како што знае да има интолеранција, дијареа, надразнување на цревата...).
Јас сум давала варено млеко мислам дека е подобро него трајното млеко ,а за козјо не сакаше ни да го проба .
Moeto e seuste na ad a vo hrana stavam tetrapak. Probav 3 do 4 pati da mu dadam da pie ne go saka. Pa koga ke prekineme so ad verojatno i nema da go pie se dodeka ne projavi sam zelba i sekako ne bi davala poveke od 300 do 400ml na den. Momentalno pie ad samo pred spienje po 180ml