Дали може домашно кравјо млеко стоено на собна температура да го ставам во термос? Имаме свадба викендов и стварно немам идеја како да му понесам млеко
Не знам дали ти е од претходно сварено млекото или прашуваш веднаш за после варење. Расипано млеко кога почнува да врие се формираат грутчиња урда. Барем до сега тој метод на проверка го имам користено.
Преку ноќ ми стои на собна температура во ѓезве, до сега не се расипало. Немам друг начин како да земам барем за едно пиење
Не треба да седи на собна температура повеќе од 2 часа, но ти си знаеш. Ако веќе го чуваш така и даваш, можеш да го транспортираш во термос.
Majki napravivme 1 god probavme so d.kravjo ima ispieno samo 70 ml poveke ne go sakaa ama icc sto da davam probano so malce neskvik pak nejki ve molam za sovet i kako vie go razredvate za pocetok ?
Во каши и воведов на 9 месеци затоа што тргна во градинка и таму кашите се со кравјо. Вака да пие не давам
Zdravo mami, Sinceto mi e 14,5 meseci, jademe bukvalno se osven med i seuste posebno mu pravime jadenje bez sol bez zacini, se trudime sto moze domasno odgleduvano ovosje i zelencuk. Od mecno mu davame domasno kiselo a pie jogurt na bucen kozjak. Pritoa seuste cicame turbo, koga sum vikendi doma cica pocesto, a preku rabotnata nedela sabajle pred da odam go dojdam, koga ke dojdam od rabota i navecer pred spienje. E sega sakam da probam domasno kravjo vareno mlekce, dali da pricekam posle odmorot, dali da mu dadam sega i kako da go vovedam, dali da go rastvaram i po kolku pati vo nedelata smeam da davam, sto bi me sovetuvale?
Мој совет: Кефир да правиш од него или кисело млеко. Млеко како млеко варено да не му даваш да пие. Јас кефир правам од обично тетра алпско словенско. Да имам домашно со тоа би правела.
Ако сакаш да му дадеш да проба млеко дај му да проба и толку. Преку млечните производи веќе си вовела млеко. Немаш потреба да го разредуваш и слично. Тоа се прави ако воопшто не е воведено млеко. Ако го прифати вкусот на млекото во ред, ако не пак во ред. Мојот до три години млеко не сакаше само јогурт пиеше, од 3 до 6 само млеко пиеше јогурт никако, сега на 7 години веќе ги меша и двете во зависност од јадењето. Само кога ќе пие млеко гледај целиот внес на млечни производи да е помеѓу 350 и 500 милилитри на ден (да не пие премногу). Чаша млеко и чаша јогурт се третираат исто нутритивно, околу 30 грама млекни преработки (утрда, сирењиња) заменуваат 100-150 милилитри млеко. После година веќе може да јаде се што јадете и вие со помалку зачини нема потреба да се готви посебно за него.
Во градинка им давале млеко и бисквити за појадок и сега ме интересира како да и воведам млеко тетрапак? Како се воведува? И какво да купам? Не планирам да и давам да пие ама штом и даваат во градинка каши со такво млеко треба да и воведам. Бебе е 12 месеци.
Не, само еден ден и не го разредував. Кашичка со бисквити од 5-6 лажички направив и толку. 8 месеци имаше мојава. Генерално деца кои конзумираат млечни производи немаат проблем и со обично млеко, ама ајде да помине редот. После си продолжив со АД до 2 год и 3 месеци. Сега веќе не пие никакво млеко, само ферментирани млечни производи, а во градинка си тера стандард.
Дали давате кравјо млеко дома со бисквити на бебиња под 1 год? Јас давам бучен козјак јогурт,грчки јогурт и козјо кисело млеко, а тетрапак млеко немам дадено во каши. Бебе цица, и јаде, има 10.5 месеци.
Здраво мајки малата е година и 5 месеци, ние кога направи годинка пробавме со кравјо домашно го нејкеше пробавме со алпско и него мн мн не го пииеше е сега преку ден се си јади ама ноќе се случва да се напие 2 до 3 пати адаптирано. Прашањето ми е дали да дадам пак кравјо млеко и од кое и по колку за почеток бидејќи си мислам дека адд дека не ја најадва а преку денот пие само еднаш, а имаме и денови кога од мн јадења само што ке ги види се гнаси и не јади поз